Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 7:00 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православие [13]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православие » Православие

    БИБЛИСКО-БОГОСЛОВСКАТА КОМИСИЈА НА РПЦ ПРОТИВ СУРОГАТ МАЈЧИНСТВОТО

    БИБЛИСКО-БОГОСЛОВСКАТА КОМИСИЈА НА РПЦ ПРОТИВ СУРОГАТ МАЈЧИНСТВОТО

    IMG_9870_
     

    Библиската-богословска комисија на Синодот на Руската православна црква на 15 ноември 2013 се позанимава со проблемот на сурогат-мајчинството. Со вонредната седница претседаваше митрополитот волоколамски Иларион.

                    На заседанието присуствуваа, покрај теолози, специјалисти по медицина, соработници од Институтот за философија на Руската академија на науките, Московската духовна академија, Медицинската академија "Сеченов".

                    Митрополитот Иларион укажал дека етичките и правните проблеми поврзани со сурогат мајчинството неодамна ги разгледувало Друштвото на православните лекари во Русија, при што се потпрело на ставот на Црквата, изразена во "Основите на општествената концепција на Руската православна црква", со тоа што ставот уште повеќе го развиле.

                    А таму се вели дека сурогат мајчинството, то ест носење на јајце клетка од страна на жена која по раѓањето го предава детето на "нарачителите", е противприродно и морално недозволено, дури и во случаеви кога е без надомест. Сурогат мајчинството подразбира уривање на длабоката емоционална и духовна блискост која се воспоставува меѓу мајката и детето уште за време на бременоста. А тоа негативно се одразува на сите - на родителката, на детето, на општеството, во кое се губи традиционалното поимање на семејството.

                    Митрополитот Иларион потсетил на ставот на Црквата за тоа дека секое мешање во процесот на раѓањето на деца надвор од природниот сојуз на мажот и жената е "спротивно на христијанското сфаќање на Светата тајна на зачнување и појавување на свет на боголика човечка личност, како и на сфаќањето на достоинството и мисијата на мажот и жената кои стапуваат во брачен однос".

                    Според нееднозначната оценка на митрополитот Иларион овде се поставува и прашањето за односот со "биолошките родители" и крштевањето на младенците кои би ги родиле сурогат мајките.

                    "Доколку родителите јавно не се покајат за направеното, а кумовите со своето учество во Светата тајна изразат согласност со направениот грев, за какво христијанско воспитување може да зборуваме? Дали во таков случај треба да се одложи крштевањето на детето до моментот додека не стане свесно? Одбивањето на крштевањето на децата во таков случај би имало, пред се, пастирско значење, зашто, со самото тоа, општеството од Црквата би добило јасен сигнал дека сурогат мајчинството е неприфатливо од христијанска гледна точка".

                    На седницата е оформена работна група за изработка на документ за пастирските последици на сурогат мајчинството, која ќе биде усвоена на седницата на пленумот на Библиско-богословската комисија на Синодот на РПЦ во декември. 

     

    21 ноември 2013 година

    Rating: 0.0/0
    Views: 322 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024