Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 8:48 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ

    Самовила Македонска


    Самовила Македонска (позната и како Самовила Македонска и еја посестрима) е поема напишана од македонскиот национален и револуционерен деец Ѓорѓија Пулевски. Поемата е напишана во 1878 година во Софија, непосредно во годината на револуционерните збиднувања со Македонското (Кресненско) востаниеРуско-турската војна во Големата источна криза (кога е ослободена Бугарија) и Берлинскиот конгрес. Преку песната Ѓорѓија Пулевски ги искажува силните стремежи и традиции македонскиот народ, сакајќи со силен патриотски набој да го крене македонскиот народ на ослободителна борба против поробувачите, потсетувајќи го на сопственото славно минато и историја наМакедонија од времето на Филип Македонски и Александар Македонски. Oваа поема е сведоштво за свеста на македонското преродбенско ослободително движење за поврзаноста со Античките Македонци како доказ и стожер за македонската национална посебност и самобитност.

    Дел од текстот на Самовила Македонска


    Дал' сте чуле, Македонци, стари људи оту говорат:
    От Македонци појунаци над них не било-
    Цар Александар Македонски тристо лета пред Христа
    Со Македонци сву вселену повладал
    Наш краљ Филип - Славјанин је, Цар Александар - Славјанин
    Наши баби Славјанки ги родиле.
    Македонци, сетите се за јунакство македонско,
    та спроти старих вије сега да следувате

    Слогница речовска


    Слогница речовска или позната под целосното име Словенско-населенска македонска слогница речовска е книга издадена во 1880 година во Софија од страна на Ѓорѓија Пулевски. Книгата важи за прва печатена македонска граматика, но и правопис, бидејќи истата обработува правила за правилно пишување на македонскиот јазик во поглед на правопис и граматика. Првичната замисла на Пулевски била да издаде серија книги за граматиката и правописот на македонскиот јазик кои би се користеле во образованието во Македонија, но таа идеја не се остварила и се напечатила само денешната Слогница речовска која била наменета за шесто одделение основно образование. Покрај тоа, Пулевски планирал да издаде и втор дел од книгата, но и тоа не се остварило па така денес е познат само првиот и единствен дел.

    Писмо


    При пишување на Слогница речовска, Пулевски користел писмо кое, според него, би било разбрано од сите Словени. Така, писмото е составено од македонски и старословенски букви.


    Големи букви
    АБВГДЕЄЖЗИІКЛМНОПРСТУФХЦЧШЩЏѲЬЪѢЫЮѪЯ
    Мали букви
    абвгдеєжзиіклмнопрстуфхцчшщџѳьъѣыюѫя



    Македонска песнарка


    Македонска песнарка е стихозбирка напишана од македонскиот национален и револуционерен деец Ѓорѓија Пулевски. Стихозбирката Македонска песнарка се состои од два дела (две книшки) и е објавена во 1879 година во Софија. Како и во својата поема Самовила Македонска, Ѓорѓија Пулевски и во ова свое дело со силен македонски патриотски набој ги повикува Македонците да се кренат во борба за својата слобода и слобода на Македонија. Во песните тој вклучува обраќања кон Македонците, но и кон европската јавност, реаѓирајќи против решенијата на Берлинскиот конгред во 1878 (по Руско-турската војна и ослободувањето на Бугарија) со кои се оставила Македонија пак под турското ропство. Исто така и во песните на оваа стихозбирка Ѓорѓија Пулевски ја истакнува непосредната поврзаност на Македонците со Античките Македонци, а Александар Македонски и Филип Македонски ги споменува како нашимакедонски цареви.

    Македонцим ув прилог


    Една од песните во стихозбирката Македонска песнарка е песната Македонцим ув прилог. Во оваа песна Ѓорѓија Пулевски повторно се повикува и ги потсетува Македонците на нивното славно минато и историја со нивните кралевиФилип Македонски и Александар Македонски. Понатаму тој реагира против решенијата од Берлинскиот конгрес со кои Македонија била оставена под турското ропство, за на крај да ги повика своите сонародници - Македонци да се кренат и јуначки да се борат како под цар Александар и историјата стара да ја оживеат.

    Татковина ја ово место мило Македонцим,
    кралевина била под краљом Филипом,
    старо царство, јесте од цара Александра,
    наш цар македонски, познат Александар велики ув вселену.
    Он је наше царство во Полостров Балкански
    је го оставил все горским Славјаним.
    Чујте, браќа наши јевропски христијани,
    да ја наша судбина нами досадила
    мије хоштеме нашу домовину.
    Ево днеска в македонскеј кралевини наши браќа тужат
    зашто само назе под ропство оставајет
    зато и мије хоштеме своју домовину!
    Братије наши Македонци од православну веру,
    да се сви сложиме, јуначки бориме,
    како наши стари под цар Александром,
    повтор спомен своим имјам по нас оставиме!
    Историју стару да ју оживиме,
    мије глејте сега да ју исполниме.

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-14)
    Views: 473 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024