Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 9:38 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    Путин: Забрана за абортусот, црквата ќе биде нашиот морален водич (2дел)

    Путин: Забрана за абортусот, црквата ќе биде нашиот морален водич


    Стивен Мошер, претседателот на Институтот за истражување на населението, истакна дека и покрај владините стимулации, како што е бонус за бебе која нуди 9,000 долари по раѓањето на секое дете по првото, и повиците од рускиот претседател Владимир Путин за семејствата да имаат најмалку три деца, абортусот е сè уште присутен во епидемски пропорции.

    "Се додека општеството не ја препознава вредноста на човечкиот живот и безобѕирно го уништува тоа, ќе биде тешко да се воспостави нова норма за трето дете. Абортусот мора да престане да биде начин на живот во Русија за да преживее нејзиниот народ", рече Мошер.

    Претходно овој месец првиот човек на Комитетот за семејство и деца на Државната Дума, рече дека рускиот народ мора да престане со толерирање на абортусот и на неодамнешниот пораст на сурогатство, бидејќи претставуваат закана за "бришење на населението на Русија”.

    Говорејќи на историскиот форум посветен на 400-то годишнината на руската кралска куќа на Романови, пратеничката Елена Мизулина рече: "Проблемите за превенција на абортусот и промената во јавното мислење кон абортусот во моментов се загрижувачки. Иако бројката на абортуси во Русија опаѓа, таа сепак надминува 5 милиони секоја година”.

    Мизулина додаде дека иако практиката на сурогатство е релативно нова во Русија, општествените импликации се од голема важност.

    "Сè уште можеме да ги запреме последиците од оваа практика. Таа може и мора да се користи само во исклучителни случаи”, објасни Мизулина.

    "Човештвото најверојатно еден ден ќе разбере дека како што се забранува нуклеарното оружје за да се спречи смртта на мајката земја, исто така треба да се забрани технологијата која ја уништува природната средина и природното породување, природниот начин на човечката репродукција”, рече пратеничката.

    Таа верува дека рускиот народ како целина е против сурогатство, бидејќи е воспитан во духот на "Христијанските духовни вредности и семејството како чувар на овие вредности”.

    Законот против абортус е силно поддржан од Руската Православна Црква.

    Патријархот Кирил Московски и на цела Русија предложи серија мерки на веб страницата на Московската Патријаршија, барајќи од Министерството за здравство и социјален развој "зачувување на бременоста-приоритетна задача за докторот” и ги обесхрабри стимулациите за абортус.

    Рускиот Патријарх  исто така се залага за државна поддршка на медиумски кампањи за про-мајчинството, и предложи формирање Центри за кризна бременост во секое породилиште, за да им помогне на "осамените мајки во тешки животни ситуации”.

    Во октомври, претставник на Руската православна црква го критикуваше законот за сурогатска бременост во Русија како "бунт против Бога”.

    Дмитриј Смирнов, претседател на Комисијата за семејството, мајчинството и детството при Московската Патријаршија, коментираше по објавите на руските медиуми во септември дека 64-годишната руска поп-ѕвезда и нејзиниот 37-годишен сопруг имале две деца родени од сурогат мајка.

    "Јас би го забранил ова. Можеме да забележиме дека лошиот пример е заразен”, беше цитиран високиот црковен претставник. "Ова е бунт против Бога, ова е многу среќен фашизам со договор, пари и конфискација на детето".


       (Денешен Весник)

       30 ноември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 223 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024