Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 2:40 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  October 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » October » 3 » Миланскиот едик “не важи” за МПЦ-ОА
    3:56 PM
    Миланскиот едик “не важи” за МПЦ-ОА

    Миланскиот едик “не важи” за МПЦ-ОА

    Делегација на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија нема да има на централната прослава на 1700 години од Миланскиот едикт во Ниш. СПЦ не испратила покана до Архиепископијата во Скопје.

     
     
    Од утре до 9 октомври Србија ќе биде центар на православието. На исто место ќе бидат Првиот по хиерархија, Вселенскиот Партијарх Вартоломеј и Патријархот на најбројната и најмоќна православна црква и најмоќната, Руската, Партијархот Кирил. Нивната заедничка посета и присуство на 1700 годишнината од миланскиот едикт има огромно значење за православието, особено поради фактот на ривалство меѓу Црковна Москва и Цариградската Патријаршија. Кирил и Вартоломеј, последен пат разговараа во Фанар, во 2009-тата, по изборот на Кирил за нов Поглавар на Руската Црква. Верските аналитичари не очекуваат драматични промени во односите на Руската и  Вселенската Патријаршија, но сепак потенцираат дека заедничкото присуство и моментот, 1700 години од Миланскиот едикт,  освен што формално ќе го потврди единството на православната црква, сепак ќе испрати јасен сигнал дека двете најзначајни фигури во источната црква, ќе мора да влезат во посуштински и отворени разговори за наталожените проблеми во православната црква.

    Токму поради дијаметрално спротивставените ставови, во Православието се уште нема решенија за прашања како она за автокефалноста, момент од кој најдиректно е засегната и Македонската православна црква. Вселенската Патријаршија смета дека томост за автокефалност треба таа да го издава, додека пак, Руската Православна Црква инсистира дека потпис на тој документ треба да стават сите помесни православни цркви. Црковните делегации пред 3 години во Шамбези не успеаја да најдат заедничко решение и ова прашање остана отворено.

    Инаку во Ниш, кој ќе биде центар на православието оваа недела нема да има претставници на Македонската Православна Црква. Црковен Белград не испратил покана до Архиепископијата во Скопје. Ова е прв пат Српската Православна Црква до тој степен да ја игнорира МПЦ. Иако не на официјално ниво, сепак досега делегации од МПЦ присуствиваа на значајни настани. Последне пат, тричлена делегација предводена од Архиепископот, г.г Стефан присуствуваше на погребот на поранешниот Српски Патријарх, г.г. Павле.

    Во Ниш сепак ќе допатуваат и Ерусалимскиот Партијарх Теофил, Кипарскиот Архиепископ Хризостом, Грчкиот Архиепископ Јероним, Албанскиот Архиепископ Атанасиј, Полскиот Архиепископ Сава, ќе има претставници на пониско ниво на друг православни Цркви. Сосема сигурно е дека во Ниш нема да допатува Романскиот Патријарх Данаил, поради влошение односи на Српската и Романската Православна црква.

    Инаку, централениот настан во празничната програма ќе биде на 6 октомври, кога Цариградскиот патријарх Вартоломеј ќе отслужи литургија во новиот храм “Св Константин и Елена “во Ниш, на која ќе присуствуваат членовите на српската влада, како и претставници од соседните земји и амбасадори.

    На 7 октомври во Подгорица ќе биде отворен и осветен новиот храм “Воскресение Христово” во присуство на поглаварите на православните цркви.

    Учество во прославата ќе земат и претставници на сите христијански цркви. Во српското општество долго време се водеше дебата, дали за прославата да биде поканет и Римскиот папа, но на крајот Римокатоличката црква ќе биде претставена од висока делегација. Една од причините за оваа одлука беше неподготвеноста на Москва долгоочекуваната средба помеѓу Московскиот патријарх и Римскиот папа да се оствари “на туѓа територија” и на странска иницијатива.

    Извор: “Денешен Весник“

     
    Views: 361 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    Учество во прославата ќе земат и претставници на сите христијански цркви. Во српското општество долго време се водеше дебата, дали за прославата да биде поканет и Римскиот папа, но на крајот Римокатоличката црква ќе биде претставена од висока делегација. 
    хехехе

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024