Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 2:50 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Балкан [71]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Балкан » Балкан

    НОВ СКАНДАЛ ВО АТИНСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ГРЧКИ ВЛАДИКА СНИМЕН ВО ХОМОСЕКСУАЛНА ВРСКА

    НОВ СКАНДАЛ ВО АТИНСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

    ГРЧКИ ВЛАДИКА СНИМЕН ВО ХОМОСЕКСУАЛНА ВРСКА

    Грчката православна црква се соочува со нов скандал откако грчкиот весник „Акрополис" неодамна објави дека располага со компромитирачки снимки за еден нејзин владика од полуостровот Пелопонез, од кои се гледа дека тој има хомосексуална врска. Снимката с` уште не е објавена во јавност, а Светиот синод на ГПЦ веќе побарал да го добие видеозаписот за и самиот да се увери за што станува збор. Според тврдењето на весникот, станува збор за видеозапис во траење од 32 минути и на кој јасно се гледа во каква врска, недозволена за црквата, се впуштил еден од митрополитите на овој полуостров. На Пелопонез постојат две најголеми митрополии на ГПЦ, на Патра и на Kоринт, кои ги опфаќаат пошироките подрачја на истоимените градови. Грчкиот весник, меѓутоа, не се осмелил јавно да го објави името на митрополитот оти стравувал од можните последици.

    -Црковното раководство треба да преземе итни мерки и да се ослободи од тој митрополит. За неговите постапки се свесни сите други владици. На тој начин ќе се задржи достоинството на еден митрополит - се наведува во статијата во грчкиот весник, која деновиве е пренесена и на дел од верски информативни портали во регионот.

    Во написот, кој го пренесува и бугарскиот портал „Двери", се тврди дека уште четири други грчки митрополити биле запознаени со снимката. Но, истовремено, во грчкиот весник претпоставуваат дека владиката што е во центарот на скандалот, но и самиот архиепископ, не верува оти скандалозната снимка ќе се појави во јавноста. Наводно, поради стравот на весникот и поради стравот на телевизиските станици да емитуваат таков материјал, бидејќи би можело да им се случи судски процес, кој би го иницирал посочениот митрополит.

    Светиот синод на ГПЦ пред некој ден до грчкиот весник испратил писмо со кое го бара на увид видеозаписот.

    -Снимката да биде доставена до главниот секретар на Светиот синод за да можат да почнат постапките предвидени со светите канони на Црквата и со законите на државата - се наведува во синодското писмо.

    Пред неколку години грчките судови дале право во јавноста да се објавуваат компромитирачки материјали за сексуалниот живот на јавни личности ако има влијание на извршувањето на нивните обврски. Сепак, некои телевизиски канали, на крајот, добија и казни.

    Грчката православна црква реагира со голема одбојност и осуда на појавите на хомосексуалност во своите редови. Ваквите појави, меѓутоа, не се ретки во православните цркви во светот, токму меѓу највисокиот клир. Пред неколку месеци, српскиот зворничко-тузлански владика Василиј Kачавенда беше разрешен откако во јавноста се појави снимката на која се гледа како тој се бакнува со младо непознато момче. Претходно, пред да се објави снимката, тој ги отфрлаше сите тврдења за негова хомосексуалност и се закануваше со судските тужби. До врвот на СПЦ, сепак, стасала и друга видеоснимка, на која се гледа дека тој има сексуални односи со четири момчиња.

    Ова е нов скандал, кој ја потресува ГПЦ, која е највлијателна верска заедница во земјата. Во септември годинава, грчките весници објавија скандал во кој десетина грчки манастири биле вклучени во извлекување пари од европските фондови и од грчките државни субвенции. Преку издавање лажни и фиктивни фактури за наводните поправки по храмовите биле наплатени околу пет милијарди евра од фондовите на Европската Унија и од средствата за субвенциите што ги давала државата. Грчките црковни достоинственици најмногу пари извлекле преку фактури со кои прикажувале сметки за извршените поправки и реконструкции во храмовите. Во некои случаи станува збор за стотици илјади евра, кои биле преплатени за наводните интервенции. Ваков скандал произлезе од истражувањата што ги спровела грчката Специјална служба за истражување финансиски криминал, а го објави грчкиот весник „Етнос".

    За малверзациите била применувана вообичаена шема со која манастирите ангажирале подизведувачи, кои определувале цени неколкупати повисоки отколку што била пазарната цена на услугата. Разликата меѓу реалната и наплатената цена од фондовите одела во џебовите на учесниците во шемата. Така, на пример, манастирот „Симонопетра" на Света Гора му одобрил исплата на 600.000 евра и тоа на реставраторот, кој бил затвореник. Во друг манастир на Kрит се откриени фиктивни сметки од 270.000 евра итн.

     

    Бранко Ѓорѓевски

       (Дневник)

        16 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 286 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024