Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 6:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Руската академија подготвува студија за село Јанче
    2013-08-22, 4:46 AM

    Руската академија подготвува студија за село Јанче

     
    Јули 2012
     

    Петчлен тим ги истражува јазикот, обичаите, верските празници, народните носии и инструменти во долнореканскиот крај

    Киро Кипроски

     

    Петчлен тим на Руската академија на науките и уметностите престојува во научно-истражувачка работа во долнореканското село Јанче. Целта на проектот е проучување на дијалектната диференцијација во Западна Македонија, поточно за општата јазична диференцијација во селото Јанче, кое обилува со јазици, вери, адети, обичаи и изворни песни. Соболев Андреа Николаевич, редовен професор на Катедрата за генерална лингвистика на Државниот универзитет на Петербург, Руска Федерација, и научен соработник во Руската академија на науките и уметностите, го предводи петчлениот тим кој претстојува во долнореканскиот крај.

    „Се одлучивме да го проучуваме јазичниот дијалект со кој се служи населението во село Јанче, кое досега монографски не е проучувано. За етногенезата на населението нема ниту една книга или научен труд. Академикот Божидар Видоески го има проучувано дијалектот на селата на Долна Река, за Жировница, Ростуше, Велебрдо и за другите, а за Јанче нема", вели Николаевич.

    За десетина дена планираат да ги завршат теренските активности. Членовите на тимот одделно ги анкетираат сите жители – Македонци со православна христијанска вера и Македонци со муслиманска вера, а го говорат македонски јазик. „Родителите ги прашуваме за обичаите, адетите, амајлиите, за одбележувањето на верските празници, за обредните, изворните и народните песни, ората, народните инструменти, за носијата карактеристична за оваа населба, како и за архитектурата. Со други зборови, ќе се обидеме да направиме рентгенска слика за Јанче", вели професорот.

    По завршувањето на теренските активности, Николаевич ќе продолжи со истражувањата. За две-три години, како што нагласи тој, резултатите од истражувањето ќе бидат публикувани во книга, која ќе биде прва за село Јанче.

    Професорот Николаевич од 1988 година, кога првпат присуствувал на Семинарот за македонски јазик, е постојано присутен во Македонија и учествувал на повеќе семинари, научни средби, добро го познава и го говори македонскиот јазик, ја познава историјата на македонскиот народ, културното и духовно богатство.

    „Македонија е Швајцарија на Балканот. Населението е со швајцарски капацитет, способни за работа, работат со душа, со многу дух и чесност. Посебно е значајно што Македонија не само што е извонредно подрачје богато со култура, во секојдневието се употребуваат многу јазици и дијалекти, а тие се заштитени со Закон, што не е случај во многу држави кои имаат повеќедецениска демократска традиција", потенцира на крајот на разговорот професорот Николаевич.

    Извор: Утрински Весник, Денешен Весник

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 246 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024