Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 8:18 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православие [13]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православие » Православие

    Православна духовна елита - витези на духовноста

    ПРАВОСЛАВНА ДУХОВНА ЕЛИТА - ВИТЕЗИ НА ДУХОВНОСТА
     
       Кои се тие витези на духовноста кои го прават тесниот круг на посветени во православните мистерии. Православната духовна елита не е горе, туку долу
     
     
      "Блажени се кротките по дух, зашто нивно е Царството Небесно"
     
       Знаете ли дека постои православна духовна елита? Дали сте ги запознале посветените во христијанските мистерии кои себе се нарекуваат витези на духовноста?
       Ги познавам. Постојат децении наназад. Препознатливи се по своите метафизички проекти и тајни кои внимателно ги соопштуваат на јавноста. Тие поседуваат скриена и тајна духовност, тие се православна духовна елита и тоа скромно го истакнуваат. Тоа се витези на духовноста, мајстори на христијанските мистерии, израснати во духот низ учењата на разните тајни друштва кои искрата на светлината и тајната на знаењето, кое Христос им го поделил само на избраните, ја сочувале до ден денешен. Тие се оние војници на светлината кои ја познаваат тајната, духовната тајна која Црквата ја сокрила од верниците. Тие се поседници на мистериите во кои духот се воздигнува, тие го имаат Знаењето и Вистината.
       Тие се православна духовна елита која по ум и дух е над останатите заблудени непосветени. Тие се оној духовен спас кој и треба на земјата. Поврзани се со разни духовни кругови и витешки редови од Исток и Запад, со крстоносците и змејовите. Тие се ударната сила на напредокот и одбраната на Светиот Дух. Додека сите живеат во заблудата на политичките и црковните измами тие единствени ја знаат тајната и што е правата Вистина. И само го чекаат моментот кога својата Вистина ќе ја објават.
       Нивната мисија е да го спасат светот со своето раководење и со визијата за општествен, духовен и секој друг напредок, зашто тие ги имаат знаењата за новото општество и новата цивилизација која мора да настане кога тие, Божјите пратеници на земјата, ќе го заземат престолот и власта.
       Верувате ли во тоа? Духовна елита? Витези на духовноста? Возвишено и сокриено знаење? Поседување на длабока Вистина?
       Глупост. Будалаштина. Гордост. Охолост. Измама. Тоа е името за сите оние кои мислат дека се православна духовна елита.
       
       Не постои духовна елита во православието. Не постојат витези на духовноста во православието. Постојат само свети и несвети. Верни и неверни. Грешни и помалку грешни.
     
