Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 4:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Saudade: португальская меланхолия 27 июня, 2012 • Игумен Арсений (Соколов)
    2013-08-20, 9:13 PM

    Saudade: португальская меланхолия

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 441 | Downloads: 0 | Comments: 2 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 2
    2 Вељанко  
    0
    Омилената зимна разонода на современите Лисабонци е - со кола да стигнатдо високото стрмно крајбрежје, некаде под Ојраш, и не излегувајќи од колата, со 
    часови да гледаат низ предното стакло во океанската далечина. 
    Територијалната диференцијација помеѓу бившите португалски колонии ималата метропола е огромна, најголема во историјата на светот. Ова е главната 
    причина зошто пред неколку поколенија земјата опустела. 
    Во периодот од XVII до XIX век цели семејни кланови на граѓани иселани се упатувале засекогаш “зад морето“, во потрага по подобра судбина се 
    упатувале кон островите, и подалеку - во Бразил, во Ангола, во Мозамбик, во 
    Гвинеја, и уште подалеку, веќе сосем далеку - во Гоа, во Макао, во Источен 
    Тимор.
     
    Тоа се одразило и на економскиот развој на земјата, реткото население коеповеќе не можело да ја стаса Европа. Оттогаш, од XIX-отвек, и се влече Португалија на европската опашка. 
    Емиграциониот импулс и ден денес не е згаснат, по загубата настранските земји: пет милиони Португалци (една третина од населението) како и 
    порано претполагаат да живеат подалеку од татковината - во Франција, во 
    Швајцарија, во Венецуела. Во малечкиот Луксембург секој четврти човек е - 
    Португалец. Има неколку португалски наслеби (доселеници од Азурните острови) во 
    Канада и САД. 
    Нешто слично денес се случува и со Ерменците и со Молдавците, 
    кои ги напуштаат своите родни земји. Само ним не им требаат бродови и пловење 
    по океанот, им треба само да им фрлат некоја пара на алчните бирократи, да 
    добијат виза - и за пет часа веќе ги грее умилното иберско сонце, ги полнат 
    торбите со производите од супермаркетите, на душата им е весело и лесно: пред 
    нив е - новиот капиталистички живот. А горчината на разочарувањето не ќе се 
    појави веднаш, ниту кај сите. 
    Главната емигрантска потешкотија е - да се надмине културниот шок, но дасе надмине на начин на кој инкултурацијата нема да стане асимилација, внуците 
    нема да станат “Иван, кој не си го помни родот“. Овде не е грев да се послужиме 
    со опитот на Португалците. 
    Поминувајќи низ океаните, населувајќи се трајно зад огромните океанскипространства, тие не го заборавиле својот род, во тие далечини го сочувале 
    својот јазик, патријархалниот семеен начин на живеење. 
    А главно е, тие не само што останале верни чеда на Католичката Црква, ноим ја донеле и нетлената светлина на Евангелието на староседелците - 
    Индијанците во Бразил, Африканците, Тиморците. 
    А ние, Словените, Молдавците, Грузијците, кои не сме овде без Промисла, ќебидеме ли способни за таков духовен труд? Ќе ја видат ли преку нас 
    Португалците, светлината на Православието, својата нова добра надеж? 
    Секој народ има свој карактер, свои национални црти, своја поезија наживотот. Меланхоличните Португалци не личат на нас, и воопшто на никого не 
    личат. Во таа своја несличност тие и ни се интересни.

