Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-05, 2:35 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Дваесетметарски јарбол со албанско знаме поставен во Лабуништа

    Дваесетметарски јарбол со албанско знаме поставен во Лабуништа

    Струга - Денеска, во струшко Лабуништа, на плоштадот „Мустафа Али Паша", проследено со интонирање на албанската химна и без ниту еден државен симбол, беше подигнат 20. метарски јарбол со државното знаме на Република Албанија. Најголем дел од жителите на ова село, кои на последниот пописмнозинството, се изјасниле како Албанци, иако се всушност Македонци-муслимани, велат дека се горди што после 20 години им се исполнила желбата во центарот на Лабуништа да биде подигната албанското знаме. Додаваат дека ова не значело поделби, туку напротив и после ова остануваат лојални грагани на Република Македонија. 

    На денешната прослава беа присутни речиси сите жители на Лабуништа, како и привите луѓе на струшката организација на ДПА. Настанот беше организиран по повод 28-ми ноември, Денот на албанското знаме, за што градоначалникот на Струга, Зијадин Села одржа поздравен говор само на албански јазик. Никој од струшката локална самоуправа не сакаше да каже кој е организатор на овој настан. Оттаму денеска не дадоа одговор дали поставувањето на знамето е согласно законите и дали за вакво нешто ја имаат потребната документација.

    Жителите во Лабуништа велат дека во процент од 50 до 60 посто го знаеле албанскиот јазик. Со овој покажале дека се враќат на старото - албанското што им било одземено во времето на Југославија.

    - Уште во 1993 година имавме иницијатива за поставување албанско знаме. Но, тогаш беше друго време, сега е друго. Тогаш не беа созреани условите и не беа добри меѓунационалните односи. Ова е знаме на албанскиот народ од Струга до Америка и тука нема нисто спротивно од законот. Ние немаме предрасуди. Ова е јарбол, а кога имаме празници верски и државни ги поставуваме сите знамиња и албанското и државнпто знаме, со ова немаме никакви територијални претензии према Република Македонија, вели Алија Тафили, жител на Лабуништа.

    Малиот број Македонци кои живеат во Лабуништа се изјаснуваат дека е неизбежбно да стојат двете знамиња, но и македонското и  албанското:

    - Изманипулиран е народот од политичарите и тоа од сите. На народот му е препукнато од све. Знамето сега ќе се вее тука. Треба да има и македонско и албанско знаме.

    Од политичките организации од Струга, засега реагираа само од Општинскта организација на СДСМ, од каде велат дека станува збор за манипулација со граѓаните на ова струшко село:

    - Со ваквата практика на коалициските партнери на власта во општина Струга, ДПА и ВМРО ДПМНЕ, како што е денешниот случај во Лабуништа, уште еднаш се покажува дека граѓаните се користат исклучиво за нивните ситнопартиски пазарења. СДСМ секогаш ќе се залага за почитување на законската регулатива на Република Македонија и за градење на вистинска доверба меѓу граѓаните во мутиетничка Струга, вели Даме Ложанкоски, претседател на струшкиот огранок на СДСМ. (В.М)


       (Утрински Весник)
        28 ноември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 358 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024