Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 8:19 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    ВО ВЕСНИК ОД 60-ТИТЕ НАЈДЕНА СТАТИЈА „Југославија во 2000 година“: како во 1969-та ја замислувале иднината (2дел)

    ВО ВЕСНИК ОД 60-ТИТЕ НАЈДЕНА СТАТИЈА

    „Југославија во 2000 година": како во 1969-та ја замислувале иднината


    Луѓето ќе живеат 150 години

    За луѓето полесно да проживеат 150 години, колку што ќе трае животниот век околу 2000-та, тие ќе применуваат хемиска и биолошка контрола на карактерот и на интелектуалните процеси. Освен тоа, предвидуваат футуролозите, во последните три децении на овој век ќе биде можно вештачко создавање интелигенција, вештачко размножување на нови органи и екстремитети или запирање на нивните витални функции за неколку години или дури и векови.

    Ќе биде можно потребните знаења да се стекнуваат со помош на хемиски и механички методи за подобрување на меморијата и на процесите на учењето, како и за подобрување на човековите способности за интелектуална анализа. За да се постигне ова, ќе се користат и нови техники за зачувување и за стекнување разни нови телесни способности потребни за сè посложениот живот во иднината.

    Во масовна употреба ќе бидат нови, побезбедни средства за контрола на заморот, техники на опуштање, за поттикнување на виталноста, стимуланси за духовна работа и зајакнување на индивидуалноста, моќта на перцепцијата, зголемување на имагинацијата и на други психички способности.

    Во 2000 година луѓето ќе се раѓаат со поевтини, попрактични и побезбедни нови медицински техники. До крајот на овој век ќе може да го избираме и полот на своите деца и да влијаеме, благодарение на разните видови генетска контрола, врз основната конституција на поединци и, ако сакаме, ќе го менуваме и полот на возрасни лица.

    Брзото и безбедно отстранување на вродените и наследни недостатоци ќе им донесе радост на милиони, а здравјето и вербата во животот ќе ги враќа и замената на заболените органи со вештачки, или со трансплантација од други организми.

    Вештачка месечина и рај на Земјата

    Новиот изглед на лицето, новиот пол, менувањето на тенот или на боја на кожата ќе бидат многу полесни од денес, а медицинската нега и во неразвиените земји ќе биде на високо ниво.

    Човекот на иднината ќе работи со денес незамисливи удобности. Ќе има, на пример, и повеќе светлина, која ќе ја дава вештачката месечина, и други методи за осветлување големи површини.

    Кога човек ќе се умори, ќе може да се забавува и во сон. Футуролозите предвидуваат дека ќе биде можен стимулиран, однапред програмиран сон – кино во кревет, веројатно во боја.

    Автоматски продавници и стоковни куќи ќе нè снабдуваат и со синтетичка храна и со пијалаци полни со протеини, ензими, витамини.

    Атмосферата, поради зголемените количества штетни гасови и зголемената радиоактивност, ќе биде под постојана контрола. Ќе се најдат начини во атмосферата да се уфрлаат кислород и разни агенси, кои ќе обезбедуваат што поповолен воздух и температура за шесте милијарди бели дробови низ целата Земјина топка.

    Сахара - цветна градина

    Сахара и другите пустини ќе се претворат во цветни градини, струјата и другите форми на енергија ќе бидат речиси бесплатни. Футуролозите најавуваат како можност - корекција на Сончевиот систем! Ништо помалку!

    Меѓу десетте, како што ги нарекуваат футуролозите, далечни можности, доаѓа и – човековиот век продолжен не само до 150 години, туку и до бесмртност!

    Меѓутоа, на научниците се чини ни тоа не им е доволно. Тие ја дозволуваат и можноста за корекција на човековиот род со помош на други видови и создавање сосема нов човек, човек со нови квалитети и форми, потомок на денешниот хомо сапиенс.

       (Индекс, МКД)

       15 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 279 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024