Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 11:56 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    За самоволието на агите казната била ликвидација (1дел)

    За самоволието на агите казната била ликвидација

    Илинденското востание токму својата најголема масовност и организираност ги достигна во т.н. регион Брсјачија, со учеството на потомците од учесниците од Брсјачката буна

    Брсјачката буна значајна историски, ама недоволно позната 

    Брсјачката буна, реализирана на територијата на прилепско-демирхисарскиот регион кон крајот на 18 век, е значајна алка и посебен елемент во профилирањето на македонскиот субјект за неговата афирмација и конституција како современа нација. Но, за жал, објаснува историчарот м-р Зоран Богески, недоволно е третирана не само во јавноста туку и во историјата. Буната, според историчарот Богески, е логичен тек во тој процес, кој е директна врска и последица на добиената културна и локална автономија на македонското население во Османлиската Империја, организирана преку црковно-училишните општини, со која се стекнало македонското христијанско население во Македонија.

    - Брсјачката буна по начинот на кој почнала да се создава и да се шири, по раководните елементи што го имале првиот збор во неа, по средствата што планирала да ги употреби, како и по првите акции што ги презела, се пројавила како ефикасна сила што ветувала да прерасне во вистинска народна организација, која иако почнала со ликвидирање на османлиските самоволници и насилници, веќе истапувала со барања за политичко ослободување од османлиската власт и со тенденција дури и да прерасне во координирано востание. Нејзиното предвремено откривање, оддалеченоста од другите војнички раздвижени региони во источна Македонија, само го одложило исполнувањето на задачите што биле поставени, кои се само израз во рамките на уставните и програмски опредeлби на Македонската револуционерна организација, која го организира и раководеше Илинденското востание, кое токму својата најголема масовност и организираност ги достигна во т.н. регион Брсјачија, со учеството на потомците од учесниците од Брсјачката буна, каде што претходно бунтовниците се стремеа да почнат со реализација на целта - раскажува Богески.

    Овој многу малку истражен значаен историски настан е само дел од распламтениот пламен во Македонија веднаш по Берлинскиот конгрес, со кој се одвиваа формирањето и препознавањето на новиот македонски субјект. 

    Серија востанија на Балканот

    Првпат во овој дел Македонија почна да се организира на ниво кое почнало и политички да истапува по воен пат да се отстрани османлиската власт од Македонија. Во периодот кога на Балканот избувнуваат серија востанија, почнувајќи од востанието во Босна, Априлското востание, Разлошкото и Кресненското востание, случувањата во кумановско-кривопаланечкиот регион, Брсјачката буна во западна Македонија, следуваат засилени напади на качачките банди од денешна Албанија, кои убивале, грабале, палеле масовно низ македонските села, стигнувајќи сѐ до реката Вардар, притоа попречувајќи го нормалното функционирање на патната мрежа, трговијата и снабдувањето на градовите со потребните производи и продукти. 

    - Нападите на разбојниците биле искористени од турските и од албанските полјаци, кои ги заграбиле нивите на христијанското население, кое не можело поради бандите да ги обработува своите имоти. Слабеењето на османлиската централна власт ги засилувало позициите на овие локални моќници. Тоа довело до анархична состојба, поради која речиси во секое село во југозападна Македонија се појавиле муслимански зулумџии што ја узурпирале турската власт и ги подложувале селаните на маки. Во вакви услови во т.н. брсјачки регион, во кој спаѓа и Прилеп, се појавиле голем број турски феудалци и одметници, кои уште повеќе ги отежнувале и влошувале ситуацијата и состојбата на христијанското селско население, па и во самиот град, тероризирајќи и убивајќи невини луѓе. Без нивна дозвола и без нивни благослов во селото, кое го третирале како своја сопственост, односно чифлик, не можело да се направи ниту една свршувачка и свадба без потплатување од по 3-5 лири за давање „благослов". Овие пројави особено зачестиле во периодот од 1872 до 1878 година - вели нашиот соговорник. Познати деребии во тогашната Прилепска нахија биле османлиските насилници Ќучук Сулејман Суљо од с. Пресил, Осман-чауш од с. Трновци, Вели-ага од с. Врбоец, Јусуф-ага од с. Алданци, Исмаил Чакре од с. Врбоец, Мехмед Далип од с. Житоше и Реџо-ага, кој го малтретирал населението од с. Светомитрани, како и Нази-бег од Бучин и Цуфе-ага од с. Норово, кој убил повеќе од 30 мажи и жени од Кривогаштани. Во вакви услови, на зголемен терор и самоволија на османлиските аги, бегови и полјаци населението од селата на брсјачкиот регион започнало да се самоорганизира и да наоѓа патишта за да се ослободи народот. Дошло до формирање вооружени чети во западна Македонија, кои во почетокот дејствувале независно една од друга и секоја во својот реон, а најчесто на чело на овие чети биле поставувани доброволци од српско-турските и руско-турските војни. Се јавувале и локални лица, па со текот на времето дури почнале да се формираат и конспиративни групи. Кривогаштанските првенци се советувале со крушевските конспиратори од Горно Маало што да преземат во врска со Цуфе-ага, при што им било сугерирано дека треба да го убијат насилникот. Кратко потоа Цуфе-ага бил ликвидиран. Подоцна и Реџо-ага во Светомитрани, кој инсистирал жителите на селото да прекинат со празнување на Петровден и да ја продолжат жетвата на неговиот чифлик. Реџо-ага бил убиен од селскиот кмет Ристе Кунте и од Стефан Тинта.
    Rating: 0.0/0
    Views: 324 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024