Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 11:10 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    10 причини зошто Русите не се насмевнуваат (1дел)

    10 причини зошто Русите не се насмевнуваат

    Странците сметаат дека Русите се намуртени, премногу сериозни, дека „никогаш не се смеат" или дури и дека „не умеат да се насмевнуваат". Ова често се толкува како отсуство на љубезност, но не е така. Кај Русите насмевките се мошне специфични и имаат сосема друга, често спротивна функција, за разлика од другите народи.
    10 причини зошто Русите не се насмевнуваат

    Во Русија постои таканаречен „феномен на сфатливо отсуство на насмевката". Тоа е една од највпечатливите и национално најспецифичните карактеристики на невербалната комуникација кај Русите и кај нивното однесување воопшто. 

    Можат да се издвојат десет најспецифични национални карактеристики на руската насмевка:

    1. Русите најчесто се насмевнуваат само со усните, а мошне ретко при насмевнувањето се гледаат забите; насмевката која ги открива сите заби се смета за вулгарна, па се нарекува церење или „коњска насмевка". 

    2. Во меѓусебната комуникација Русите насмевката не ја сметаат за гест на учтивост. Учтивата насмевка која на човека не му се симнува од усните, Русите ја нарекуваат „дежурна насмевка" и ја сметаат за лоша особина. Според нивното мислење, така се насмевнуваат неискрените луѓе кои не сакаат да ги покажат своите вистински чувства. 

    Возрасните им велат на децата: не кикоти се, на училиште треба да се биде сериозен, не смешкај се додека учиш или кога со тебе разговара некој возрасен. 

    3. Русите не им се насмевнуваат на непознати луѓе. Насмевка им се упатува главно на познаници. Затоа продавачките не им се насмевнуваат на сите купувачи, туку само на оние што ги познаваат.

    4. Русите на насмевка не секогаш одговараат со насмевка. Тие нема автоматски да возвратат со насмевка дури ни на познаник. Насмевката од познат човек повеќе се смета како повик за контакт и за разговор. 

    5. Насмевката кај Русите е знак на лична наклонетост кон определена личност. Тие им се насмевнуваат само на познаниците зашто кон непознатите не чувствуваат лични симпатии. Затоа на насмевка од непозната личност, Русите можат да возвратат со прашањето: „Се познаваме ли?". 



    Rating: 0.0/0
    Views: 335 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024