       Тие блажени и вистински луѓе во православието, за себе ќе мислат дека се најгрешни, иако се најсвети. Бидејќи, во светоста се гледа само грешноста и ништожеството на паднатиот човек, а не некоја величина. И затоа тие навистина свети луѓе никогаш нема за себе да помислат дека се елита, дека се нешто над другите, туку ќе мислат дека се под сите, ништи по дух, ништожни и безвредни во очите Божји. Тие тоа навистина и го мислат, тие тоа го чувствуваат, зашто го познаваат својот грев, и затоа се најблиску до Бога. Затоа Господ Бог ги осветлува со благодатта на Светиот Дух и ги воздигнува над сите. И ги чува од погледите и допирите на љубопитните. За нив никогаш ништо нема да знаете, ни да дознаете, освен ако Господ некој од нив не го открие за време на животот како свет, за да им помогне на луѓето. А и тогаш, тие живи светители ќе одбиваат секаква пофалба и секое величање и воздигнување.
       Знам такви свети луѓе, сум ги запознал. Однадвор не личат на свети луѓе, не ја покажуваат својата светлина, не се обидуваат ништо да ти соопштат. Молчат. Не ја наметнуваат својата вистина и не тврдат дека имаат било каква тајна која Црквата ја сокрила. Не, ништо од тоа, тие се држат до Светото Евангелие. Се држат само до тоа што е во Библијата и другите свети книги напишано, таму сета тајна е објавена јасно и читливо. И тоа што е напишано во Светото Писмо тие го живеат без лицемерство и лажна побожност. И поради тој евангелски живот добиле огромна сила од Бога. Но и тоа го сокриваат, зашто не е волја Божја Неговата милост и сила да ја демонстрираат како волшебници и со чуда да го забавуваат народот. Бидејќи, верата не е во чудата туку во поседувањето и живеењето на верата според Светото Писмо. Кој ја има, и по неа живее, има и сила да прави чуда.
       Знам и такви кои мислат дека се православна духовна елита, дека се витези на духовноста и херои на идниот век, зашто се начитани и полни со теолошки поими, спиритуални искуства. Полни со знаење за скриените тајни и мистерии, такви кои поседуваат демонски вештини и сила. Тие се длабоко измамени од ѓаволот, тие се горди и охоли поради својата умислена посебност. Тие се славољубиви. Горди. Тие не ја знаат длабочината на православието и Божјите барања. Тие сами по свое ја толкуваат волјата Божја. Несвесни дека Господовата волја е да ги воздигне оние ништи (сиромашни) по дух, а да ги собори оние со високи мисли за сопствената духовност. Тие не го сфаќаат она што во Библијата е напишано дека на богаташот му е потешко да влезе во Царството Небесно отколку на камилата да помине низ иглени уши. Тоа е затоа што - богати со пари и знаење, си замислуваат и се врзуваат за своето богатство, а не за суштината. А во православието суштината е во едноставноста на верата, во посветеноста, а не во знаењето, во искреното срце, а не во лажната побожност. Целта е во тивкото милосрдно делување, а не во фините витешки манири и бомбастични зборови. Суштината е во содржината, а не во формата. Формата е за фарисеите.
       Затоа на Светата литургија доаѓа само прост свет, сиромашен, болен, неук. Оној народ кој работи на пазар, кој се гледа по улиците и автобусите. На Светата литургија во Црква не доаѓаат академиците на науките, министрите, високите уметници и заслужените граѓани, генералите, научниците, книжевниците. Не, за нив се тоа е профано, премногу едноставно, неинвентивно, банално. Во тоа нема посебност која нивниот ум ја сака и егото ја велича. Додека напротив, за сиромашните и профани луѓе полни со вера Светата литургија е нешто возвишено, средба на дното со височините, но со вистинските височини на духот.
       И така додека едни си замислуваат дека се духовни витези и православна духовна елита, херои на новото време, расправајќи за тајните знаења, правејќи бизарни ритуали на иницијација и владеење со демонските знаења и вештини, се тоа прекривајќи го со божем православни мистерии, верувајќи дека тоа е скриена моќ, дотаму оние едноставните, прости и необразовани луѓе му пејат на Господа химни на љубовта и високо ги воздигнуваат своите молитви до небото на литургиите. Така првите го губат умот и разумот во ѓаволските измами, а другите ги спасуваат своите души.
       Витезите на духовноста и православната духовна елита заминува од овој живот разочарана и резигнирана. Видете ги само последните интервјуа и размислувања на нашите врли академици и уметници, генерали и заслужени граѓани. Во нивните зборови ќе прочитате резигнација со општеството и животот, како и надоаѓачки очај од соочувањето со смртта. Секако и збунетост, бидејќи демонската полувистина во која верувале не се остварила, не оживеала. Од друга страна, оние блажени мали луѓе смирено и достоинствено го преминуваат прагот на смртта со насмевка на познание на верата, додека ангелот чувар ги води до рајските градини.
       Како што вели старата поговорка, "оној кој сака да води мора да научи да служи". Тоа малите луѓе го сфатиле и служејќи му на Бога како раби Божји постанале блажени и свети. Тие кои верувале дека се свети и витези на духовноста уште за време на животот, сите до еден заминале во несветите предели на духот. На малите живот, на великите смрт.
     
       Ш.В.
     
       (Башта Балкана)
        27 ноември 2013
        
     
       
    Rating: 0.0/0
    Views: 302 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024