Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2024-05-06, 2:01 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Култура [129]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Култура » Култура

    На „Пазар3“ се продаваат доајените на македонското сликарство (1дел)

    На „Пазар3" се продаваат доајените на македонското сликарство

    Пастел од Глигор Чемерски се нуди за само 200 евра, графики од Васко Ташковски и акварел од Трајче Јанчевски за по 100 евра, но има и дела што чинат по неколку илјади евра. Најскапото понудено дело е „Акт на млада Циганка" од Никола Мартиноски, кое се продава за 750 илјади денари, или за околу 12 илјади евра

    Скопје доби нов приватен галериски простор, чија примарна цел е продажбата на слики (од отворањето на галерија „Арте")

    ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ГИ РАСИТНУВА ДОМАШНИТЕ ЗБИРКИ 

    Дела од Чемерски, Ташковски, Мартиновски, Личеноски... се продаваат на најпосетениот огласен веб-портал „Пазар3", но и на многу други продажни интернет-страници. Па, така, пастел од Глигор Чемерски се нуди за само 200 евра, графики од Васко Ташковски и акварел од Трајче Јанчевски за по 100 евра. Но има и дела што чинат по неколку илјади евра. Најскапа е познатата слика „Акт на млада Циганка" од Никола Мартиноски, која се продава за 750 илјади денари, или околу 12 илјади евра, пејзаж од Охрид од Лазар Личеноски за 10 илјади евра, а четири слики од Мирослав Масин од серијата со мајмуните може да се купат за 3.000 евра. 

    На интернет-страниците на наши галеристи се нудат и дела на Рубенс Корубин, Станко Ѓоргиев, Стефан Хаџи-Николов, Ванчо Јаков, Вангел Наумовски, Виктор Величковски, Влатко Костовски, но не се дадени нивните цени. 

    Приватен колекционер, пак, ја нуди својата комплетна уметничка збирка за 2.000 евра. 

    Нашите основоположници поевтини од оние во регионот

    Во Србија основоположниците на уметноста чинат меѓу 10-40 евра, а понекогаш знаат да достигнат и до 250 илјади евра. Во Хрватска и во Словенија се движат од 50 до 100 илјади евра. Најскапи слики од Балканот се оние на Паја Јовановиќ. Тие чинат од 100 до 800 илјади евра. 

    Според наши галеристи, уметничките дела на нашите основоположници чинат во просек меѓу 2-8 илјади евра. Сликите на Мартиновски и на Личеновски може да се најдат за по 5-10 илјади евра. Оттука може да се заклучи дека нашите основоположници достигнуваат многу пониска цена од авторите од ист ранг во регионот.

    Галеристите не сакаат јавно да ги обелоденат цените на слики од домашните автори. Велат дека купувачите се добредојдени во галерија, лично да се информираат околу цените, делото и авторот. 

    - Цените на делата се одредуваат во зависност од авторот, димензиите, квалитетот, периодот, зачуваноста, допадливоста. Од самата процена на моменталната состојба (економска) зависи и цената на делата што се продаваат. На нашиот пазар има слики од автори, чии цени се движат и повеќе од реалните. Ние немаме такви дела, за да не ни се случи непријатна ситуација со купувачите. Секогаш гледаме да сме во тек со настаните и да нудиме дела што ја имаат вистинската и актуелна цена на пазарот. Па така, дело од сликар од третата генерација македонски сликари може да чини и 300 евра, но може да постигне и цена од неколку илјади евра - вели Мартин Анѓелов, сопственик на галеријата „Мартин".

      
     
    „Акт на млада Циганка" 
    од Мартиноски се продава 
    за 12 илјади евра
     

    Тешко оди продажбата во приватните галерии 

    Продажбата на слики во приватните галерии, како што велат сопствениците, тешко оди. Во нив, покрај нови и млади сликарски имиња, може да се најдат и дела од основоположниците на македонската современа уметност, но сопствениците велат дека опстојуваат единствено поради љубовта кон уметноста. Од продажбата на дела тешко се заработува.

    Галеријата „Мартин" постои веќе 11 години, а според сопственикот, опстојува од ентузијазмот и од неговата големата љубов кон ликовната уметност.

    - Имаме дела од основоположниците на македонското сликарство: Димитар Пандилов, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Димо Тодоровски, но и од повоената генерација: Петар Мазев, Трајче Јанчевски, Васко Ташковски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Ристо Калчевски, Родољуб Атанасов, Миле Корубин и др. За нив секогаш има заинтересирани, но, за жал, ги купуваат за многу пониска цена од реалната. Но така е на денешниот пазар, некој ќе извлече полза и за добра сума ќе си направи колекција од вредни дела. Паметниот љубител на сликите денес вложува повеќе - вели Анѓелов.
    За жал, генералната слика за тоа како Македонците купуваат ликовни дела нималку не е сјајна. Најголем дел од нив ќе купат колку да си „обелат образ" на некоја свадба или, пак, колку да се пофалат дека поседуваат потпис од некој автор, без да ја знаат вистинската вредност на делото, но има и такви што се ценкаат како да се на пазар.

    - Она што недостига е култура, како и едукација. Неповолните економски услови доведоа до тоа дури и самите уметници да не творат за сопствена душа туку, како што се вели, „за продавање". Публиката е сѐ помалобројна, па тоа се одрази и на сликарството. На уметниците им недостига мотив за творечко сликарство. Само за илустрација, на Запад вредноста на уметничките дела расте и покрај економската криза. Тука уметноста е обезвреднета - вели Анѓелов.

    Rating: 2.0/1
    Views: 2031 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024