Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 6:58 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ

    Ѓорѓија Пулевски

    July 31, 2012 at 2:00pm

    Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски (1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) бил македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.

     

    Рани години

    Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија до почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните ослободителни војни и востанија во текот на целата втора поволина на 19 век. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи.

     

    Доброволец во војните

    Верувајќи дека со тоа се бори и за својата татковина, Пулевски најпрвин се вклучува како доброволец во ослободителните акции во настаните од 1862-1863 година кога, како наредник на понтонерска чета, се бори против турскиот гарнизон во Белград.

    Потоа, по избувнувањето на Српско-турската војна (1876) тој пак се вклучува како доброволец, на страната на српската војска.

    Веќе во следната година започнува Руско-турската војна и Пулевски е одново со својата чета во редовите на авангардата на руската армија за време на ослободувањето на Бугарија.

    Со Одринското примирје и Санстефанскиот прелиминарен договор е прекинато заземањето и на Македонија.

    Но уште во следната година (1878) Пулевски пак активно учествува како војвода во Кресненското востание, ставајќи се директно во функција на борбата за слобода на македонскиот народ.

     

    Борец за македонскиот јазик

    Не помалку е значајна неговата културно-национална дејност како учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и историчар. Негово првопечатено дело е Речник од четири јазика (или четиријазичник), објавено во Белград во 1873 година.

    Тоа е всушност петјазичник, бидејќи во колоната на српскиот јазик дава лексички материјал од двата блиски, но сепак различни јазика: македонскиот и српскиот.

    Втората публикувана книга на Пулевски е Речник од три јазика (тријазичник), објавена исто така во Белград во 1875 година. Ова дело е особено значајно поради јасната концепција и отворено изнесената идеја за татковината Македонија, за македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во словенскиот свет.

     

    Во Бугарија

    По неуспехот на македонското Кресненско востание и неговото заминување во Софија, во 1879 година Пулевски сепаратно ја публикува првата патриотско-политичка поема во нашата литературна историја Самовила Македонска, во која ги споменува Филип Македонски и Александар Македонски како предци на денешните Македонци, кои 300 лета пред Христа ја повладале целата вселена.

    Во неа е одразена идеологијата на македонските учесници во Македонското (Кресненско) востание. Во тоа време ја објавил и првата одделна стихозбирка на македонски јазик во македонската литературна историја Македонска песнарка (во две книшки). Стихозбирката содржи три лични и повеќе народни песни.

    Во следната 1880 година излегува од печат и Слогница речовска, којашто претставува прва публикувана граматика на македонскиот јазик. Во неа Пулевски се обидел да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, креирајќи при тоа мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани.

     

    Словеномакедонска литературна дружина

    Како дел од активноста на Пулевски сред македонската емиграција во Софија е и формирањето на Словеномакедонската литературна дружина во 1888 година, под негово претседателство.

    Таа има особено значење како прва македонска литературна асоцијација воопшто и тоа е само уште еден доказ за неговата патриотска културна дејност и национално-политичка ориентација.

    Меѓутоа, посебно место во претставувањето на делото на Пулевски зазема неговата Славјанско-маќедонска општа историја, завршена во 1892 година непосредно пред неговата смрт. Дел од ова негово капитално дело беше објавено од Институтот за национална историја во 2005 година во Македонија со наслов „Македонска Александрида" под редакција на академик Блаже Ристовски и проф. д-р Билјана Р. Јосифовска.

    Делото кое е објавено на оригиналниот пишан јазик - мијачкиот говор од Галичник и го опфаќа животот на Александар Македонски од неговото раѓање, походите во Египет и Индија се до неговата смрт.

    Не е за занемарување и неговиот обемен ракопис, насловен како Јазичница, завршен исто така во Софија, што претставува специфичен прирачник за изучување на македонскиот јазик.

     

     

     

     

     

     

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-14)
    Views: 278 | Comments: 3 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 3
    3 Вељанко  
    0

    2 Вељанко  
    0

    1 Вељанко  
    0

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024