Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 11:09 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    ПРАВОСЛАВНОТО ПОЧИТУВАЊЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА (2 дел) август 24-2012 год. (преземено од Slovo Bozjo)
    2013-08-29, 2:26 AM
    ПРАВОСЛАВНОТО ПОЧИТУВАЊЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА 
    (2 дел)

    Целосно посветувајќи му се на Бога, иако од себе ја оттурнувала склоноста кон гревот, Дева Марија посилно од другите ја чувствувала слабоста на човечката природа и постојано копнеела да дојде Спасителот. Во своето смирение таа сметала дека е недостојна да и биде дури и слугинка на онаа Дева што требало Него да го роди. За да не може ништо да ја отргне од молитвата и внимавањето врз себеси и за да може целиот свој живот да му го посвети на Бога, Марија дала завет на безбрачност. 
    Кога нејзините години веќе не и дозволувале да остане во храмот, му била ветена на старецот Јосиф и почнала да живее во неговиот дом во Назарет. Таму се удостоила со посетата на архангелот Гаврил, кој и благовестил дека ќе го роди Севишниот: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!
    Благословена си ти меѓу жените!... Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји” (Лука 1: 28-35).
    Смирено и покорно ја примила Марија ангелската благовест. „И тогаш, Словото, како што му е само нему познато – слегло, и како што самото посакало – се придвижило, влегло во Марија и се вселило во неа”. И како што молњата го осветлува скриеното, така и Христос го чисти скриеното во природата. Тој ја исчистил Дева, а потоа се родил, покажувајќи дека онаму каде што е Христос, чистотата се пројавува во сета своја силина, тој ја исчистил Дева подготвувајќи ја со Светиот Дух, а потоа утробата која станала чиста, го зачнала. Ја исчистил тој Дева и покрај нејзината непорочност, и затоа таа и по раѓањето останала Дева. Не велам дека Марија станала бесмртна, туку дека озарувана од благодатта, не се вознемирувала со грешни посакувања. Во неа се вселила светлината, која го исчистила нејзиниот ум, ги направила чисти нејзините помисли и целомудрени нејзините надевања, осветлувајќи го така нејзиното девство. 
    Чистата според човечкото поимање, тој ја направил благодатно чиста. Марија никому не му кажала за јавувањето на ангелот, но ангелот самиот на Јосиф му јавил за чудесното зачнување на Марија од Светиот Дух, а по Христовото раѓање, со мноштво небесни воинства тој им ја соопштил благовеста и на пастирите. Пастирите, доаѓајќи да му се поклонат на Новородениот, рекле дека веќе слушнале за него. Претходно молчејќи заради претпазливост, Марија сега молчела уште повеќе, „редејќи ги во срцето свое” зборовите за големината на својот Син. 
    По четириесет дена, ја ислушала пофалната молитва на Симеон и претскажувањето за оружјето што ќе и ја прободе душата. Потоа го гледала Христос како преуспева во својата премудрост, го слушала како на дванаесет години поучува во храмот и сето тоа го „чувала во своето срце”. Иако благодатна, таа сè уште не разбирала сосема во што се состои служењето и големината на нејзиниот Син. Еврејските поимања за месијата и биле сè уште блиски, а природните чувства ја принудувале да се грижи за него, да го чува од прекумерни, како што неа и се чинеле, напори и опасности. Оттаму, таа, не сакајќи, на почетокот му застанувала на патот на својот Син, што предизвикало тој да и укаже на предноста на духовното родство над телесното. 
    Се грижел Тој и за честа на својата мајка, но многу повеќе се грижел за нејзиното душевно спасение и за доброто на луѓето, заради што и се облекол во плот. Марија го разбирала сето тоа и „го чувала”. Како ниту еден човек, таа се здобила со истите оние помисли што ги имал и Христос, тогаш кога без роптање ја поднесувала мајчинската болка, гледајќи го својот Син прогонуван и во страдања. Израдувана во денот на неговото воскреснување, таа во денот на педесетница се облекла со сила одозгора. Светиот Дух што слегол врз неа ја научил „на сè” и „ја упатил во секоја вистина”. Просветена, таа уште поревносно започнала да се труди да го исполнува она што го слушала од нејзиниот Син и Искупител, за да појде кај него и да биде со него.
    Крајот на животот на Пресвета Богородица на земјата бил почеток на нејзиното величие. „Преукрасена со божествена слава”, таа стои и ќе стои во денот на страшниот суд и во идниот век, од десната страна на престолот на нејзиниот Син и ќе царува заедно со него. Таа има смелост пред него, бидејќи е Негова мајка според плотта и е истомислена со него според духот, а и бидејќи ја исполнила волјата Божја и другите на неа ги научила. Исполнета со обилна љубов и милосрдие, таа љубовта кон својот Син и Бог ја пројавува преку љубовта кон човечкиот род, се застапува за него пред милостивиот, и обиколувајќи ја земјата им помага на луѓето.
    Поднесувајќи ги сите тегоби на животот на земјата, застапничката на христијанскиот род ја гледа секоја солза, го слуша секое ридање и секоја молба што е кон неа упатена. Нејзе и се особено блиски оние што се трудат во борбата со страстите и што равнуваат по богоугодниот живот. Но таа е незаменлива помошничка и во секојдневните животни грижи. „На сите нажалени си им радост, на сите навредени застапничка, на гладните хранителка, на оние што
    странствуваат утеха, на оние што се во бура – пристаниште, на болните посетителка, на немоќните покров и застапничка, жезол си на староста, пречиста, ти си му мајка на вишниот Бог”. Надеж си, застапништво и прибежиште на христијаните, во „молитвите си незаспивлива Богородице”, „постојано го спасуваш светот со твоите непрестани молитви”, „дење и ноќе се молиш за нас и скиптрите на царствата се зацврстуваат со твоите молитви”.
    Не постои ум, ниту постојат зборови со кои може да се изрази големината на онаа, која е родена во грешниот човечки род, а која станала почесна од херувимите и пославна од серафимите. Неискажливи Божји и божествени тајни!
    "Гледајќи во Дева благодат појавена и јавно извршена, се радувам и не знам на кој начин да го разберам тоа, зашто е чуден и неискажлив тој. Како тоа чиста и единствена да се јави таа, покрај сета видлива и разбирлива твар. Затоа, сакајќи да ја пофалам неа, крајно сум исплашен и во умот и во зборот, но, сепак, се осмелувам, проповедам и ја величам: таа е небесно живеалиште”.
    „Сите јазици се во недоумица да те пофалат добро и според достоинството. Избезумен е и умот кога ти пее Богородице, но бидејќи си добра спрема созданијата, прими ја нашата вера, зашто ја знаеш љубовта наша. О божествена, ти си им застапничка на христијаните. Тебе те величаме”.

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 481 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024