Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-05-08, 3:06 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Верска слава во државно училиште!?

    Верска слава во државно училиште!?

    Со  поп кој изведе православен верски ритуал на кревање леб, училиштето   „Климент Охридски" од Битола, денеска го одбележа патрониот празник. Директорката Оливера Илиевска, одлучила   патронатот да...
     
     
    Со  поп кој изведе православен верски ритуал на кревање леб, училиштето   „Климент Охридски" од Битола, денеска го одбележа патрониот празник. Директорката Оливера Илиевска, одлучила   патронатот да биде слава на училиштето.
     
    -Во овој момент присуствувате на кревањето на леб. Одлучивме оваа година ова да биде нешто како традиција што ќе премине и во наредните учебни години, да стане слава  Свети Климент Охридски, бидејќи ние ја имаме таа привилегија затоа што нашето училиште го носи неговото име, изјави Илиевска. 
     
    Годинава што изминува  училиштето Климент Охридски  ја одбележа со проектот „Меѓуетничка интеграција", во кој учествуваат  повеќе училишта од државата  кои денеска беа гости по повод патрониот празник. Децата  од различни националности научиле да се сакаат меѓу себе, а директорката на  завршницата од проектот им донесе поп.
     
    -Ние започнавме со овој проект минатата година, но сега зачестија активностите околу проектот со почести посети, така и беше замислата,  да контактирме и заедно да работиме во тимови кои ќе бидат измешани без разлика на вера, националност итн. Децата научија да се сакаат, да се дружат, љубовта нема граници, изјави Илиевска. 
     
    Градоначалникот  Владимир Талески, запрашан колку е етички и законски да се изведува  верски обред во училиште, вели дека е задоволен од креативноста на директорите во битолските училишта.
     
    -Ние даваме бескрајна слобода и даваме можност за креативност. Во секој случај ако директорката со своите соработници одлучила дека тоа е убав начин да се одбележи празникот, тогаш ние максимално им го честитаме, изјави Талески.
     
    Училиштето „Климент Охридски"  во Битола е мултиетничко и мултиконфесионално, а во него учат 900 основци. Заради уставната одвоеност на државата од религијата, пред неколку години Уставниот суд го прогласи за неуставен проектот на Владата за верско образование во училиштата.
     
       (Телма)
        7 декември 2013
     
    Rating: 0.0/0
    Views: 225 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024