Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 7:08 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    Земјите на БРИКС ќе создадат независен од САД интернет

    Земјите на БРИКС ќе создадат независен интернет од САД 

       Скандалот со шпионажата на Агенцијата за национална безопасност на САД ги обедини светските држави во намера да создадат независно сајберпространство, сокриено за туѓите очи. Додека Германија се обидува да го создаде на основа на веќе постоечката инфраструктура, земјите на БРИКС го разработуваат новиот "алтернативен интернет".

      Како што соопштува индинскиото издание The Hindu, во Бразил веќе се гради нов кабелен систем, кој дозволува во иднина да се создаде независна мрежа меѓу оваа латиноамериканска земја и такви земји, како Индија, Кина, ЈАР и Русија.
       Должината на огромниот кабел ќе биде повеќе од 33 илјади километри - тоа го прави проектот еден од најамбициозните во сферата на телекомуникацијата. Кабелот ќе поминува под вода и ќе го зафаќа Владивосток, кинескиот град Шантоу, индискиот Ченај, а исто така, и Кептаун во Јужна Африка и Форталезу во Бразил.
       Сега проектот за алтернативна мрежна инфраструктура се наоѓа во завршен стадиум.
       За подобрување на глобалниот опфат мрежата ќе соработува со други континентални кабелни системи во Азија, Африка и Јужна Америка. Таа ќе дозволи да се обезбеди пристап на интернет во 21 африканска земја. Според прогнозите, кабелот ќе биде готов за работа во втората половина на 2015 година.
       Впрочем, како што сметаат некои технички експерти, мрежата сепак може да биде достапна за шпионирање од страна на специјалните воени единици на САД, кои се научени да ги ловат информациите од подводните кабли уште од епохата на "ладната војна".
       Постои надеж, дека постојаните проверки и контрола на мрежата ќе дозволи таа да се заштити од американските спецслужби. Но заканата врз инфомационата безопасност на земјите на БРИКС може да биде отстранета само во рамките на соработка со политичките лидери, IT-компаниите и, возможно, војската.

       (РТ на руски јазик)
        6 декември 2013
        
    Rating: 0.0/0
    Views: 229 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024