Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-05, 8:02 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Албанците знамето го употребуваат за да обележат територија

    Албанците знамето го употребуваат за да обележат територија

    Се навикнавме секоја година да го „славиме" Денот на албанското знаме, иако тоа е знаме на друга држава. Секоја година со нетрпение и возбуда чекаме да видиме дали албанското знаме со кое вообичаено ја обвиткуваат стоковната куќа Мост ќе биде уште поголемо од претходната година. Да,годинава е во Дебар.

    Албанците во земјава успеаја да го протнат знамето на државата Албанија како нивно национално знаме, но секаде во светот знамето е симбол на држава - албанското знаме е симбол на албанската држава и тоа може да биде поинаку само во нашава земја, каде што многу работи се изместени и не соодветствуваат на тоа што е нормално во повеќето земји во светот.

    Еве што пишува на Википедија во страницата посветена на националните знамиња: „Национално знаме е знаме кое симболизира земја. Знамето се вее од страна на владата, но исто така и од граѓаните на земјата. И приватните и јавните згради како што се училишта и судови може да го веат националното знаме..."

    Во Енциклопедија Британика може да прочитаме: „Боите и дизајнот на националните знамиња не се случајно избрани, туку произлегуваат од историјата, културата или религијата на одредена земја."

    И покрај овие факти, подолг временски период во земјата никнуваат јарболи со големи албански знамиња, такви знамиња се поставени во околината на Зајас, Кичевско, но и низ други места во земјава, сега имаме најава за поставување на 20-метарски столб со албанското државно знаме и во Лабуништа, Струшко, каде што населението го зборува македонскиот јазик и е со исламска вероисповед. Албанското државно знаме се истакнува на училишта, прослави по повод почеток на академска година на државни универзитети, по улици...

    И не само тоа, покрај албанското знаме никнуваат и разни споменици како споменикот на „Албанската мајка" кај Зајас, споменици на двоглави орли (како што е тој на Бит-пазар во Скопје)...

    На овој начин се врши еден вид обележување на делови на западна Македонија со симболи на државност на друга држава (албанската) и на тој начин се прави обид да се минимизира, оневозможи и постепено да се разгради државноста на еден дел од територијата на земјата.

    Претходната година бевме сведоци на скапи и велелепни прослави на државност на туѓа држава на наша територија, поточно централната прослава се одржа во нашиот главен град Скопје, со присуство на албанскиот и на косовскиот премиер и со истакнување албански знамиња низ цел град, како и за време на прославата во салата „Борис Трајковски".

    Ако од една страна можеме до некаде да очекуваме вакво однесување од припадниците на албанската заедница кај нас, кои тежнеат кон што поголемо промовирање на нивната посебност и националност со преминување на некои вообичаени граници на пристојноста и умереноста за да не ја навредат најголемата етничка заедница во државата - македонската, изгледа дека тоа е поттикнато и од индиферентниот и молчалив однос на македонските претставници во власта. Тие упорно замижуваат на овие појави и отсуствува каква било реакција од владата и министерствата. Дали тоа е заради „мир во куќата", односно со цел да не се предизвика поголема дестабилизација на земјата или македонскиот дел од власта е уценет со излегување од Владата на ДУИ ако се наруши оваа практика не знаеме, но факт е дека на овој начин полека се разјадува државноста на македонската држава и забрзано одиме кон федерализација и можна сецесија на делови од државата и припојување кон друга држава. Ако ова е факт што не ги загрижува нашите државни органи, што да прави обичниот македонски граѓанин во Струга, Кичево, Тетово, Гостивар и Дебар, каква верба да гради во својата држава и едноставно, кој пат да го фати? Дека нешто може да се направи и дека не треба да се седи со скрстени раце покажаа граѓаните на Струга, кои по своја иницијатива покажаа голема храброст и решителност и истакнаа стотина македонски знамиња на денот на нашата државност, нешто што требаше да го направат органите на општината, кои се финансираат од државни пари на државата Македонија. Во земјава пред извесно време се донесе Закон за знамиња со консензус и за него гласаа и претставниците на албанската заедница во власта. Тој закон јасно пропишува како може да се користи знамето на заедницата и во кои пригоди, во кој формат. Секое прекршување на овој закон треба да го санкционираат органите на власта задолжени за тоа, но во практиката тоа не се случува.

    Оваа ситуација трае веќе неколку години, односно се интензивира по кратката војна во 2001 година, кога се усвои рамковниот договор, кој требаше да ги смири состојбите и да ѝ даде поголеми права на албанската заедница, но тој договор изгледа се користи само како параван за одредени сецесионистички цели на албанските лидери и од ден на ден состојбата се влошува. Гледаме дека расте нетрпеливоста и дека се зголемува бројот на тепачките низ Скопје и низ други места и на терен не се забележува градењето на соживот. Напротив. Индолентноста и молчаливоста на македонските власти не помагаат да се реши проблемот, кој станува сè посложен. Попуштањето, добронамерноста и замижувањето на овие појави се третираат како слабост, а не како доблест.

    Не сум поборник на репресивни акции и полициски мерки, но треба да има граница во однесувањето на етничките заедници и не може една заедница да се однесува како што сака. Затоа се законите и уставот, кој мора да го почитуваат сите, без разлика на националноста и верата. Ако сакаме да ја зачуваме државата, треба да се преземат решителни мерки, пред сè да се разговара за проблемот и да се најде по можност заедничко решение меѓу претставниците на сите поголеми етнички заедници во државата, првенствено македонската и албанската. На тој начин ќе се постигне внатрешна релаксација на односите во државата и дури и нашата надворешна политика ќе биде поуспешна. Но изгледа оваа релаксација и градењето соживот во државата не им одговара на некои значајни фактори (внатрешни и надворешни), па тензијата постојано се одржува и се подгрева. Жално е што најмногу страда обичниот граѓанин, Македонец и Албанец, станавме држава во која родителите се плашат да испратат дете на училиште со автобус и стравуваат дали ќе се врати живо и здраво дома.

    Тони Димитровски


       (МКД)

       28 ноември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 360 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024