Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 10:42 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    ТАЈНИТЕ И ЗАВЕРИТЕ ЗА КОИ ТИЕ НЕ САКААТ ВИЕ ДА ЗНАЕТЕ А ЈАВНО СЕ ОБЈАВУВААТ (1дел)

    ТАЈНИТЕ И ЗАВЕРИТЕ ЗА КОИ ТИЕ НЕ САКААТ ВИЕ ДА ЗНАЕТЕ А ЈАВНО СЕ ОБЈАВУВААТ  (1дел)

    Како функционира светот на информацијата и дезинформацијата и како се сокриваат тајните и заверите кои Тие ги пласираат низ медиумите

       Кои се Тие, тоа до ден денес не ми е јасно, иако мојот познаник со убедување говореше за нив. тој нив ги гледа како една светска елита која владее со медиумите, индустријата, забавата, храната, енергетиката и сите клучни ресурси. Тоа, претпоставувам, би требало да биде некоја светска олигархија, собир на богати и моќни кои управуваат со светот, дел на Запад, од Америка, Велика Британија, дел од Италија, Франција и Германија и фламанските земји со асистенција на моќните и богати јапонци и ретки поединци од другите делови на светот. Често таквата моќ се припишува на Групата Билдеберг, или пак, организацијата позната како Комитет 300, па потоа на семејството Ротшилд, на разните затворени друштва како што се илуминатите, масонеријата, и така по ред.
        Но повторувам, јас не знам кои се Тие, а ниту Тие се тема на овој текст.
        Тема на овој текст се тајните, сокриени или несокриени кои кружат по светот.
      Темата на мојот познаник, а тој е аналитичар на светските процеси, е многу едноставна: "Нема тајни. Се важно е соопштено и се клучно се соопштува преку медиумите. Тајните одамна не се кријат. Денес секој ангажиран може да дојде до суштинска вистина, но не е работата во доаѓањето до вистината, туку работата е која ’вистина’ владее во овој свет, во која вистина масите веруваат и кога која ’вистина’ ќе се активира. Така што имаме паралелни стварности и тие малубројните кои знаат што е вистината и тие многубројните кои веруваат во некои за нив допадливи вистини".
       Кога го слушнав тоа од него дека медиумите соопштуваат тајни и вистини, бев малку заинтригиран, уште повеќе затоа што медиумите се се само не вистински места на информирање, и ако за нешто можам да кажам дека е лажливо, несигурно и превртливо, место каде вистината се кривотвори и деформира, тогаш тоа се токму современите медиуми. Навистина, сите медиуми постанале и очигледно идеолошки обоени, па кога знаеш кој кому од медиумите му припаѓа, лесно ти е да процениш каква обоена вистина ќе и се соопштува на јавноста. Дали вистината ќе биде либерално црвена, безбедно црна или глобална во боите на виножитото.
       Ми одговори: "Токму поради тоа, тајните отворено се соопштуваат низ медиумите, но никој не ги забележува, односно ги забележуваат само оние кои знаат да ги препознаат. И оние на кои им се наменети".
       Признавам дека се тоа ми звучи како малку напрегнато толкување, како некоја игра и лавиринт, па кој го знае патот тој го наоѓа, односно кој знае што да бара тоа и го наоѓа, а останатите талкаат. Како некои шифрирани пораки, а со тоа и прашањето кому се упатени, како да се дочека пораката, во кое време, преку кој канал, се звучи малку без врска. Покрај тоа, денес има толку разновидни извори на информација и вести кои се спротиставуваат едни на други, почнувајќи од тоа што еден ден во весниците се објавува како кафето е добро за срцето, а другиот ден се објавува дека е штетно за срцето. Не го разбирам баш концептот.
       Продолжи: "Тоа што ти не го разбираш концептот е исто така неважно за дадената тема, зашто баш е важно ти да ја добиеш информацијата, а да не ја разбереш, да не ја процесираш правилно. Не ја познаваш агендата, концептот. Така е со поголемиот дел од светот, така е и со уредниците на медиумите и со политичарите кои полуслепо ги спроведуваат тие агенди. Бидејќи тие агенди ги создаваат информативни и сервисни агенции, а нив ги има мал број, и на сите им се дистрибуираат исти вести. Низ прес агенциите ервирани се само информациите кои треба да се слушнат и разберат, со тоа што тајните информации не се процесуираат правилно од страна на масите. Или едноставно читателите не ги слушаат, мислејќи дека се неважни, неинтересни, или од големиот информативен шум не се слушаат и не се гледаат. Често тие информации се пласираат во микро облик, како споредни и неважни. Сепак, некој ги чита и разбира".
      Пак ништо не сфаќам, и понатаму тоа ми делува како научна фантастика, некој нешто говори, за нешто што луѓето би сакале да знаат, за некоја тајна, таа е откриена, а ние смртниците за тоа ништо не знаеме, а би сакале да знаеме. Во што е поентата.

       Продолжи со објаснувањето: "Клучната информација на тој начин ја сознава оној кој е во мрежата на луѓето кои ги делат истите вредности и кои ја очекуваат таквата порака, затоа тие ја препознаваат пораката која се испраќа. Како кога рибарите говорат со свој речник кој обичниот човек не го разбира, бидејќи не е рибар. Тие на тој начин ги известуваат своите следбеници и војници по убедување ширум светот. Покрај тоа, тие низ малите вести, постепено, ги најавуваат се поголемите и поголеми вести и настани. Со децении наназад се знаеше, на пример, дека некои земји како што се Либија, Сирија и Иран ќе бидат на удар на светските сили, само беше прашање на тајминг кога и како. Оној кој го следел тоа можел на основа на тонот на вестите во клучните медиуми да заклучи како настаните се одложуваат и забрзуваат, и во каква состојба се тековните агенди. Така е и со општествените процеси и општествените феномени кои се имплементираат во општеството на глобално ниво. Преку внимателна аналитика лесно може да се согледа образецот како и кога се започнува со садење на некоја идеја, нејзината разработка, па потоа имплементацијата на цел свет. Проблемот во се тоа за обичниот набљудувач е што тој не може да распознае што се квалитетни информации, а што се дезинформации, зашто многу спротиставени извори на информации се трудат, свесно или несвесно, да исконструираат лажни информации. Особено тоа го прават тајните служби и безбедносните извори на информации се трудат, свесно или несвесно, да исконструираат лажни информации. Особено тоа го прават тајните служби и безбедносните агенции во доменот на специјалната војна. Затоа оној кој треба да ја прими информацијата мора да знае од кого ја прима и да ја препознае. Обичен човек тоа не е во состојба, тој е изложен на манипулација на интересните групи и не е свесен дека војната за неговата заглупавеност се води одозгора".

       (Башта Балкана)
        25 ноември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 226 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024