Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 1:07 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    19/2 декември СВЕТИ ПРОРОК АВДИЈ

    СВЕТИ ПРОРОК АВДИЈ

    Святой пророк Авдий " ХРАМ СВЯТЫХ РАВНОАПОСТОЛЬНЫХ КОНСТАНТИНА И ЕЛЕНЫ
     
    Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдиј собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во сѐ како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно.
     
    СВЕТИОТ МАЧЕНИК ВАРЛАМ
     
     
    Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идолскиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, сѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре. И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот," вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел". А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?" Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година.
     
    ПРЕПОДОБЕН ВАРЛАМ И СВЕТИОТ ПРИНЦ ЈОАСАФ
     
     
    Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот. Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!" Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа сѐ на сѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ.
     
    СВЕТИОТ МАЧЕНИК ИЛИДОР
     
    Од градот Магида во Памфилија. Мачен за верата Христова за време на царот Аврелијан. При тешки маки слушна глас од небото: "Не плаши се, јас сум со тебе!" Фрлен во усвитен бакарен вол, тој прилежно на Бога се молеше...
    Rating: 0.0/0
    Views: 360 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024