Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 2:12 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Философија [12]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Философија » Философија

    Борис Вишеславцев - Од книгата “Етика на преобразениот ерос“ 5-ти дел

    Борис Вишеславцев - од книгата "Етика на преобразениот ерос" 5-ти дел

          Декарт и неговата одбрана на аксиомата на зависност

     

       Декарт, како што видовме, ја воведува разликата помеѓу потенцијалната и актуелната бесконечност за да ја одбрани аксиомата на зависност и да го отфрли човекобоштвото. Неговата аргументација е следната: човекот и човештвото се актуелно бесконечни, тие се принципиелно одвоени (hiatus) од актуелната бесконечност на Бог и истовремено се фундирани во неа, зависат од неа. Фундираноста на категоријата на потенцијално-бесконечното во категоријата на актуално бесконечното ја потврдуваат Лајбниц, Хегел и Кантор, и до сега се уште никој не ја побил. Аргументите на Декарт остануваат неразнишани.

       Меѓутоа, и тие содржат еден недостаток: спомнатата опасност на поистоветување на Бога со сеединството (fortasse infinitum est ipse Absolutum?). Меѓутоа, опасноста се отстранува со тврдењето за ирационалноста и трансцедентноста на Апсолутното. Бог не е помал - Тој е поголем од актуелната бесконечност. Тој ја трансцендира. Тој се "крие зад ѕидот на актуелно бесконечното" (вака би можеле да се парафразираат зборовите на Никола Кузански: "intra murum coincidentiae oppositirum" /лат. "во ѕидовите на подудирање на спротивностите").

       Оттука, ако човекот е фундиран во актуелно бесконечното, тогаш тој во исто време е фундиран и во Бога, бидејќи Бог го држи светот и се низ прстенот на актуелната бесконечност, поинаку речено, актуелната бесконечност е фундирана во Бога.

       Меѓутоа, ако Бог е нешто повеќе од актуелната бесконечност, тогаш, можеби, и човекот е нешто повеќе од потенцијалната бесконечност? Зар тој не се воздигнува над времето и зар не ја набљудува вечноста? Ако тоа и би било така, сепак аксиомата на зависност би останала неразнишана: актуелно бесконечното ego би останало фундирано во Апсолутното. Зашто актуелно бесконечното ego само себе се трансформира откривајќи го безгранично ирационалниот простор на Апсолутното.

       Меѓутоа, човекот е антиномично битие: тој е "на прагот на животот на двојното", тој, на крајот на краиштата, секогаш е конечен (на што посебно инсистира Хајдегер); понекогаш изгледа дека дури и "бесконечната потенција" е - преувеличување на суштината на човекот. Еросот е - антиномичен. Затоа, сите видови на зависност постојат во нашето битие, сите видови на фундираност: фундираност во потенцијално бесконечното, во актуелно бесконечното и во Апсолутното. Зашто, во нас самите присутни се и конечноста, и потенцијалната бесконечност, и актуелната бесконечност и, најпосле, последниот транс во Апсолутното - блесок на светлината во Апсолутното или (за некои), на "темнината" на Апсолутното.

       Последната потпора на аксиомата на зависност е слободата на трансот, последниот транс во Апсолутното. Зависноста ја докажува можноста за транс и обратното: тие се истоветни. И на восхитувачки начин, токму слободата на трансот го открива оној слободен простор на Апсолутното, во кој сме фундирани и од кој зависиме, преку кој дишеме. Напротив, ако нема никаква зависност од другото (das ganz Andere), тоа би значело наша затвореност во самите себе, нашата заплетканост во маѓепсаниот круг на самосвеста, поинаку речено, неможност за слободен транс, слободен излез во последниот простор на Апсолутното.

       Според тоа, последната и највозвишена мистична "зависност" е единствена во својот вид и со ништо неспоредлива слободна зависност. Таа на извесен начин е присутна во секоја љубов; во својата вистинска суштина таа му се открива на Еросот во неговиот последен транс.

    (Крај)

    19 декември 2013

     150

     

    Rating: 0.0/0
    Views: 333 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024