Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 10:00 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    На детските театарски претстави им недостига етичност

    На детските театарски претстави им недостига етичност

    Наместо кич, неподносливо шаренило, агресивна музика и преекспонирана актерска игра, „Фенер" ќе понуди мали, тивки камерни претстави што ги почитуваат и ги следат потребите на најмладите гледачи


    В сабота на програмата е „Приказна за дрвото што се смее" на Државниот куклен театар од Варна, Бугарија

    ПОЧНУВА КУКЛЕНИОТ ФЕСТИВАЛ „ФЕНЕР"

    Фокус на камерни куклени претстави што ги следат потребите на најмладите гледачи наспроти бучни и дречливи претстави, какви што обично им се нудат на децата, е кредото и на годинашниот детски куклен фестивал „Фенер" што почнува утре со претставата „Палечка малечка" на „Буден театар". Фестивалот и годинава е мал по обем што, според организаторите, се должи на ограничениот буџет. 

    Потребно редефинирање од корен

    Театарските форми што им се нудат на децата со години не се освежуваат, а на децата се гледа само преку призмата на бројки, велат организаторите на фестивалот „Фенер".

    - На детскиот театар во Македонија му недостига етичност, затоа што често се прави само со една цел - профит. Му недостигаат суптилност, вкус и длабочина. Потребно е да се збогуваме со клишеата и да се отвориме за нови млади уметници, кои го вложуваат својот креативен потенцијал за да создадат нов театар за деца - вели Милијана Ленак од „Буден театар". 

    Според неа, куклениот театар, кој нуди огромни можности, е малку застапен во чиста форма поради тоа што за работа со кукли е потребна соодветна едукација.

    - Кај нас на прстите на едната рака се бројат луѓето што се обучени да работат со кукли. Се надевам дека наскоро нештата ќе почнат да се менуваат на подобро. Затоа и го правиме „Фенер", за да биде подобро, поубаво и посветло за децата - подвлекува Ленак. 

    Помалите претстави неатрактивни за спонзорите

    Годинашниот „Фенер" се одржува со задоцнување од половина година во однос на ланскиот, поради, како што истакнуваат организаторите, тоталната незаинтересираност на потенцијалните спонзори.

    - Повторно добивме впечаток дека децата во Македонија се маргинализирана група. Година фестивалот првпат доби финансиска поддршка од градот Скопје, и тоа за нас беше силна морална поддршка и знак дека она што го сработивме лани од некого било забележано. За жал, висината на средствата не беше ни оддалеку соодветна на потребите на фестивалот. Повторно бевме принудени да вложуваме многу волонтерски труд и сопствени пари за да го одржиме континуитетот - вели Ленак.

    Фестивалот „Фенер" и концепциски инсистира на помали камерни претстави, што можеби е и една од причините што тој е неатрактивен за спонзорите.

    - Она што ние го презентираме е бравурозна уметност, која кон најмладата публика се однесува со почит. На овој фестивал нема да видите видеобимови на кои ќе се вртат логоата на спонзорите во обид да се манипулираат детските мисли. Со „Фенер" ќе покажеме дека не е важно колку ќе земеме од децата, туку колку ќе им дадеме. За нас е важно секое дете да си замине од претстава исполнето и духовно збогатено - вели Ленак. 

    Најдоброто од регионот

    Годинашниот „Фенер", кој се реализира во соработка со Македонскиот народен театар и со ГЕМ-клубот, а со поддршка од градот и од Бугарскиот културен центар, се фокусира на претстави од регионот, од каде што се обидува да го донесе најдоброто.

    Поканет е Државниот куклен театар од Варна, кој е епицентарот на куклениот театар во Бугарија. Тој е домаќин на најстариот и најдобриот фестивал за куклен театар во Бугарија, „Златниот делфин", кој ја стимулира оваа трупа секогаш да оди чекор напред во она што го работи. Ќе гостува и театарот „Штурче" од Унгарија, кој постојано ги поместува сопствените естетски граници.

    Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Палечка малечка" на „Буден театар", замислена како претстава-прошетка низ различните пунктови за игра, поставени во кафулето „Менада" во Старата скопска чаршија. Претставата е инспирирана од познатата приказна на Андерсен, но е авторско дело на актерката и режисерка Милијана Ленак. Капацитетот на публика е лимитиран и затоа утревечер ќе биде изведена двапати, од 17 и од 19 часот. В сабота на програмата е „Приказна за дрвото што се смее" на Државниот куклен театар од Варна, Бугарија, а на 1 декември „Копче" на театарот „Штурче" од Унгарија. Викендов од 16.30 до 18.30 часот во фоајето на МНТ ќе се одржат креативни работилници на кои децата ќе создаваат фенерчиња, костими и маски. Затворањето ќе биде обележано со прошетка на која децата ќе си го осветлуваат патот од театарот „Центар" до кејот на Вардар со фенерчињата што сами ги создале, придружувани од звуците на хармониката на Јордан Костов.

     
      
    Автор: Мимоза Петревска Георгиева 
     
       (Нова Македонија)
        28 ноември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 325 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024