Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-05, 4:05 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Реакција од кустосите вработени во Археолошкиот музеј при Музеј на Македонија

    Реакција од кустосите вработени во Археолошкиот музеј при Музеј на Македонија


    Реакција 

    од кустосите вработени во Археолошкиот музеј при Музеј на Македонија, поврзан со кражбата на археолошки артефакти во НУ Музеј на Македонија.


    Заради генерациите археолози и музејски работници кои низ годините ја создаваа и промовираа македонската археологија, музеологија и музејската пракатика и денешната генерација музејски работници, како професионалци со работно искуство од 10-35 години во Музејот на Македонија, се сметаме повикани да посочиме на одредени детали поврзани кои се погрешно интерпретирани во медиумите. 

    Сакаме да нагласиме дека: 

    1. За збирките во Музејот на Македонија се води потребната документација за музејскиот фонд на предмети. Благодарение на ваквата евиденција беше можно да се направи и вонредната ревизија/прверка на материјалот, на барање на полицијата, а со која ревизија се утврдија штетите од настанатата кражба. 

    2. Во Музејот на Македонија, по разни основи се прават ревизии на инвентарот. Така, во 2008/9 година, во постапка на Управата за Заштита на Културното наследство, археолошките збирки беа валоризирани заради нивно ставање под повисок степен на правна заштита. На барање на истата институција, во периодот од 2011 до 2013 година беа правени каталошки единици за предметите што треба да бидат изложени во новиот Археолошки музеј и притоа немаше недостаток на музејски материјал. 

    3. На барање на Управата за заштита на културното наследство во 2009 година, а заради претстоечкото селење во новиот Археолошки музеј на Македонија, сите експонати беа спакувани и депонирани во депоата и во трезорот во НУ Музеј на Македонија. Станува збор за простории кои се обезбедени, а до кои пристапот се набљудува со камери.

    4. Секое влегување на кустосите во наведените простории се евидентира во посебна книга и се одвива исклучиво во присуство на ракувач на депото. Ракувачот на депото има работна обврска да се грижи за редот и состојбите во депоата и навремено да информира за сите можни промени и недостатоци. 

    5. Од првиот направен информативен разговор на полицијата со вработените, до денес, сите кустоси активно и целосно соработуваат со полицијата, со цел да се помогне во истрагата.

    6. По откривањето на кражбата на артефакти во две збирки, сите кустоси, на барање на полицијата направија Комисиска ревизија и на останатите збирки. Притоа беше констатирано дека недостасуваат 121 предмет, исклучиво златен накит од вкупно 4 збирки.

    7. Пописните комисии констатираа дека во грабежот, целиот украден материјал бил избиран, односно украдени се само цели предмети додека оштетените предмети биле оставени.

    8. Во месец Октомври оваа година, при постапката на еден од кустосите да направи редовен увид во материјалот во една од збирките, се констатираше дека недостасуваат предмети од збирката, по што ракувачот на депото приложи предмети од други збирки. Оваа состојба веднаш е пријавена кај надлежните лица во Музејот, кои констатираа дека дел приложените предметите се од збирката Исар Марвинци, од која потекнуваат најголем дел од украдените предмети. Случајот веднаш беше пријавен на надлежното Министерство за Култура, Управата за заштита на културно наследство и на Полицијата.

       (Археологика)
        23 ноември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 298 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024