Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-05-07, 0:04 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    Создаваат уметност со две раце, игла и со конец

    Создаваат уметност со две раце, игла и со конец

    Рачно плетената облека и модни додатоци се барани сѐ повеќе. Интересно е што за иглите сѐ почесто се фаќаат и млади луѓе, кои велат дека овој занает има многу бенефиции

     

    Марија Јанева-Трајкова (лево) и Наташа Костадиновска секојдневно добиваат огромен број нарачки

    ПЛЕТЕНОТО Е ВО ТРЕНД

    Иако плетени парчиња има во модната понуда за секоја сезона, сепак зимата е нивното време. Плетени шалови, капи, ракавици и џемпери им даваат посебен шарм на зимските комбинации, а да не зборуваме колку ги прават попријатни и потопли студените и сиви денови. Покрај тоа што се задолжителни за секоја зима, оваа сезона се посебно актуелни, без разлика дали станува збор за облека или за модни додатоци. 

    Интересно е што за иглите сѐ почесто се фаќаат и млади луѓе, возобновувајќи ја традицијата наследена од баби и прабаби. Велат дека овој занает има многу бенефиции - купувачите добиваат облека по мера, желба и боја и штедат пари, зашто е поевтина од брендираната. Изработувачите, пак, освен што на овој начин заработуваат, оваа дејност е и еден вид терапија, која го балансира умот и ослободува од стрес. Нашите соговорнички велат дека чувството е прекрасно кога ќе го видат крајниот производ.

    КВАЛИТЕТНО СЛОБОДНО ВРЕМЕ

    -Првичната идеја беше да плетам за себе и за мојот круг на роднини и пријатели, но работата се прошири и сега веќе имам редовни муштерии и препознатлива сум по она што го работам. Целта ми е, секако, добрата заработка, но и квалитетно искористување на слободното време. Плетењето за мене навистина претставува уживање - вели нашата соговорничка, чии изработки се промовираат под името „Пуне Доре".

    Таа вели дека во почетокот плетела многу едноставни работи, а сега веќе нивото е многу повисоко. Купувачите очигледно се задоволни, зашто секојдневно добива голем број нарачки. 

    -За мене плетењето е уметност, талент што не секој го има. Неверојатно е колку убави работи може да се направат само со две раце, конец и со игла - вели таа. 

    Според неа, рачното плетење долго време е во сенка на готовите производи што се нудат во продавниците, малку подзаборавено како професија. Модните трендови и тенденциите луѓето да се враќаат кон природното, кон традицијата и желбата за рачно изработени уникати, повторно го популаризираат. 

    -Оваа сезона плетената облека и модни додатоци се актуелни и на многумина им се омилени. Плетените џемпери, капи и шалови се задолжителни, а актуелни и најбарани се розовата, црвената, зелената, црната и, секако, белата боја на плетиво, која никогаш не излегува од мода. Моите клиенти најчесто бараат бебешки работи, капчиња, шалчиња, чизмички, а тие ми се и омилени за изработка - вели таа.

    КАПЧЕ И ШАЛЧЕ ПО МЕРА

    Наташа Костадиновска се занимава со овој занает приближно седум години, а активно продава околу пет. Таа вели дека шалот и капата се најважните додатоци за зимата, па токму затоа почнала да ги изработува.

    -Целта ми е секој да има уникатно капче и шалче по мера, кои ќе се издвојуваат од сите други. Мислам дека овој занает пак ќе заживее. Полека но сигурно се популаризира со промоцијата на нови парчиња преку Интернет, кој е најголема реклама. Моите парчиња се промовираат преку фејсбук-страницата „Плетени колачиња" или, пак, на мојот блог со исто име - вели Костадиновска. 

    Најбарани се капчиња и шалчиња што се во форма слична на ролка и топлинки или балетанки за дома. А ги практикуваат и најмалите и возрасните.

    -Секоја сезона во тренд се различни капчиња. Боите зависат од вкусот и барањата на купувачите. Времето на изработка секогаш варира, сѐ зависи од моделот, плетката, дебелината на волницата и иглите што се користат при плетењето - додава Костадиновска.

    И Марија Јанева-Трајкова, иницијатор на фејсбук-страницата „Плетени работи", потврдува дека рачното плетење сѐ повеќе се цени. За тоа говори мултиплицирањето на нејзините муштерии.

    -Нѐ преплави кинескиот пазар. Љубовта кон плетењето се роди од идејата дека треба ја зачуваме таа традиција од времето кога нашите баби и прабаби не купувале облека, туку носеле сѐ од рачна изработка - плетеле, ткаеле и везеле - вели Трајкова.

     
       
    Автор: Сања Јачевска

       (Нова Македонија)
       20 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 960 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024