Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 8:24 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Publisher | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My articles [58]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Articles » My articles

    ИВАН ИЉИН - Христијански национализам 1 дел

    ИВАН ИЉИН - Христијански национализам 1 дел

    August 7, 2012 at 1:16pm

    ХРИСТИЈАНСКИ НАЦИОНАЛИЗАМ

     

                Културата не ја создава еден човек. Таа е достоинство на многу луѓе, духовно обединети меѓу себе. Секои двајца пријатели во своето општење образуваат извесни културно ниво и создаваат извесни културни содржини. Така е во секое семејство, во секое општество, во секоја организација, во секој сталеж и кај секој народ. Луѓето не случајно се обединуваат еден со друг; еден кон друг нив ги привлекува сличноста на материјалните и духовните интереси; од оваа сличност се пројавува општењето; долгото општење ја зголемува взаемната подобност и, ако општењето носи творечкикарактер, се зголемува и взаемната привлечност, закрепнува взаемната врска. Оваа врска закрепнува преку традицијата, која се пренесува од поколение во поколение. Така постепено се пројавува единствена и заедничка култура за сите.

    Најдлабокото единство на луѓето се појавува од нивната духовна еднородност, од сличното душевно-духовно уредување, од сличната љубов кон едното и општото, од единствената судбина, која ги поврзува луѓето во животот и во смртта, од истотосозерцување, од едниот јазик, од еднородната вера и од заедничката молитва. Такво е националното единство на луѓето.

                Националното чувство не само што не му противречи на христијанството, но од него ја прима својата возвишена смисла и основа; бидејќи тоа го создава единството на луѓето во духот и љубовта, и ги приврзува срцата кон возвишеното на земјата – кон даровите на Светиот Дух, Кој му е даруван на секој народ и своеобразно реализиран од секој од нив во историјата и во културното творештво. Ете зошто христијанската култура остварена на земјата како национална култура и национализам не подлежи на осуда, а на радосна и творечка наклонетост.

    Секој народ има инстикт, кој му е даден од природата (а тоа значи - и од Бога) идарови на Духот, кои се излеваат во него од Творецот на се. Кај секој народ инстиктот и духот живеат своеобразно и ја создаваат драгоцената оригиналност. Така секој народ на свој начин стапува во брак, раѓа, болува и умира; на свој начин е мрзлив, се труди, домаќинува и се одмара; на свој начин тагува, плаче и очајува; на свој начин се весели, се смее и се радува; на свој начин оди и игра; на свој начин пее и создава музика; на свој начин говори, декламира, се шегува и ораторствува; на свој начин набљудува, созерцува и твори живопис; на свој начин испитува, спознава, расудува и докажува; на свој начин си ја живее бедата, благотвори и гостопримствува; на свој начин си ги гради домовите и храмовите; на свој начин се моли и херојствува; на свој начин војува... На свој начин се воздигнува и паѓа со духот; на свој начин се организира. Секој народ има различно, свое чувство за право и праведност; различен карактер, различна дисциплина; различна претстава за наравствениот идеал; различна политичка мечта; различен државен инстинкт. Со еден збор: секој народ има различно и посебно душевно уредување и духовно-творечки акт. И секој народ имапосебна, национално-зародена, национално-узреана и национално-намачена култура.

    Така опстои од природата и од историјата. Така опстои во инстиктот, и во духот, и во целото културно творештво. Така се ни е дадено од Бога.

                И тоа е добро. И тоа е прекрасно. И никогаш не било осудено во Светото Писмо. Различна е тревата и цветовите во полето. Различни се дрвјата, водите и облаците. "Еден е болското на сонцето; друг е болскотот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по болскотот се разликува" (1Кор. 15, 41). Богата и прекрасна е градината Божја; изобилствува со видови, блеска со форми, сјае и радува со многуобразноста. И на секој народ му личи и да биде, и да се краси, и Бога да Го слави - на свој начин. И во самата таа многуразличност - веќе Му се пое и Му се вознесува пофалба на Творецот. И треба да се биде духовно слеп и глув, за да не се сфати тоа.

                Мислата - да се изгасне таа многуобразност на пофалби, да се укине тоа богатство на историската градина Божја, се да се сведе на мртвиот еднообразен калап, на "униформата", кон изедначеноста на песокот, кон безразличноста по веќе проблеснатата во светот духовна различност - може да се роди само во болна душа, од злобен, завидлив грч, или во мртвиот и слеп разум. Таква банална и ниска, противкултурна и серазорувачка идеја би била суштинска пројава на безбожноста. Да се зацрпи таа од христијанството, од Евангелието, во Православието - би било потполно невозможно. 

    Зашто христијанството му ја подарило на светот идејата за лична, бесмртна, душа, индивидуална по својот дар и по својата одговорност, посебна во гревовите, самодејствена во покајанието и во љубовта, т.е. идејата за метафизичката своеобразност на човекот. Според тоа - идејата за метафизичката своеобразност на народот е само верно и последователно развивање на христијанското сфаќање. Преп. Серафим Саровски велел, дека Бог се грижи за секој човек, така како тој да му е единствен... Тоа е кажано за личниот човек. А за индивидуалниот народ? Зар за него Господ не се грижи? Го отфрла, го осудува, го прекорува? Секој лилјан го облекува во посебни и прекрасни ризи; секоја птица небесна ја помни и ја храни; и сите влакна на главата на човекот му се избројани, а своеобразноста на народниот живот ја проколнува како начало на злото, и ја бележи како грев и мерзост? Може ли христијанин да се придржува до такво гледиште?

    Секој народ му служи на Бога, како што умее - со цела своја историја, со сета култура, со цел свој труд и пеењето свое. Еден народ служи творечки и духовно цвета; а друг - нетворечки и духовно венее. Постојат такви народи, кои престануваат да служат и стануваат згура на историјата; и постојат такви, кои во своето мало и скудно-беспомошно служење гаснат, не достигнувајќи расцутување. А постојат и такви, кои можат да го остварат своето служење само под водство на друг, духовно посилен народ...

                И ете национализмот е уверено и страстно чувство, верно по суштина и драгоцено во творечкиот однос, -

    дека мојот народ ги примил даровите на Светиот Дух;

    дека ги примил преку своето инстиктивно чувство и творечки ги преобразил на свој начин;

    дека како последица на тоа неговата сила е изобилна и понатаму повикана кон велики, творечко-културни подвизи;

    дека поради тоа на мојот народ му подобува културна "самостојност", како залог на величината (Пушкин!) и независноста на националното-државно битие.

    И во ова чувство, верно и длабоко, христијанинот е прав и не подлежи на осуда. Тоа чувство ја опфаќа цела негова душа и ја оплодотворува неговата култура.

    Националното чувство е љубов кон историскиот-духовен облик и кон творечкиот акт на својот народ.

    Национализмот е вера во богоблагодатната сила на својот народ и поради тоа - во неговиот повик.

    Национализмот е волја кон творечко расцветување во даровите на Светиот Дух.

    Национализмот го созерцува својот народ пред лицето Божјо, му ја созерцува душата, неговите таленти, неговите недостатоци, неговиот историски проблем, опасностите и соблазните.

    Национализмот е систем на постапки, кои се излеваат од оваа љубов, од оваа вера, од оваа волја и од ова созерцание.

    Ете зошто вистинскиот национализам не е темна, антихристијанска страст, тукудуховен оган, возвишувајќи го човекот кон жртвено служење, а народот кон духовен процут. 

    Category: My articles | Added by: Вељанко (2013-08-15)
    Views: 254 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024