Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 11:10 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Свет [246]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Свет » Свет

    Нова војна во Африка или погледот на британскиот бел човек на товар на францускиот бел човек

    Нова војна во Африка или погледот на британскиот бел човек на товар на францускиот бел човек

    Central-African-Re_2745928b

    Почна француската воена операција во Централноафриканската република
     Неколку месеци откако државниот удар во Банги предизвика плима на хаос и насилство во Централноафриканската република почна француската воена операција, извести во петокот францускиот министер за одбрана.
      Распоредувањето на заедничките француски и африкански сили едногласно го одобри Советот за безбедност на ОН во четвртокот. На тој ден, 50 луѓе загинаа во проблематичната афирканска држава.
     Франција во Централноафриканската република е најнова примена на "доктрината на Оланд"
    Државата ја користи воената интервенција во Африка во хуманитарни цели - но и да се зголемат изборните шанси на нејзиниот лидер.
     Фотографија: Франсоа Оланд ја развил својата доктрина во остар контраст со дискредитираната формула на Тони Блер. Фотографија: Чарлс Плато/АП
       Ескалирачкиот француски воен ангажман во Централноафриканската Република претставува најнова примена на она што може да се нарече "Оланд доктрина", самосвесен добродушен облик на вооружен интервенционизазм на основа на меѓународно овластување и локална согласност. Се на се, францукиот претседател Франсоа Оланд разви нова формула за инвазија на туѓа земја, но на убав начин.
       Од степен на должност во мај минатата година, Оланд нареди, или ги перпетуира, француските операции во Брегот на Слоновата Коска, Сомалија, Мали и сега Централноафриканската република. Тој исто така, восхитено ја подржуваше воената интеревенција на Запад во Сирија. На овие ангажмани им претходеше англо-француската интервенција во Либија во 2011, за време на претходникот на Оланд, Никола Саркози.
       За француските "happy" интервенционисти, секоја експедиција беше примарно хуманистички усмерена. Но тие, исто така, служеа за јакнење на избледениот француски меѓународен престиж, посебно во бившите француски колонии, а и за да го зголемат нискиот рејтинг на Оланд дома. Притиснати од економските потешкотии, Французите изгледа уживаат во воените акции во странство. Како што и Наполеон, уште еден француски водач, знаеше дека "la glorie" ги прави малите луѓе големи.
       Доктрината на Оланд промовира поширока агенда, како што се "работи" меѓународна безбедност. Тоа е одговор на согледаното повлекување на САД од историската одговорност во Европа, на Блискиот Исток и на други места. Станува збор за напредувањето на Кина во Африка, поседувањето на моќ, но не и на одговорност. Станува збор за покажување на европско водство (во контраст со согледаната сладострана апатија на Британија).
       Не помалку од тоа, во доктрината се работи за запирање на плимата на исламистичкиот екстремизам и секташтво што му се заканува на пространството од Африканскиот рог до Сахел и Магреб - и потенцијално, мекиот стомак на Европа, од кој Франција е поранливиот дел.
    Francois Hollande

      Но повеќе од тоа, новиот пристап е одговор на Оланд на се позлогласната оправданост за вооружена интервенција, откриена од Тони Блер во Чикаго 1999, а позната како "доктрина на Блер". Тогаш британскиот премиер реагираше на кризата на Космет, подоцна својата теорија ја проверуваше на Сиера Леоне.
       Но интервенцијата во Авганистан (2001) и Ирак (2003), кои имаа помалку врска со хуманизмот, а повеќе со глобалната политика на моќ, го уништија случајот на Блер, и во очите на многумина неговиот углед. На унилатералната војна во Ирак Франција жестоко се противеше. Оланд сега го усовршува францускиот противотров.
      Доктрината на Оланд, барем во Африка применета, има за цел снабдување со хуманитарна безбедносна помош на државите во кои законот и редот пали. Второ, таа се применува само со подршка или одобрување на ОН, а пожелна е подршката и на Африканската унија и, во западна Африка, на Економската заедница на западноафрикански држави (The Economic Community of West African States - ECOWAS).
      Трето, таа бара претходна согласност на локалните партии, односно оние кои најприближно ги делат западните вредности и интереси. Во Брегот на Слоновата Коска, на пример, ова беше победникот на изборите, Аласан Оутара, чиј противник, Лоран Гбагбо, одби да се повлече. Најпосле, целите за било каква интервенција се дефинирани и ограничени со намера да се предаваат на регионалните мировни сили, како што полека се случува во Мали.
       Во случајот со Централноафриканската република, Оланд обезбеди овластување од Советот за безбедност, ОН, подршка на АУ, ЕУ и САД, како и восхитениот повик од локалните фракции на лојалните на симнатиот претседател, Франсоа Бозизе, кој, во четвртокот, покренаа акција да го вратат на власт. Додатните француски трупи на територијата ќе бидат ограничени во обем и време.
       Овој нов пристап ветува значајна долгорочна корист за Оланд и Франција, под претпоставка да не тргне наопаку, што секако може. Како што призна Оланд, таквата операција не е без ризик.
       Централноафриканската република е најнов фокус на настојувањата на Оланд да го преобликува и оживее влијанието на својата нација на континентот на кој нејзината жестокост е оспорувана со поголемиот подем на Кина, вели Њујорк Тајмс. Далеку од еднострана акција, новиот пристап се потпира и на поимите на меѓународното одобрување и на срдечното согласување на африканските сили да го примат распоредувањето на француските сили слично на она видено во Мали.
       Доктрината на Оланд има додатна предност на избегнување на грешки од минатото, кога Франција насилно интервенираше во Руанда и на други места во корист на фаворизираните лидери, или едноставно да ја задржи контролата (како во Алжир), со често катастрофални резултати.
       Оваа хуманитарна безбедносна интервенција е далеку од себично воено мешање во непосредната пост-колонијална ера, рече регионалниот аналитичар Пол Мели. Оланд тврдеше дека односот помеѓу Франција и Африка мора да биде партнерство на почитување, дури и кога постојат несогласувања. И тој отиде на пат да ги консултира африканските лидери пред да почне воената акција.
       Оланд, по реевалуацијата која ја направи бившиот премиер Алан Жипе и ја засили Саркози, свртен е кон разумното и умерено оживување на францускиот интерес и влијание во регионот со кој Париз некогаш доминираше, но изгледаше дека пуштил да му се лизне од раката. За француските "happy" интервенционисти, наградата е La Francophonie redux (Оживеана франкофонија).
      

       (дебка, гардијан, србин.инфо)
        6 декември 2013
       
    Rating: 0.0/0
    Views: 270 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024