    1 Вељанко  
    0
    Игуман Арсениј (Соколов)
    Saudade: Меланхолијата на Португалија

    Каква е таа, Португалија? Го отвораш ноќе прозорецот за да сесретнеш со солените океански бликнувања, вдишуваш од воздухот наситен со јод и
    мирис на алги, го слушаш шумот на заплискувањата, се загледуваш во треперливите
    светкања на огновите од рибарските бродови - и сфаќаш дека си се нашол на
    самиот крај на населеното копно, таму “каде завршува земјата и започнува
    морето“ (Камоенс).
    Да живееш на крајбрежјето на океанот - воопшто не е исто со тоа да живеешна крајбрежјето на морето. Жителот на Левант и Андалузија секогаш знаел дека
    крајбрежјето на морето не е баш толку далеку. Секој ден бродовите се упатувале
    кон спротивните крајбрежија - во Италија, Северна Африка, на Блискиот Исток -
    но брзо и се враќале натоварени со стока или со воен плен. 
    Морепловците го знаеле Средоземното море на прсти, тоа им било роден дом,каде се им е познато и вообичаено.
    Океанот е - нешто сосем друго. Него не можеш да го измериш, не го гледашспротивното крајбрежје. Кој ќе се осмели да се упати таму каде што сонцето се
    нурнува во морската длабочина? Дури и рибарите не смеат да го изгубат од
    видикот родното крајбрежје: ќе се смени ветерот, ќе наиде бура, ќе те однесе
    далеку-далеку на запад, каде повеќе нема крајбрежија, каде пенливата бездна го
    проголтува и гасне запаленото светило.
    Морето може да биде твој сојузник и помошник, океанот - никогаш. Бидизадоволен со тоа што на крајбрежјето заплискуваат океанските бранови, лови ја
    рибата близу до крајбрежјето, не осмелувај се да го губиш копното од видик, не
    играј се со океанот: однесен далеку на запад, ти никогаш нема да се вратиш.
    Зарем тоа не е причината поради која толку се разликувааткарактерот и обичајите на двата соседни народи, Португалците и Шпанците? На
    спокојните, тивки, не многу “исплашени (морално обесхрабрени)“ Португалци им
    изгледа невоспитана упадливата емоционалност на Шпанците. Од друга страна на
    Шпанците им е несфатливо потеклото на постојаното спокојство и тивката тага во
    замислените очи на Португалците.
    Душевниот јад на андалузиското фламенко, придружено од впечатливите инецеломудрени игри, толку е различен од меланхоличното, понекогаш скрбно и
    неритмично фаду. Тоа е скрб по оние кои засекогаш исчезнале зад хоризонтот, кои
    повеќе никогаш нема да се вратат на родното крајбрежје. Фаду е -
    најкарактеристичниот израз на состојбата, која се нарекува со непреведливито
    збор saudade.
    За тоа како природниот предел се одразува на карактерот и емоционалностана неговите жители, многу пишувал рускиот историчар, автор на теоријата на
    пасионираност, Лев Гумилев (“Русија и Големата Степа“, “Откривањето на
    Хазарија“, “Етносфера“). Ако неговите заклучоци се точни, сфатливо е зошто
    Португалците се толку спокојни.
    Нив ги смирува и успокојува неопфатниот, толку близок - и толкунесовладлив - океан. Еден од моите италијански другари, монах од Пемонт, кога
    прв пат ја посети Португалија, сосем точно го определи настроението на Лисабон:
    “Каков меланхоличен град!“
    Во XV век грандиозната бездна, сепак, ги намамилаПортугалците. Нивните бродови исчезнале зад хоризонтот, се предале на
    океанските бранови со надеж - можеби дека постои крај на таа вселенска бездна?
    Дотогаш ненаселените архипелази - Азори, Мајдера, Островот на Зелениот ’Рт, Сан
    Томе и Принсипи - благодарение на нивната храброст биле населени.

    Индија и Кина не биле веќе толку далеку како порано, на Васко де Гама мутребало само да го заобиколи ’ртот Добра Надеж. Уште поблиску од Индија се
    покажало дека е Бразил. Потоа географските карти се украсиле со имињата на
    важните протоци на Магелан и Торес.
    Но saudade засекогаш останала најкарактерна црта напортугалската емоционалност. Тоа е фонот на сите нивни емоции.

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024