Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2024-05-06, 3:11 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    Магичното дејство на темјанот

    Магичното дејство на темјанот

    Познат уште како Мирисот на Сонцето и Божествени солзи, темјанот има речиси магично дејство. А квалитетите на оваа смола не можат да се избројат . Што претставува темјанот и што се лекува со него?
    temjan-630x420

    Што претставува темјанот ?

    Темјановото дрво или Босвелија се имиња на едно и исто лековито растение , кое што се среќава во Источна Африка , Арапскиот Полуостров , Индија . Тоа се користи во парфимеријата заради мирисот , а смолата која се добива од него се користи во медицината и е позната под името темјан .

    Што се лекува со темјан ?

    Темјанот има силно антиинфламаторно и аналгетско дејство, ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунолошкиот систем , се проценува дури дека може успешно да се бори со некои канцерогени клетки.

    Темјанот е докажан ефикасен лек кај артритис и голем број на болести на локомоторниот апарат . Помага при отоци и грчеви во мускулите , го намалува бројот на напади на астма , лекува воспалителни болести на цревата како гастричен колитис , и помага при камења во бубрезите .

    Бидејќи темјанот има опојно дејство , се смета дека е добар антидепресант , помага при стрес и страв. Се користи како метод за лекување не само во психотерапијата , но и во ароматерапијата . Има смирувачки ефект , помага при несоница.

    tamjan-e1360009620913

    Третман со темјан

    Има два вида – надворешно ( преку вдишувањето на чадот или преку компреси со темјан ) и внатрешен прием , при што треба темјанот да се голта , без да се допира до забите , бидејќи води до поцрнување.

    При астматичен бронхитис –  се вади срцевината на 3 јаболки , во кои се става темјан , по што се покрива со капаче од јаболкото и се пече во рерна . Секој ден во текот на 5 дена се јадат по 3 јаболка на ден пред јадење.
    Настинка и отежнато дишење – волнено парче ткаенина се  посипува со оцет , темјан и црн пипер и се става на градите .
    Шипови – варен грав и мед се мешаат со темјан и се компресира од смесата врз болните места. Се повива со крпа и се спие со компресата .
    Камења во бубрезите – по едно парче темјан се пие секое утро на гладно или се голта , на тој начин што се увива во леб и мед.

    Интересно за темјанот

    Египќаните подготвувале маски за подмладување на лице од темјан. Го користеле и за балсамирање, помешан со смола од кедрово дрво и мускатово масло.
    Древните Кинези верувале дека инхалации со чад од темјан го прочистува умот и душата.
    Во муслиманскиот свет се бркат злите духови со темјан.

       (bidisvoj.mk, Денешен Весник)

       22 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 2129 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024