Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 8:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Големото чудо на Мајката Божја во Сирија Преземено од "Вистината ќе ве ослободи" - 15 август 2012
    2013-08-29, 2:12 AM
    Големото чудо на Мајката Божја во Сирија
    Преземено од "Вистината ќе ве ослободи"

    Декември 2004 година, Саудио-арабиец, муслиман, се појави пред неколку новинарски агенции, за да ја раскаже следнава неверојатна приказна:
    Пред неколку години овој човек се оженил со многу богата муслиманка, но неплодна. Неговите родители го советувале да се ожени со друга жена (бидејќи локалниот закон дозволувал четири брака). Иако изморен од сè, загрижен и скршен тој не го прифатил родителскиот совет, туку со својата жена, отпатувал на одмор во Сирија, и таму разбрал за манастирот „Владичица на христијаните" во Сајданај. На возачот кој исто така бил муслиман, и кој им кажал за чудата од манастирот, му ветиле: „Ако добиеме дете, ќе се вратиме овде и ќе ти дадеме тебе 20.000 долари, а на манастирот 80.000 долари.

    Тие отишле во манастирот и направиле како што им било кажано. Подоцна, се вратиле во својата татковина и по некое време, жената останала бремена. Неколку месеци подоцна таа родила прекрасно момче. Тоа е вистинско чудо на нашата Владичица Богородица!

    Набрзо, бидејќи неговата сопруга се породила, Саудио-арабиецот се вратил во Сирија за да го исполни ветувањето. По неговото доаѓање тој му се јавил на истиот возач и го замолил да се најдат на аеродромот во Дамаск. Но, возачот, лукав и расипан, убедил двајца свои пријатели да дојдат со него на аеродромот, да го пречекаат богатиот Саудио-арабиец, да му ги земат парите и да го убијат. Додека го возеле, не знаејќи дека планираат да го убијат, им ветил на пријателите на возачот дека ќе им даде по 10.000 долари. Тие незадоволни од тоа, свртеле од патот кој води до манастирот, отишле на едно пусто место и го убиле Саудио-арабиецот, му ја отсекле главата и ги исекле на парчиња останатите делови од телото (раце и нозе). Заслепени од страв и совладани од ужасниот чин, кој штотуку го извршиле, тие ги ставиле неговите телесни остатоци во багажникот на автомобилот, плашејќи се да ги остават таму. Откако ги зеле неговите пари, часовник, и сè што имал, тие барале уште поосамено место за да го фрлат телото.

    На главниот пат, среде патување, нивниот автомобил се изгасил. Тројцата мажи излегле да утврдат зошто се изгаснал моторот. Еден поминувач застанал да им помогне, но тие, уплашени да не се открие нивното страшно злосторство, се направиле дека не им треба никаква помош. Поминувачот заминувајќи забележал дека капе крв на задната страна од автомобилот и повикал полиција да провери бидејќи целата таа ситуација, со тројцата мажи, му изгледала многу сомнително.

    Пристигнала полицијата и видела крв под автомобилот на патот, и им наредила да го отворат багажникот. Кога го отвориле багажникот, што ќе видат: Саудио-арабиецот излегол надвор, повеќе од очигледно и чудесно, жив и полн со сила и им рекол: „Токму сега, ПРЕСВЕТАТА заврши со шиењето на мојот врат, овде десно (покажувајќи им го местото на своето Адамово јаболко), откако претходно заврши со останатите делови од телото".

    Гледајќи го ова, тројцата криминалци веднаш го изгубиле разумот – полуделе. Полицајците ги привеле, а криминалците почнале да пелтечат како е можно Саудио-арабиецот, кого што го убиле, му ја отсекле главата, повторно да биде жив.

    Саудио-арабиецот дошол на клиника да ги помине испитувањата на лекарите, кои потврдиле и посведочиле дека шевовите кои биле направени се многу совршени и нови, па тоа го потврдило чудесниот настан. Шевовите биле, а и уште се видливи!

    Кога Саудио-арабиецот излегол од багажникот тој се видел себеси буквално, повторно составен, и тој непрестајно го тврди и исповеда тоа – дека ПРЕСВЕТАТА го вратила неговото тело и го воскреснала со помош на Нејзиниот Син.

    Веднаш потоа, ги повикал своите роднини да дојдат во Сирија, и тие отишле заедно во манастирот „Пресвета Сајданајска" и принеле молитви, пофалби и славословија, и наместо првичниот дар од 80.000 долари (како што ветил), сега дал 800.000 долари на Пресвета Богородица.

    Денес, кога овој човек зборува во детали за ова огромно чудо, тој ја почнува својата приказна со зборовите: „Кога бев муслиман, ми се случи ова…" што покажува дека тој веќе не е муслиман, ниту било кој во неговото семејство.

    Ова чудо го вчудовиди целиот арапско-муслимански свет и целиот Близок Исток.

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 344 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024