Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 6:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    КУМАНОВО Газда Грк ги тепа работниците и ги затвoра во замрзнувач!

    КУМАНОВО

    Газда Грк ги тепа работниците и ги затвoра во замрзнувач!

    Сезонски работници од фирмата за преработка на смрзнато овошје и зеленчук „ДС Фудс" проговорија за притисоците и теророт што ги трпат при работа кај грчкиот сопственик, но и за институционалната негрижа на надлежните кога е во прашање кршење на работничките права. Работници пред камерата на ТВ Телма сведочат за малтретирањето и изживувањето на сопственикт врз нив.

    Бизнисменот Димитриос Салептис кој во 2005 година на голема врата влезе во Куманово како странски инвеститор, ги крши нашите работнички, но и човечки права, обвинуваат работниците. Велат дека дел од нив не зеле плата од ланската сезона, а кога ќе ја побараат, изложени се на насилство од шефовите, не се осигурани, а понекогаш од трудовата инспекција ги кријат сезонците во комора каде премрзнуваат на минус 20 Целзиусови степени.

    Часлав Божиновски вели дека сопственикот секоја година ги лаже за парите, дека двајца од работниците биле тепани од Гркот, а пред инспекторите ги крие во коморите.

    На бројните поплаки на работниците, од регионалниот синдикат реагирале до инспекциските служби, но залудно, со месеци состојбата е непроменета.

    Миле Спасовски од регионалната организација на ССМ вели дека сопственикот секогаш ги крие работниците. Шлаканици за вработените станале пракса во оваа фирма, а претпоставениот го нападнал Станислав Трајковски со тупаници, затоа што не можејќи да го издржи теророт дал отказ и си заминал. Сега се на суд.

    „Тој трчајќи излезе по мене во ходникот и некој ми рече, пази иде Гркот ќе те удри. Среќа, рефлексно се тргнав и ме удри само во плешка. Работа како работа, секаде треба да се работи но, да работиш и некој да се изживува со тебе, да те малтретира и на крај парите со мака да ги вадиш, тоа не е работа", вели Трајковски.

    Вработените се жалат дека немаат ниту заштитна опрема при работа. Минатата година една работничка починала од здобиените повреди, а сопственикот на фирмата се обидел да го прикрие инцидентот. Од регионалниот синдикат повикуваат надлежните веднаш да реагираат, јави ТВ Телма.

    http://telma.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=33184

       (МКД, Телма)

       15 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 212 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024