Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 11:33 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Македонија е врела точка во Европа за флора и за фауна (2дел)

    Македонија е врела точка во Европа за флора и за фауна



    Магичен симбол

    Пеперугите од најстари времиња го фасцинирале човечкиот род. Нивното шаренило, леснотијата во летот, веселата природа и метаморфозата се инспирација за многу легенди и митови, вткаени во различни култури.

    Уште пред 3.500 години Египќаните користеле мотиви од пеперугите за сликање по ѕидовите на гробниците на фараоните. Античките Грци од Микена (1.300 години пред новата ера) употребувале мотиви од пеперуги за декорирање златен накит (откритија од гробовите на античките владетели). Верувале дека пеперугата ја претставува душата на покојникот, која во смртниот час го напушта телото и симболизира бесмртност.

    Пеперугата во Јапонија е амблем на жена. Во минатото пеперугите се појавувале како симболи на грациозност, како во приказните за Ерос и Афродита или за Амор и Психа, каде што прекрасните девици носат крила од пеперуги.

    Во средниот век во Англија ги сметале за вештици, кои со својата лошотија ги расипувале млекото и путерот, по што го добиле името батерфлајс (butterflies).

    Во Чешка, пак, постои верување дека, ако првата пеперуга што ќе ја види некој напролет е бела, тој ќе има добра среќа и пари во текот на целата година.

    Метаморфоза - мистерија на животот и смртта

    Пеперугите се размножуваат со јајца. Од ситните јајца излегуваат гасеници што интензивно се хранат и растат преслекувајќи се неколку пати. Потоа со предилните жлезди испредуваат кожурец, во кој презимуваат и каде што се одвива таинствениот процес на целосна преобразба - метаморфоза. Напролет од кожурецот наѕираат антени, очи, крила, нозе и телото на идната пеперуга, која напнува и го распукнува кожурецот, излегува, ги пумпа крилата и се подготвува за својот прв лет. Сите пеперуги имаат чувствителен мирис. Преку излачените феромони се пронаоѓаат, обезбедувајќи потомци што го осигуруваат опстанокот на видот. 

    Збирките во музејот се особено вредни

    Крпач е автор е на голем број книги и научни трудови печатени во домашни и во странски списанија, како и на тематски изложби од областа на ентомологијата. Во соработка со МАНУ го објавил и македонскиот терминолошки речник, во кој првпат се наведени македонските имиња на сите дневни пеперуги познати во Македонија. Најголемиот дел од својата кариера Крпач го поминал во Природонаучниот музеј во Скопје, каде што и се пензионира, со највисокото звање кустос-советник. 
    - Таму ми беа достапни збирки, артефакти за фауната во Македонија, од мечка до најситен инсект. Според поставеноста на експонатите, нашиот Природонаучен музеј е еден од најдобрите на Балканот, иако постојат музеи со поголема традиција, со побогати збирки и со постојано високи финансии - објаснува Крпач.
    Тој учествувал во осовременувањето и обликувањето на музејските изложби, а денес своите стручни знаења им ги пренесува на студентите на Тетовскиот универзитет. 

     
      
    Автор: Бисерка Велковска-Блажева  Фотографија: Игор Бансколиев
     
        (Нова Македонија)
        6 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 257 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024