Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 11:10 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Новиот МНТ почнува да работи со три премиери на „Вечната куќа“

    Новиот МНТ почнува да работи со три премиери на „Вечната куќа"

    Нa 7,8 и 9 декември во Македонскиот народен театар ќе се случат трите премиерни изведби на „Вечната куќа" на авторот Јордан Плевнеш и режисерот Дејан Пројковски. Со тоа конечно ќе бидат отворени вратите на новиот објект на Македонскиот народен театар и ќе почне тетарската сезона  2013/2014.

    „За мене беше чеховски сон да напишам пиеса за три женски лика и тој чеховски сон го најдов во цртеж во една архива во Лисабон каде беше нацртана куќа на брегот на Вардар изградена во 1492. Но, за да биде тотален театар не може да биде книга, туку треба да биде куќа. И тогаш сфатив дека во таа пиеса куќата е главниот простор и се раскажа, се случи таа приказна во мојот живот за таа девојка што заминала од куќата покрај реката Вардар, што ги носела 100-те клуча и тука се откри тој чеховски клуч на сопственоста. Значи сега Македонија нема да биде само центар на универзалната идеја за хуманизмот, туку ќе биде простор каде што може да се сондира секоја куќа во светот. Кога ќе застанете во една куќа, сондата ќе биде што се случувало тука каде што седите 3.000 години пред вас. Тоа е идејата на претставата", вели пред премиерната изведба авторот Јордан Плевнеш.

    Режисерот Пројковски истакнува дека претставата „Вечната куќа" зборува за луѓето сега и овде, но и за оние кои претходно живееле на еден одреден простор. Според него, претставата ги собира во себе сите актери кои играле и во античките театри и во театрите низ годините до денес, сите историски духови раскажувајќи ја приказната дека Вечната куќа е една и единствена.

    „Всушност самата претстава наликува на едно патување на човекот во сопственото срце. Патувањето на Стела Бенвениста, главниот лик во претставата, колку што е физичко, од Ерусалим до Скопје, толку е и духовно. Таа доаѓајќи овде со тие 100 клучеви и отворајќи ги одаите го отвора своето срце и тука започнува да патува и да ги бара одговорите на сите прашања. Да ја отвори темата за Бог, темата за семејството, темата за човечкиот живот", вели Пројковски.

    Во претставата учествуваат околу 80 актери, меѓу кои Искра Ветерова, Тони Михајловски, Ѓорѓи Јолевски, Владо Јовановски, Јордан Симонов, Драгана Костадиновска, Висар Вишка, Васил Шишков (го толкува ликот на сопствениот татко Ристо Шишков) и други, голем број на студенти од Факултетот за драмски уметности и од Универзитетот ЕСРА. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Благоја Мицевски, а музиката е на Горан Трајковски.

    Кореограф е Сашо Илиев од Бугарија (мајстор за традиционални и ритуални танци) и нам добро познатиот Сташа Зуровац од Хрватска, а за дизајнот на светлото бил ангажиран неговиот сонародник Денис Шешлиќ, еден од најдобрите во овој домен во светски рамки.

    „Од 7 декември ќе видите едно ново лице на македонскиот театар. И на Македонскиот народен театар и на она што овој талентиран народ може да го покаже со техничките можности. Сега ни се отвора можност да ги реализираме сите оние желби и соништа кои не сме можеле да ги отсонуваме и направиме", ќе рече Дејан Лилиќ, директор на МНТ.

    „Редовно доаѓам на пробите и навистина ми е драго што можам да ја видам таа силна уметничка енергија која ја поседуваат актерите. Посебно ме радува тоа што успеавме да обезбедиме најсовремена аудио и визуелна опрема која што е врвот во технологијата, нешто што многу ретко го поседуваат театрите во светот. Сето тоа ќе биде за нивно успешно функционирање, создавање претстави, копродукции со други држави, покани на други театри да доаѓаат овде и сите заеднички да создаваат дела кои ќе ја отсликуваат нашата уметност, нашата моќ во уметноста и моќта во културата која ја поседуваме", изјави министерката Елизабета Канчевска Милевска.


       (МКД)

       24 ноември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 298 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024