Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 12:23 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    ВО КОРЧА СЕ ОДБЕЛЕЖА 90 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА БЕРОВСКИ

    ВО КОРЧА СЕ ОДБЕЛЕЖА 90 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА БЕРОВСКИ

     

    Никола Беровски, истакнат учител, учебникар за македонското национално малцинство во Република Албанија ќе биде прогласен за почесен граѓанин на општина Пустец, Мала Преспа.

    -За неговото големо дело и непроценлива работа во областа на образованието на Македонците во Мала Преспа и воопшти во Албанија, Советот на општина Пустец постхумно ќе го прогласи за почесен граѓанин - соопшти градоначалникот Едмонд Темелко, на промоцијата на препечатеното издание на македонско-албанскиот речник на Беровски, одржана во Корча.

    Промоцијата беше одржана во Градската библиотека „Тими Митко" по повод 90 годишнината од раѓањето на Беровски, во организација на Македонскиот културен центар "СОНЦЕ”  со подршка на општина Корча. 

    -После 30 години од првото издание кое е објавено во тешки услови од времето на минатиот режим испечатено е ова ново издание. Овој македонско-албански речник, кој содржи 10 илјади зборови, ќе трае долго време не само во рацете на македонското малцинство, но и на сите граѓани во Република Албанија” - истакна Фоте Никола извршен уредник на новото издание.

    Илинден Спасе, син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе,  во своето излагање се осврна на просветителското дело на Беровски во Албанија и тешкотиите во тоа време за да обезбеди училишна литература на македонски јазик.

    -Никола Беровски, Борис Малевски и други ги положија темелите на наставата на мајчин јазик во Мала Преспа, преку конкретната настава, обезбедувањето на учебници на мајчин јазик. Овде треба да се истакне и придонесот на познатиот писател, Стерјо Спасе, Македонец од Мала Преспа, кој беше редактор на сите учебници составени или преведени од Никола Беровски” - истакна Илинден Спасе. 

    Печатењето е поддржано од министерството за надворешни работи на Република Македонија.

    Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој  во 1945 година доаѓа во Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија. Беровски долги години работел како учител во селата на Мала Преспа. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет во Албанија. За исклучителниот придонес за образовно-воспитната дејност и за неговата макотрпна работа во заштита и ширење на македонскиот јазик, култура и писменост, Владата на Република Македонија во 1991 година на Никола Беровски му го додели високото признание – наградата "Климент Охридски”.

    На промоцијата, учествуваа Македонци од Корча, преставници на Македонската алијанса за европска интеграција од Корча, Билишта, Поградец и Мала Преспа, преставници од македонското друштво "ПРЕГОР” од Поградец, македонското друштво "МЕД” од Врбник, преставници од Корчанската митрополија и од разни институции од Корча, како и писатели од Корча и Охрид.
                                                                                                             

    Вера Тодоровска

       (Дневник)

        15 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 249 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024