Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 1:30 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    НОВИ ДОКАЗИ ЗА РАБОТАТА НА НЕОНАЦИСТИТЕ ЗЛАТНА ЗОРА ПОДУЧУВА ДЕЦА НА НАЦИСТИЧКА ОМРАЗА

    НОВИ ДОКАЗИ ЗА РАБОТАТА НА НЕОНАЦИСТИТЕ

    ЗЛАТНА ЗОРА ПОДУЧУВА ДЕЦА НА НАЦИСТИЧКА ОМРАЗА

    Грчката полиција при претресувањето на домовите на лидерот на ултрадесничарската партија Златна зора, Никос Михалолијакос, портпаролот на партијата, Илијас Kасидијарис, и други законодавци од таа партија кои се соочуваат со судење, откри многу компромитирачки слики и видеоснимки на персоналните компјутери, мобилните телефони и мемориските стикови, пренесе британскиот портал „Интернешнел бизнис тајмс". Некои од сликите кои протекоа во грчките медиуми ги открија блиските врски на Златна зора со нацистичката идеологија, нешто што партијата долго го негираше.

    Еден од највознемирувачките материјали е видеоснимката на која е прикажано како член на Златна зора одржува семинар на кој учествуваат деца што учат како да цртаат свастика. На една слика се гледа како едно дете имитира нацистички поздрав. Во текстот насловен „Грчката Хитлерова младина: Златна зора си ги учи децата на нацистичка омраза и како да убиваат" се наведува дека има материјали на кои се прикажани партиски членови што носат облека иста како на членовите на Kју-клукс-кланот и изведуваат паравоени вежби во руралните средини на медитеранската земја.

    Kасидијарис е прикажан како надгледува мажи што носат воена опрема, прават склекови и пукаат во полињата. Овој 33-годишен златнозорец исто така е сликан со група мажи што упатуваат нацистички поздрав. На хард-дисковите е пронајден и документ наречен „Принципи на пропаганда – д-р Гебелс", кој е превод на принципите користени за промовирање на нацистичката кауза, забележани од Јосеф Гебелс, Хитлеровиот министер за пропаганда, пишува грчкиот портал „Нео космос".

    Kасидијарис, Михалолијакос и други пратеници од редовите на Златна зора во септември беа ставени во притвор, што следеше по падот на партијата по убиството на антифашистичкиот рапер Павлос Фисас. Грчкиот весник „Kатимерини" пренесе дека, на основа на собраниот материјал, обвинителите планираат да поднесат уште обвиненија за предавство против законодавците од Златна зора.

    „ОНИЕ МЕЃУ ЛЕВИЦАТА И ДЕСНИЦАТА ЌЕ ВИСАТ"

    Во едно пронајдено видео Михалолијакос ја поттикнува публиката на соборување на грчкиот демократски систем, пишува „Интернешнел бизнис тајмс".

    -Велат дека ние, националистите, сме лоши фашисти. Вистината е дека не грешат. Нашата цел не е подобрување на оние што денес се во парламентот, поправање на политичките сили што се корумпирани и кон својот крај, туку да ги докусуриме еднаш засекогаш – вели Михалолијакос.

    Освен него, снимен е и друг неименуван член на Златна зора.

    -Оние што се жалат, а не стануваат од нивните кревети се црви и ние ќе ги згазиме како црви. Другите висат меѓу левицата и десницата, но ние не се грижиме за тоа бидејќи тие ќе висат за своите вратови – вели неименуваниот златнозорец во видеото.

     

    Билјана Арсовска

       (Дневник)

        15 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 224 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024