Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 7:00 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    За првпат по десет години наталитетот во Источниот регион е повисок од морталитетот

    За првпат по десет години наталитетот во Источниот регион е повисок од морталитетот


    За првпат по речиси десет години наталитетот  во Источниот регион е подобар од морталитетот. Ова се однесува за месеците јули, август и септември оваа година и е податок кој  е добар за сите.

    Во овој период, во Источниот регион се родиле 434 деца, а починале 428 лица. Иако разликата е само 6, сепак, тоа е бројка во интерес на живите, наспроти досегашната статистика која одеше во прилог на  мртвите.

    Според број на жители, најголем минус, 10 лица, има  Берово,  а најголем плус, 18 во Виница. Од останатите градови, загрижува високата смртност во Кочани, каде за три месеци починале 103 лица,  и во Чешиново-Облешево  16 лица.

    Поединечно, во популациски минус се  сите освен  Штип, Виница, Карбинци и Македонска Каменица, но балансот помеѓу родените и починатите е подобар, па на крајот позитивните 6 жители во Регионот повеќе се добра  причина.

    Причини за овој  тренд има многу, но сега прашањето е колку тој ќе се задржи.

    Во делот на склучени и разведени бракови  најлошо стои Делчево каде  за три месеци од  35  се растуриле  дури 10 бракови.

    За илустрација, во истиот период во Штип се склучиле 101 брак,  но разводи има само кај  три брачни заедници.  Разводи во овој период нема во  Карбинци, Зрновци, Каменица, Пехчево и Пробиштип.

       (Денешен Весник)

       30 ноември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 250 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024