Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 8:18 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    ВО ВЕСНИК ОД 60-ТИТЕ НАЈДЕНА СТАТИЈА „Југославија во 2000 година“: како во 1969-та ја замислувале иднината (1дел)

    ВО ВЕСНИК ОД 60-ТИТЕ НАЈДЕНА СТАТИЈА

    „Југославија во 2000 година": како во 1969-та ја замислувале иднината

    „Какви уште чуда на технологијата нè очекуваат во иднина? Како ќе изгледа нашиот свет на крајот на милениумот? ТВ Новости ќе се обиде да ја заскокотка фантазијата на своите читатели испитувајќи го уредникот на Борба Стане Станиќ", пишува во статијата што од издание на ТВ Новости објавено уште во 1969 ја пренесува блогот Југопапир.

    Статијата „Југославија во 2000" вели:

    „Визијата на живот што нè чека по три децении, а кој ќе го дочекаат две третини од денес живите Југословени, не е интересна само како куп привлечни претпоставки, податоци за животниот стандард за кој денес може само да сонуваме, туку и како една крајна сериозна опомена дека во секоја област е потребно долгорочно планирање без кое се можни многу фатални грешки.

    До 1985 на ниво на Франција

    Врз основа на трендовите во 1962-1967 година, Стаиќ предвидува дека во 1985 година би биле на ниво на денешна Франција.

    Американските футуролози светот во 2000 година го гледаат поделен на шест групи: видно постиндустриска (со 60-200 долари по жител), во развој (со 200-600 долари), зрела индустриска (со 600-1500 долари), високоиндустриска (со 1.500 до 4.000 долари), рано постиндустриска (од 4.000 до 16.000 долари) и шестата група, високо постиндустриска, со над 16.000 долари по жител.

    Според пресметките на економистот Милош Синѓиќ, ние во 2000 година ќе остваруваме по 2.520 долари по жител, односно ќе бидеме во групата на високоиндустријализирани земји. Имено, ние тогаш всушност ќе го достигнеме стандардот што Шведска го имаше во 1965 година, а која денес е една од најбогатите земји во светот.

    Југославија за триесет години ќе има и десет милиони жители повеќе отколку денес - околу 30 милиони.

    „Лејзери" и облека од хартија

    Во меѓувреме, светот ќе се промени. Еве некои предвидувања што зборуваат за тој иден свет:

    Седумдесет проценти од производите што ги користиме денес до 2000-та ќе бидат заменети со комплетно нови. Веќе се најавени стотици нови откритија, кои во наредните триесет години ќе го преобразат сегашниот начин на живот.

    Чудесните светлосни зраци „лејзери" дефинитивно ќе влезат во сите сфери на животот и ќе создадат сосема нови начини на телекомуникации.

    Иднината ќе се карактеризира со нови материјали, отпорни на високи температури, суперотпорни ткаенини. Жените ќе купуваат облека за еден ден, за едно претпладне, поконзервативните мажи и за една деценија, ако така сакаат – но сето тоа од хартија.

    Не е исклучен, макар што до крајот на овој век е помалку веројатен, и директен пристап до човековата меморија, зголемување на човековите интелектуални способности со непосредно поврзување на човековиот мозок со електронскиот сметач, сето тоа со видно подмладување или продолжување на човековиот век до 150 години!


    Rating: 0.0/0
    Views: 335 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024