Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 11:24 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Blog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
музика [1]
текстови [2]
фотографии [2]
филмови [5]
разно [12]
теми [4]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » November » 10 » Густав Влахов
    6:36 AM
    Густав Влахов
    Густав Влахов

    – "На 19-годишна возраст Димитар Влахов веќе беше активен член на Македонската револуционерна организација. Уште од самиот почеток на својата револуционерна дејност тој сметаше „оти македонското движење не е ниту бугарско, нити грчко, нити српско и дека Македонија е земја што заслужува да биде една одделна единка, чиј народ е посебен народ во смисла на тие на соседните балкански земји, дека тој има своја историја, своја култура, своја непрекината во текот на десетици години револуционерна дејност за ослободување и дека тој народ има свој голем придонес во делото на општословенската култура" (Од уште необјавените мемоари на Д. Влахов; I дел, стр. 8.).”

    Густав Влахов (Истанбул, 18 септември 1912 - Белград, 16 јануари 1991), македонски револуционер, политичaр, дипломат и носител на „Партизанска споменица 1941".
    Густав Влахов е син на македонскиот револуционер Димитар Влахов, кој имаше големо влијание Густав рано да се вклучи во револуционерното движење. Член е на КПЈ од 1933 година. Во текот на Втората светска војна Густав Влахов учествува во редовите на Црвената армија при одбраната на Москва, вршејќи разни одговорни воени должности.
    По ослободувањето врши одговорни должности во Македонија и во федералните органи на СФРЈ. Југословенски амбасадор е во Пакистан од 1957 до 1961 година, во Костарика од 1959 до 1964 година, во Мексико од 1961 до 1966 година, кога бил акредитиран и во Хондурас 1962-1965 година и во Панама 1963-1969 година, како и во Австрија 1973-1977 година.
    ---

    Извадоци од биографската книга "Спомени за мојот татко” на Густав Влахов

    – Бугарскиот дворец и сите партии во Бугарија, како и еден дел од Македонците, главно од поситуираните слоеви, паролата "автономија на Македонија” гледаа само етапа во обидот за приклучување на Македонија кон Бугарија, додека прогресивниот дел на Македонците во тоа гледаше создавање една посебна политичка единица, одвоена држава во сојуз со другите држави на Балканот, тоест создавање самостојна држава во рамките на балканска федерација.
    Во текот на целата своја политичка и општествена активност Димитар Влахов 6 остана верен на таа цел. Доследен во борбата против големобугарските, големосрпските и големогрчките аспирации, тој беше длабоко уверен дека само револуцијата и социјализмот можат на македонскиот народ да му донесат слобода, обединување и независност и чесно суверено место меѓу балканските народи. Затоа, во неговата натамошна работа тој ќе води бескомпромисна борба против сите оние што имаа илузии и сметаа дека ослободувањето на Македонија може да дојде само од страна на Бугарија и нејзината армија.
    …Целиот свој живот Димитар Влахов и го посвети на борбата како за ослободување и обединување на Македонија во една политичка целост, така и за признавање на нејзиниот народ за посебен народ.
    …Балканскиот секретаријат на Извршниот комитет ка комунистичката интернационала требаше да го разработи прашањето за формирањето на македонската нација и да подготви соодветна резолуција (На седницата присуствуваше и другарот Родољуб Чолаковиќ). Таа задача ја доби еден член на Секретаријатот, Полјак по народност, кој не знаеше многу за македонското прашање, па му се обрна на Д. Влахов да му помогне и така беше изработена предлог – резолуцијa (Резолуцијата е печатена во „Македонско дело" во 1934 г.). И во годините по започнувањето на Втората светска војна Д. Влахов неуморно ќе се ангажира за доброто на својот народ и татковината. Bо 1941 година по агресијата на Хитлерова Германија врз Советскиот Сојуз, како претставник на македонскиот народ тој држи говор на Првиот сесловенски митинг во Москва и развива голема активност, како во самиот Сесловенски комитет, така и во разни списанија.
    „Јас ја истакнувам големата заслуга на другарот Тито и неговите блиски соработници за македонското ослободително движење, давајќи им ја целата своја поткрепа, т. е. поткрепата во секој однос за да може македонскиот народ да го извојува своето ослободување и својот национален суверенитет и независност и да може, во сојуз со другите народи на Југославија, да ја образува моќната Федеративна Народна Република Југославија со која и ние Македонците се гордееме не помалку од другите народи на таа Република" — запиша во своите мемоари Д. Влахов.
    Од самиот почеток на борбата против фашистичка Германија и нејзините трабанти - Италија, Унгарија, Бугарија и други, што ја имаа окупирано Југославија, Димитар Влахов пламено на нему својствен начин ги даде сите свои сили за победата на прогресивните сили, за победата на Народно – ослободителната борба, за победата на револуцијата за ослободување на Македонија.
    Тој беше еден од ретките македонски револуционери на старата генерација, од генерацијата на BMPO и на Гоце Делчев, кој ја имаше таа среќа да го доживее ослободувањето и независното суверено постоење на својата татковина и да работи за нејзиниот напредок и процут, уверен дека постоењето на Социјалистичка Република Македонија во рамките на Социјалистичка Федеративна Република Југославија е оној фар, онаа светлина што ќе придонесе исцело да се остварат идеалите на стотици и стотици илјади Македонци што ги дадоа свои
    Photo: Густав Влахов

–
    Category: разно | Views: 452 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024