Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-05, 1:31 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Фалсификуваните пасоши се изработувале во Скопје

    Фалсификуваните пасоши се изработувале во Скопје

    Организираната криминална група составена од тринаесет луѓе подолг временски период фалсификувала различни видови документи соопшти вчера полицијата

    Детали од операцијата „Орион"

    Организираната криминална група составена од тринаесет луѓе подолг временски период се занимавала со набавување различни странски и домашни документи, оригинални важечки документи и фалсификувани бланко-обрасци и со соодветна опрема вршела исправки или вметнувала податоци и фотографии од лица „нарачатели" на фалсификуваните документи. Завчера во Скопје се апсеа некои од овие лица, на кои веќе им е одреден притвор. Акцијата на полицијата е со кодно име „Орион". 

    Три члена на групата, на возраст од 25 до 33 години, биле задолжени да пронаоѓаат лица од Македонија што се заинтересирани да им се направат фалсификувани документи што ќе може да ги користат за регулирање на својот престој во Германија. Тие добивале податоци за лицата, нарачатели  од пет члена  група од Германија, од кои еден е албански државјанин. Потоа сите податоци ги доставувале до првоосомничениот, кој ја вршел изработката на фалсификуваните документи, а по нивното изработување ги предавал на двајца други членови, кои вршеле доставување до нарачателите или до сопственикот на туристичката агенција ФБИ-компани од Скопје, кој ја користел за испраќање на документите. Тие биле испорачувани и преку „Дехаел" и „Федекс" до Германија. Овие лица по наплатата, дел од паричните средства му ги испраќале директно на првоосомничениот или, пак, преку второосомничениот, користејќи ја услугата на Брз трансфер на пари. Цената за услугата била од 800 до 1.500 евра, додека во Германија на лицата за кои биле наменети им се наплатувала повисока цена. 

    Во текот на истрагата германската полиција пронашла 48 лични документи, и тоа пасоши, лични карти, возачки дозволи од повеќе држави (италијански, бугарски, белгиски, холандски, грчки, словенски, фински и др.) наменети за 38 лица, кои биле изработени во Македонија и потоа испратени на повеќе различни адреси во Германија.

    Во текот на акцијата во Македонија биле приведени петмина, додека другите лица не им се достапни на полициските органи и по нив се трага.


       (Нова Македонија)

        23 ноември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 273 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024