Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 5:45 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Патот на „Црешовото топче“
    2013-08-22, 4:38 AM

    Патот на „Црешовото топче"



    4/27 јули 2012 л. Г.

    01.jpgТрадиционално и оваа година, во свештената Бигорска обител достоинствено беше одбележан споменот за легендарното „Црешово топче", симболот на борбата на нашиот народ за слобода. Група млади родољубиви луѓе, организирани од зрдужението „Патот на Црешовото топче" од Гостивар, облечени во комитски носии, дојаваа синоќа во Бигорскиот манастир, каде некогаш од страна на монасите биле изработени неколку црешови топчиња за Илинденското востание. Утрово, комитите најпрво пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело – онаа иста заклетва што некогаш морале да ја положат сите членови на Македонската револуционерна органзација. Потоа борците се упатија кон храмот на св. Јован Крстител, каде од нашиот старец, архимандрит Партениј, и отците јеромонаси, со молитва беа благословени во нивниот подвиг, полн со љубов кон Бога и татковината, и со светло сеќавање за нашите пожртвувани, богољубиви предци. Благословувајќи го нивниот пат кон славното Крушево, старецот им се обрати на комитите со следниве зборови:

    „Нека ви е честито и од Бога благословено патувањето за нашето славно Крушево, и нека споменот за тоа Крушево и востанието остане засекогаш силно врежан во нашите срца! Секогаш добро да се сеќаваме на сето она што го направиле нашите богољубиви предци за слобода на нашата татковина, а вредностите што со многу труд тие ги постигнале, положувајќи ги дури и своите животи за ближните и татковината, верно да ги чуваме и да ги пренесеме на нашите идни поколенија. Да сте благословени и нека ни е честит големиот празник што ни доаѓа". Амин!


    02.jpg03.jpg
    04.jpg05.jpg
    06.jpg07.jpg
    08.jpg09.jpg
    10.jpg11.jpg
    12.jpg
    Извор: "Бигорски манастир"

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 261 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024