Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 3:26 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Политика [10]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Политика » Политика

    Зошто никој освен војници на СФОР не можеше да се доближи до авионот на Борис Трајковски и 24 часа по падот?

    Зошто никој освен војници на СФОР не можеше да се доближи до авионот на Борис Трајковски и 24 часа по падот?

    Жителите на босанското село Ротимље, најблиското населено место до местото каде што се случи авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски, и денеска се сеќаваат дека тогаш француски војници на СФОР со автоматски пушки цели 24 часа го држеа местото блокирано и не дозволуваа никој од жителите, а подоцна и од спасувачките екипи да се приближи.

    И овие најнови изјави ќе бидат дел од вториот извештај на меѓународната комисија за втората истрага за авионската несреќа од 26 февруари 2004 година во која загина претседателот Трајковски и уште деветмина членови на неговиот кабинет и дел од екипажот на авионот „кингер".

    Веднаш по несреќата, уште во 2004 година граѓаните на Македонија се сеќаваат на изјави на неколку мештани како уште тогаш изјавуваа дека веднаш по падот на „кингерот" целиот реон беше опкружен од бели возила на СФОР, со светлечки сирени и дека француски војници со автомати во рацете не дозволуваа никој да се приближи до местото на несреќата. И така 24 часа. А официјалните информации беа дека поради лоши временски услови и непристапен терен спасувачките екипи не биле во можност да се приближат до местото на падот на авионот цели 24 часа. Првите спасувачки екипи беа на местото дури утрото на 27 февруари. Подоцна се виде дека до местото на несреќата може да се дојде и по земјен пат, дури и со обично патничко возило.

    Ова се навистина индикативни информации, кои засега, од непознати причини, воопшто не беа дел од извештајот од првата истрага.

    „И од жителите на Ротимље деновиве добивме доста контрадикторни изјави. Има доста нејаснотии и во однос на локацијата. Нормално е дека после толку години тие и да не се сеќаваат веќе. Сепак ние ги имаме и нивните денешни изјави и тогашните изјави за разни медиуми. Тука многу работи се недоразјаснети. Да, точно е и тоа дека спасителите се појавија на местото на несреќата дури 24 часа по падот на авионот", вели во изјавата за МКД.МК Омер Кулиќ, претседателот на комисијата.

    Според него, комисијата досега утврди многу пропусти и многу грешки, и тоа и во Скопје и во Мостар. Но, овојпат во извештајот нема да остане ниту едно отворено прашање, вели Кулиќ, претседател на комисијата што врши нова истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски.

    Во Мостар меѓународната комисија (12 члена) за повторната истрага на несреќата на „кингерот" веќе три дена има работна сесија, која ќе трае до сабота. Членовите на комисијата се поделени во работни групи и ја анализираат симулацијата на летот Скопје - Мостар од 17 октомври со сите параметри и споредба со летот од 2004 година. Се прави и анализа на процедурата за лет, од аспект на изводливост, без радар, како што било во 2004 година, анализа на ефикасноста на средствата за навигација на аеродромот Мостар - ВОР/ДМЕ и навигационото средство според кое се изведува процедурата за слетување 1.06 VOR/DME MSR RWY 34. Се проверува сигналот што уредот го испраќа од аспект на електрониката и дали сигналот во просторот е точен и доволно силен.

    Се проверуваат и организираноста и функционирањето на францускиот контингент во СФОР, според расположивата документација, во поглед на извршувањето на контролата на летање во 2004 година како надлежен субјект за контрола за летање.

    Комисијата генерално се фокусира на две работи - местото и улогата на воздухопловните власти на БиХ и на Македонија.

    Според Кулиќ може во текот на декември комисијата во целосен состав во Скопје да ја информира јавноста за нивниот конечен извештај.

    Истрагата за падот на „кингерот" беше повторно отворена по барање на Македонија откако се добиени дополнителни докази. Првата истрага заклучи дека причина за несреќата се „процедурални грешки на пилотите во фазата на слетување на мостарскиот аеродром".

    А.Д.

       (МКД)

       20 ноември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 242 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024