Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 12:07 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    И Словенија потпиша договор за воена соработка со Москва

    И Словенија потпиша договор за воена соработка со Москва

    Домашните експерти со кои се консултиравме се сигурни дека со таквиот чекор Москва сака да го зацементира своето влијание во овој дел на Европа, но уште поважно, и да оттргне колку што е можно повеќе држави од прегратката на НАТО

    Повеќенаменскиот воен брод „Триглав", кој Словенија го доби од Русија како компензација за клириншкиот долг

    РУСИЈА ГО ЗГОЛЕМУВА СВОЕТО ВЛИЈАНИЕ НА БАЛКАНОТ

    Русите се сѐ поприсутни на Балканот и воено, а нивните интереси, кои се насочени кон економијата, енергетиката и безбедноста, се реален процес. По Србија, минатата недела и Словенија склучи договор со официјална Москва од областа на воената соработка.

    Иако нема многу детали за настанот во регионалната јавност, според известувањето на словенечките медиуми, при посетата на Москва на делегација предводена од премиерката на Словенија, Аленка Братушек, договорот за воено-техничка соработка минатата недела го потпишале министерот за одбрана Роман Јакич и заменик-директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на Руската Федерација, Пинчук Анатолиј Григориевич. Според договорот, Русија ќе ги одржува воената опрема и оружјето што го користи армијата на Словенија, произведено во Руската Федерација. Станува збор за повеќенаменскиот воен брод „Триглав" и противавионскиот ракетен систем што Русија ѝ го испорача на Словенија како компензација за рускиот клириншки долг. 

    Стратегиски договор со Србија

    Словенија и Русија веќе втора година по ред потпишуваат договор во областа на одбраната. Во септември минатата година министрите за одбрана потпишаа договор за размена на информации и набљудување на исполнувањето на обврските за намерата за користење одредени производи што имаат и воен карактер.
    Во ноември годинава, пак, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу со својот српски колега Небојша Родиќ во Белград потпиша стратегиски договор за соработка во областа на одбраната меѓу Србија и Русија. Овој документ, како што рекоа двајцата министри, е рамковен и по него ќе следуваат и повеќе конкретни договори за соработка меѓу двете армии, воените индустрии на двете земји, за размена и обука на офицери и сл. Во април годинава, пак, Србија и Русија потпишаа договор за стратегиско партнерство, а воениот договор е логичен тек на развојот на односите меѓу двете земји.

    Договорот на Словенија, пак, се разликува од оној на Србија, затоа што не е одбранбено-стратегиски, туку воено-технички. Но мора да се има предвид дека Белград е воено неутрален, а Словенија е членка на НАТО. Сепак, факт е дека и двете држави, по редица билатерални средби со руската страна, ја засилуваат својата економска, енергетска, а сега и воено-безбедносна соработка со Москва.

    Домашните експерти со кои се консултиравме се сигурни дека со таквиот чекор Москва сака да го зацементира своето влијание во овој дел на Европа, но уште поважно, покажува амбиции да оттргне колку што е можно повеќе држави од прегратката на НАТО.

    Геополитичките експерти велат дека Македонија нема алтернатива за НАТО, таа и природно и идеолошки припаѓа таму, но додаваат дека ние секогаш како држава треба добро да внимаваме на овие настани и да разработуваме стратегии за дејствување, а некогаш и да размислуваме за алтернативи што барем билатерално би ни помогнале да си ја осигуриме својата безбедност.

     Од осамостојувањето не контактираме со Кремљ

    Пензионираниот генерал Митре Арсовски вели дека уште од времето на осамостојувањето на нашата земја од Југославија ние ја заборавивме соработката со Москва на полето на одбраната и безбедноста.
    -Ние, за жал, не го решивме овој проблем со Русија, иако доколку добро соработувавме, тие можеби можеа да ни помогнат многу во областа на одбраната и безбедноста на земјата - вели Арсовски. 

    Генералот објаснува дека ваквата ситуација е најверојатно поради страв да не бидеме лошо разбрани од ЕУ и од САД и самиот контакт со Москва да не биде причина повеќе за губење на поддршката во спорот за името со Грција и нашето членство во Европската Унија.

    -Секој договор од областа на безбедноста, како на пример овој на Словенија и Русија или, пак, оној на Србија, кој би ја подобрил безбедноста на Македонија, е добра работа. Токму затоа велам дека секоја опција заслужува стратегиски осврт и тој треба да се разгледа - објаснува Арсовски.

    Дополнителен мотив, според него, за овој чин треба да ни е самиот факт дека реалноста вели дека иако сме партнери со Алијансата, фактички не сме во НАТО и реално немаме кого да го повикаме на помош ако теоретски бидеме нападнати, иако шансите за тоа се мали, па токму затоа мораме сами да си најдеме други модели, кои би го замениле членството во Северноатлантската алијанса ако некогаш се јави потреба за тоа.

    Што значат настаните за Македонија?

    -Изгледа дека Љубљана игра паметно и се обидува на секаков начин практично да си ја осигури безбедноста на земјата. Дали соработката со Русија е за подобрување на работата на армијата или на полицијата не е битно, единствено е важно дека стратезите на оваа земја се грижат за иднината. Од друга страна, Македонија нема амбиции за размислување од овој калибар и ние единствено се обидуваме што побрзо и по секаква цена да влеземе во Алијансата - размислува универзитетскиот професор Стојан Славевски.

    Тој објаснува дека со овој чин сите земји како Србија и Словенија во нашето опкружување стануваат практично европски носач на руските економски и безбедносни интереси во регионот, што не се во судир со НАТО и со ЕУ.

    Иако приближувањето на Љубљана кон Русија најверојатно е повеќе билатерално и со економска заднина, заради пристигнувањето на рускиот гас на Балканот, сепак професорот советува дека можеби и ние би требало да ги следиме тие чекори и да размислуваме на подолг рок и да контактираме со Москва на ова поле.

    -По неуспехот за влез во НАТО во 2008-та, се чини дека нашата земја нема стратегија што понатаму. Мислам дека секогаш мораме да имаме алтернатива и план Б, бидејќи спорот со Грција може да трае многу долго - вели професорот.

     
       
    Автор: Александар Србиновски
        
        (Нова Македонија)
         16 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 263 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024