Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 3:15 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Философија [12]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Философија » Философија

    Николај Берѓаев - Личноста и заедништвото (комунитарноста) во руската свест - 3 дел

    Николај Берѓаев - Личноста и заедништвото (комунитарноста) во руската свест - 3 дел

       Западните Европејци понекогаш многу високо ја ценат руската литература, руската музика, што не им пречи Русите да ги сметаат за варвари. Но руската литература од XIX век не може а да не восхити со својата извонредна човечност. Таа е проникната со сочувство спрема човекот, болката поради човечката судбина, поради судбината на народот, поради судбината на целата творба која стенка и чека избавување. Восхитувачка е универзалната човечност на Пушкин. Кај него се уште нема од онаа непристојност (бесрамност), која подоцна се појавила во руската книжевност. На Пушкин ништо човечко не му било туѓо, кај него постои универзална чувствителност, која на Достоевски му дала повод да каже дека рускиот човек е - сечовек. Целокупното творештво на големиот руски поет е проникнато со човечкиот однос спрема човекот. Таа човечност не била моралистична, не била апстрактна идеја, на пример, идејата за човечкото добро, тоа е непосредна, жива човечност. Еден од најодличните резултати на руската револуција е култот кон Пушкин кај рускиот народ. Тој навистина станал сенароден поет, него го читаат и селани и работници, и се восхитуваат од него. Го читаат сите народи на Советскиот Сојуз. Тој пророчки ја предвидел својата судбина: 

       Подигнав споменик неракотворен, 
       не ќе го начне на заборавот забот...
       За мене низ Русија жив глас ќе пронесат луѓето,
       ќе ме споменат секаде на народите нејзини кругот -
       на Словените горд син, и Тунгуз со дива ќуд, 
       Финец и Калмик, на степите другар
       Долго ќе му бидам драг и мил на својот род:
       Со лирата го бодрев на сите добри тежненија гласот,
       Во векот суров ја опевав слободата, 
       За заробените секогаш повикував спас. 

       Народниот култ кон Пушкин покажува пројавување на чувството на човечност, кое потенцијално секогаш постоело во рускиот народ. Но човечноста секогаш го открива односот кон конкретниот човек, кон личноста. Револуцијата, секоја револуција е сурова и таа во голема мера е беспоштедна кон човекот. Тоа се искушенијата низ кои поминуваат човечките општества. Но по очигледната нечовечност може да се појави нова човечност доколку таа е сочувана во народниот дух. Првиот оригинален руски поглед на свет, словенофилството, без разлика на некои погрешни идеи, бил проникнат со човечност. Словенофилите биле приврзаници на самодржавна монархија, која ја разликувале од западниот апсолутизам, меѓутоа, мислеле дека тоа е форма во која државата е сведена на минимум и биле пламени заштитници на човечките слободи - слобода на совеста, слобода на мислењето, слобода на зборот. Комплетната идеологија на словенофилството е проникната со исповедање на љубов спрема човекот. И љубовта спрема човекот кај нив не била љубов кон апстрактното човештво, кон апстрактната идеја. Тие го исповедале идеалот на заедништво, биле непријатели на индивидуализмот, но ја бранеле човечката личност и во неа гледале образ и подобие Божјо. Тие го разобличувале рационализмот на Западот во кого го гледале изворот на сите зла. Но би било погрешно да се мисли дека тие потполно го негирале Западот и дека во него не гледале ништо позитивно. Во словенофилските размислувања за Западна Европа постоеле преувеличувања и едностраности. И на самиот Запад имало многу нешта блиски со идеите на словенофилите, на пример, во антирационализмот на Паскал, во богословските идеи на Адам Милер, германски католички богослов од почетокот на XIX век, кој е многу близок на идејата на соборност, или во религиозната философија на Франц Баадер, кој бил многу близок до православната Црква. Меѓутоа, самиот Хомјаков го нарекувал Западот "земја на светите чуда". Словенофилите никогаш не исповедале нечовечки национализам, кој кај нас се појавил во извесни мисловни текови во 80-ите години и кој го разобличувал Владимир Соловјов. Во Русија постоел силен елемент на христијански универзализам. Колку и да изгледа чудно на прв поглед, и Советска Русија во резултатите на револуцијата се враќа на многу словенофилски идеи за посебната мисија на Русија и рускиот народ во светот. И тоа наведува на мислата дека во руската револуција има многу повеќе традиционално руски елементи отколку што тоа обично се мисли. Марксистичката символика, под која се одвивала руската револуција, носи условен карактер, и во неа се сместува специфична руска содржина. Многу нешта се застарени во словенофилските идеи, но тоа што во нив е најтрајно и што најдобро ја изразува руската народност е истовремено и она што е најчовечно. Тоа е единството на слободата и љубовта, персонализмот и комунитарноста. Месијанизмот на пролетеријатот како да се изедначува со месијанизмот на рускиот народ.
       
    Rating: 0.0/0
    Views: 262 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024