Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 10:51 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Акцент - Лидија од Македонија!

    Акцент - Лидија од Македонија!


    Нашата писателка Лидија Димковска во Брисел буквално им одржа лекција на Европејците, храбро и достоинствено, како што ретко кој наш политичар би се осмелил да го направи тоа, а веројатно вака експлицитно никој не го сторил тоа. Потоа читаше фрагменти на македонски јазик од својот роман, а на прашањето од водителот на церемонијата како си поминала во Брисел, Димковска одржа краток политички говор за почит

    „Јас сум Лидија Димковска од Македонија, живеам во Словенија", рече нашата писателка вчера на церемонијата на доделување на престижната награда за литература на Европската Унија, која ја освои за романот „Резервен живот", сакајќи да им даде до знаење на организаторите и на присутните во салата дека името на нејзината земја не е ФИРОМ, туку Македонија. Таа буквално им одржа лекција на Европејците, храбро и достоинствено, како што ретко кој политичар би се осмелил да го направи тоа, а веројатно вака експлицитно никој не го сторил тоа. Потоа читаше фрагменти на македонски јазик од својот роман, а на прашањето од водителот на церемонијата како си поминала во Брисел, Димковска одржа краток политички говор за почит. 

    „Нешто чудно ми се случи кога дојдов во Брисел, го загубив гласот, се надевам дека не е нешто симболично, особено поради случајот со мојата земја, која треба да го загуби своето име само за да стане членка на Европската Унија", рече нашата ценета писателка многу симпатично, со малку подзарипнат глас, но глас што сосема сигурно го слушнаа и оние од последните редови во салата. Потоа многу културно ѝ се заблагодари на Европската комисија за наградата, но не пропушти да каже дека благодарноста особено е насочена кон Дорис Пак, која единствено ја нарекла нејзината земја Македонија. 
    Димковска вчера на својата страница на Фејсбук сподели реакција на третманот што го имала во Брисел, каде што цело време додека била таму го употребувале терминот ФИРОМ, па дури и на главната проба за церемонијата една од госпоѓите од администрацијата кога требало да ја повика извикала едноставно ФИРОМ! „Ѝ реков дека нема да излезам ако рече така и на доделувањето", бил коментарот на Димковска. Во реакцијата Димковска, меѓу другото, истакна дека на доделувањето на наградата во Брисел не дошле ниту македонскиот амбасадор ниту нашиот дописник, што е уште една потврда за затајувањето на политиката, а особено на нашата дипломатија, која би требало да биде првата што ќе им даде поддршка на успесите на Македонците во европските земји и, се разбира, да застане во одбрана на нивниот личен, но и на националниот идентитет во случаите на неговото негирање, кои патем дури не се ни инцидентни кога станува збор за културни настани. Вака, по малку непријатно, и Димковска, како и низа други наши уметници претходно, беше ставена во ситуација самата да реагира. Така прават барем оние похрабрите, оние другите веројатно многупати досега морале само да го подголтнат горчливиот вкус во устата. Со ваквиот настап во Брисел таа укажа на лицемерството на Европа и на ваквите европски награди чија цел, по сѐ изгледа само декларативно, е во центарот на вниманието да се стават креативноста и разновидното богатство на современата европска култура.

    Нашата Лидија, Лидија од Македонија, како и истоимената славна хероина што дава верба, утеха, надеж, грижа и љубов, овој пат ја одбрани честа на сите Македонци што, пред или по неа, застанале или ќе застанат на некоја европска бина. Затоа, честитки Лидија, за прекрасниот роман, за наградата, но најмногу од сѐ за смелоста!
     
      
    Автор: Весна Дамчевска

       (Нова Македонија)
       29 ноември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 281 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024