Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 1:04 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Македонија е врела точка во Европа за флора и за фауна (1дел)

    Македонија е врела точка во Европа за флора и за фауна

    Пензиониран како кустос-советник во Природонаучниот музеј во Скопје, а сега ангажиран како професор на Тетовскиот универзитет, Владимир Крпач ги проучува инсектите со видлив ентузијазам. Негова посебна страст се пеперугите


    Во Македонија живеат 203 дневни пеперуги, објаснува Крпач

    ВЛАДИМИР КРПАЧ, ЕНТОМОЛОГ

    Пеперугите се мојата страст. Пред сѐ, тука е нивната колоритност, нема други такви инсекти со мноштво облици и раскош на бои како пеперугите. Ова секако се должи на нивниот еволутивен развој долг 135 милиони години. Првите фосилни сведоштва датираат од времето на преминот на геолошкиот период јура во креда. Денес се познати 100.000 живи видови пеперуги и тие се на второ место по бројност во класата инсекти, раскажува професорот Владимир Крпач, ентомолог, стручњак за пеперуги.

    ДВЕ КЛИМИ - УНИКАТНИ ВИДОВИ

    Всушност неговата потесна специјалност се осоликите муви, на кои докторирал, но пеперугите ги проучува за свое задоволство. 
    - Пеперугите се доста проучени и тука нема многу простор за докторат. Но тоа е страст, не можете да го објасните тоа - вели тој и додава дека уште како дете бил заинтригиран од светот на бубачките, па на некој начин било извесно дека ќе му станат и професија.

    Според податоците, на територијата на Европа се познати околу 400 вида дневни пеперуги, а од нив во Македонија живеат 203. Ноќните се побројни и заедно со дневните достигнуваат бројка од 2.261 вид. Живеат кратко, најголемиот дел од нив не подолго од една година, а само некои видови ја поминуваат зимата и живеат две години. Но затоа оставаат милиони јајца и тоа е клучот за нивниот опстанок.
    Иако Македонија е мала земја, многу важно е што има судир на две клими, што условува појава на видови што ги нема на друго место, објаснува Крпач. 

    - По долината на Радика од јадранскиот слив навлегува медитеранска клима, а по долината на Вардар до Скопје доаѓа влијанието од Егејот. Другата клима е континенталната, која доаѓа од север и најголемо влијание има на планините што се високи повеќе од 2.500 метри. Наспроти нив, имаме и ниски и пространи долини, како Овче Поле и Пелагонија. Ваквиот микс и различната стратиграфија условуваат присуство на разновидни растителни заедници. Тоа, пак, овозможува висок степен на диверзитет и кај инсектите и присуство на ендемски видови што ги нема на друго место - вели ентомологот.

    Тој објаснува дека токму поради ваквата поставеност, Македонија е хотспот, врела точка во Европа за флора и за фауна, и затоа тука вршеле проучувања голем број странски ентомолози, особено австриски и германски. 

    ЗА ФОРЕНЗИКА Е ПОТРЕБНА ПОСЕБНА ОБУКА

    Фантастичната способност на Гил Грисом со помош на бубачките да решава случаи на убиства во популарната серија „ЦСИ" не е научна фантастика. Крпач објаснува дека за тоа се потребни дополнителна обука и соодветна опрема.

    - Кога почнав да работам ентомологија многу бев заинтересиран за форензика, но остручувањето во Англија чинеше многу и требаше некој да го плати. Иако ги познавам инсектите и можам да навестам кои видови инсекти се појавуваат во близината на трупови и масовни гробници, сепак за тоа е потребна дополнителна обука - вели ентомологот.

    Тој објаснува дека во зависност од тоа колку е стар трупот, на него доаѓаат одредени видови муви. Според нивното присуство може да се одреди каде има труп и колку е стар.
    - На овој начин, еден англиски стручњак одреди каде беа масовните гробници на Косово - објаснува нашиот соговорник.


        (Нова Македонија)
         6 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 278 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024