Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 11:29 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    9/22 ноември СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ ОНИСИФОР И ПОРФИРИЈ

    СВЕТИТЕ МАЧЕНИЦИ ОНИСИФОР И ПОРФИРИЈ
     
    Овие двајца прекрасни мажи беа мачени за името Христово во времето на царот Диоклецијан. Беа многу биени, а потоа горени на железна леса, па врзувани за опашките на коњите и влечени по камења и трње. Така беа растргнати на парчиња и Му ги предадоа своите свети души на Бога. Нивните мошти се погребани во Пентапол.
     
    ПРЕПОДОБЕН ЈОВАН КОЛОВ
     
     
    Се вбројува меѓу најголемите мисирски подвижници. „Колов" значи малечок, а тој беше малечок по раст. Во Скитот дојде заедно со својот брат Данило и со преголема ревност се предаваше на подвиг, така што брат му Данило мораше да го насочува на умереност. Му беше ученик на Св. Памво, а подоцна на Св. Арсениј Велики. Негов соученик кај Св. Памво беше Св. Пајсиј Велики. Еднаш додека тој и Пајсиј разговараа каков начин на подвиг да превземат, им се јави ангел Божји и му нареди на Јован да остане на своето место и да ги поучува другите, а на Пајсиј да оди во пустината и да живее како пустиник. За да ја испита послушноста на Јован, Св. Памво му нареди да залева еден сув стап забоден во земја, сѐ додека не зазеленее. Без размислување и сомневање Јован го залеваше ова суво дрво три години секој ден, додека навистина, со Божјата сила, не се раззелени и донесе плод. Тогаш Памво ги собра плодовите од она дрво, ги однесе в црква и им ги раздели на браќата, велејќи: „Пристапете и вкусете од плодот на послушанието!" Јован Колов имаше мноштво ученици. Некои од неговите мудри изреки се сочувани. Се упокои мирно и се пресели во радоста на својот Господ.
     
    ПРЕПОДОБНА МАТРОНА ЦАРИГРАДСКА
     
     
    Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ѝ непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград. Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.
     
    ПРЕПОДОБЕН ЕФТИМИЈ ДОХИЈАРСКИ И НЕГОВИОТ УЧЕНИК НЕОФИТ
     
     
    По потекло се Срби и роднини на високи византиски аристократи. Ефтимиј најпрво му беше другар на Св. Атанасиј и економ на неговата Лавра, а потоа основач на манастирот Дохијар. Се упокои мирно во 990 година. Неговиот внук Неофит го наследи својот чичико како игумен на Дохијар, го умножи братството и изгради голема црква. Се упокои во почетокот на 9 век.
     
    СВЕТИ СИМЕОН МЕТАФРАСТ
     
     
    Беше многу надарен цариграѓанин. Имаше и светско и духовно образование. Стана царски логотет и прв големец на дворецот. Но живееше чисто и непорочно како вистински аскет. Се одликуваше и со голема војничка храброст и со државничка мудрост. Заради тоа царот Лав Мудриот многу го ценеше и еднаш го испрати на Крит да преговара за мир со Арапите, коишто во тоа време го беа зазеле овој остров. Откако успешно ја заврши оваа мисија тој се врати во Цариград и наскоро се повлече од светот и од светските работи. Пишуваше житија на светителите, и тоа состави сто давесет и два нови животописи и исправи петстотини триесет и девет. Се упокои околу 960 година. Од неговото тело потече благоухано и исцелително миро.
     
    ПРЕПОДОБНА ТЕОКТИСТА ПАРОСКА
     
     
    Родена е на островот Лезбос. Се замонаши во својата седумнаесетта година. Дивите Сарацени удрија на овој остров и ги заробија сите што им дојдоа под рака, па и Теоктиста со сестра ѝ. Кога Сарацените ги изведоа робовите на пазар на осторвот Парос, Теоктиста им побегна од толпата и се скри. Се криеше во некој напуштен храм сред островот и таму се подвизуваше триесет и пет години. Се упокои мирно во 881 година.
    Rating: 0.0/0
    Views: 435 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024