Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 0:14 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Русија ќе продолжи со изградбата на „Јужен тек“

    Русија ќе продолжи со изградбата на „Јужен тек"

    Изградбата на гасоводот ќе продолжи според планот, а преостанатите регулаторни прашања што се однесуваат на енергетскиот закон на Европската Унија може да бидат разјаснети паралелно со изградбата, велат во „Газпром"


    Вицепремиерот Ставрески пред една година го означи почетокот на изградбата на гасоводот

    ЗА ЕУ Е СПОРЕН, ЗА „ГАЗПРОМ" ПРОЕКТОТ СЕ ОДВИВА ПО ПЛАНОТ 

    Изградбата на „Јужен тек" ќе продолжи по планот и во комплетна согласност со локалните закони и со меѓународните стандарди, порачуваат од „Газпром". Оваа реакција од компанијата доаѓа откако Европската комисија предупреди дека спогодбата на повеќето земји за градба на „Јужен тек" ги прекршува законите на Европската Унија. Комисијата најави поведување постапка за казнување на Бугарија и на Унгарија доколку не го променат сегашниот меѓувладин договор со Русија за изградба на гасоводот. 

    Како што соопшти рускиот енергетски гигант, стандардна практика е големите прекугранични инвестиции да се поддржат со меѓудржавни договори за да се обезбедат правна сигурност и стабилност за инвеститорите.


    - Ние не сме потписници на овие договори, но нивната содржина веќе со години ѝ е достапна на јавноста. Затоа сме изненадени и разочарани што комисијата ја изразува својата загриженост дури сега, откако почнаа работите на изградбата на гасоводот - велат од „Газпром".

    Во „Газпром" сметаат дека овој незгоден момент е уште помалку разбирлив ако се земе предвид дека на „Јужен тек" му е доделен статус на национален приоритет во неколку земји-членки на Европската Унија. За договорот да биде во согласност со законите ЕУ бара да се раздели производството на гас од неговиот пренос, да биде достапен и за трети страни што сакаат да се приклучат и да има независен раководител, во случајот тоа е „Газпром".

    Македонија во јули годинава исто така потпиша договор со Русија за да добие крак од гасоводот „Јужен тек". Откако беше потпишан договорот, на собраниската расправа за ратификување на спогодбата за „Јужен тек" опозицијата тврдеше дека договор е спротивен на домашното законодавство и против политиките на ЕУ. Власта, пак, смета дека со кракот за гасоводот ќе се обезбеди потенцијал за намалување на трошоците за работа на стопанските субјекти и за зголемување на конкурентноста на македонското производство.

    Експертите велат дека од гасот Македонија ќе има многу придобивки. Со него на земјата ќе ѝ се овозможат помало загадување на природата, поевтини сметки за домаќинствата и компаниите и полесен пристап за примена на нови технологии.

    Трошокот за приклучок на гасоводната мрежа за домаќинствата и за компаниите и во зависност од тоа дали станува збор за куќа, станбена зграда или, пак, за индустриски објект, се претпоставува дека ќе се движат од 500 до 1.000 евра. „Јужен тек" почна да се гради минатата година, а се очекува до 2015 година да се изгради морскиот крак под Црно Море до Југоисточна Европа, а до 2018 година гасоводот треба целосно да биде завршен. 


       (Нова Македонија)

        7 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 219 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024