Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 2:12 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Философија [12]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Философија » Философија

    Николај Берѓаев - Личноста и заедништвото (комунитарноста) во руската свест - 4 дел

    Николај Берѓаев - Личноста и заедништвото (комунитарноста) во руската свест - 4 дел

     
    Позната е човечноста на Достоевски и Л. Толстој. Тие руски гении биле длабоко погодени од човечките страдања, барале спас од страдањата и достигнување на радоста. Кај Достоевски најдобро се изразува поларизираноста на рускиот народ. Нему му била својствена необична сочувствителност кон човекото страдање. Но Достоевски го нарекувале "суров талент", и за тоа постоеле извесни причини. Елементот на суровост кај него бил во врска со верата во искупувачката моќ на страдањето. И тој мислел дека човекот е противречно суштество во кого постои потреба за страдање. Тој бил хуманист во оптимистичка и нетрагична смисла на зборот. Но во средиштето на неговото творештво стоел човекот и неговата тешка судбина. Во тоа постоела исклучителна чувствителност спрема личноста. Тој атакувал на револуционерните правци од своето време, зашто мислел дека тие се непријателски кон начелото на личноста. Голема, но поинаква, човечност постои кај Лав Толстој, без разлика на космичкиот карактер на неговото уметничко творештво. Лав Толстој, големиот среќниќ меѓу генијалните луѓе, бил шокиран од бесмислицата и неправдата на целата човечка историја и цивилизација, од ужасот на смртта, тој за луѓето барал спасение од безбројните страдања на животот. Религиозната философија до која дошол навистина не била христијанска, но неговата тема била христијанска. Тој е голем искател на правда и смисла на животот, голем критичар на неправдата и бесмисленоста на животот. Целокупното творештво на Достоевски и Толстој било проникнато со религиозен немир, христијанско сострадание. Но да се сетиме и на оние руски писатели кои, како што изгледа, ништо заедничко со христијанството немале и кои директно не поставувале религиозни теми - Тургењев и Чехов. Тие, исто така, се гласници на руската човечност. Таква човечност не може да се најде кај големите француски романсиери од XIX век - Балзак, Стендал, Флобер. Во европската книжевност може да се најде само кај Дикенс. Особено фасцинира човечноста кај Чехов, која не била поврзана со никаков поглед на свет и се изразувала низ восхитувачкиот уметнички талент. Руската човечност не се однесува само на достигнувањето на највозвишениот човечки квалитет, туку на се, на најскромните, најпоследни, најмали луѓе. Исто така, позната е и човечноста на Максим Горки, но таа кај него била поврзана со револуционерниот поглед на свет. Руската револуција, која била сурова како и секоја друга револуција, иако, можеби, во помала мера отколку француската, ги засолнила за луѓето од Западот толку карактеристичните руски својства како сочувство и сострадание. Така, на пример, периодот на триумфалниот борбен атеизам во руската револуција го засолнил изворот на рускиот атеизам и го отежнал неговото разбирање. Рускиот атеизам првобитно потекнал од состраданието и хуманитарните чувства. Во тоа по внатрешното чувство имало нешто слично со појавата на маркионизмот, то ест со тешкотијата да се помири постоењето на Творецот на светот, семожен и себлаг, со злото и страдањата на светот. Но во интелектуалната атмосфера на XIX век, тоа, секако, се стекнало со поинакви форми отколку во времето на Маркион. Подоцна рускиот атеизам од сострадалнички постанува агресивен, и во моментот на победата на оние кои го исповедале, од прогонет постанува прогонител. Во врска со тоа Русија поминала низ момент кој денес веќе е преживеан. Тука постоела кобна егзистенцијална дијалектика, во која било можно човечноста да се преобрази во нечовечност. Тоа често се случувало во историјата. Но останува надвор од секој сомнеж дека човечноста, која се одразила во целокупната руска култура, е карактеристично својство на руската душа. Тоа на нов начин се разоткрива во советската книжевност и во советското трагање по неохуманизам. На последниот серуски конгрес, народниот комесар на просветата Потемкин изјавил: "Основна карактеристика на советското просветителство е хуманизмот, демократијата, пламената вера во творечката сила на знаењето и воспитувањето на младината во патриотски и народен дух. Негова задача е мудро да му пријде на детето и во него да ги развие добрите квалитети кои постојат кај рускиот народ: работливост, скромност, безусловна предаденост на Татковината и љубов кон слободата". Огромно значење имаат педагошките идеи на Лав Толстој. Враќањето на хуманизмот означува признавање на вредноста на човечката личност. Останува, секако, сложеното и вознемирувачко прашање, зошто социјалното преуредување на општеството минува низ фаза на ослабување на чувството на љубов, т.е. антихуманизам.
    Rating: 0.0/0
    Views: 479 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024