Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-05-07, 5:01 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ИНТЕРВЈУ МИРKА ВЕЛИНОВСKА, ПО СОБРАНИСKИОТ СKАНДАЛ ВО ПЕТОKОТ ПЕЧУРКИТЕ НА ФРЧКОСКИ СЕГА СЕ НАЈГЛАСНИ ЗА МЕДИУМИТЕ (1дел)

    ИНТЕРВЈУ МИРKА ВЕЛИНОВСKА, ПО СОБРАНИСKИОТ СKАНДАЛ ВО ПЕТОKОТ

    ПЕЧУРКИТЕ НА ФРЧКОСКИ СЕГА СЕ НАЈГЛАСНИ ЗА МЕДИУМИТЕ

    ко ја прашате Мирка Велиновска, со години една од највлијателните новинарки во Македонија, како се доживува во својата фела, без никаква дилема ќе ви одговори: „слободен и независен новинар". Во контекст на актуелната дебата за медиумски слободи вели дека медиумите во Македонија толку се слободни што секој може буквално с` да каже. За нејзе не е неочекувано центрите на моќ, особено политичките, да се обидат да ги притискаат новинарите и медиумите да дејствуваат во нивна корист, но според неа, лошата слика ја креираат одредени уредници и новинари за да им се додворат на ваквите центри. Најнепријатните искуства од закани и притисоци ги доживеала од СДСМ, иако со таа партија би требало да е идеолошки блиска. 

    Во контекст на дебатата за медиумска култура и вашето повеќе децениско искуство како новинар, има ли слобода на говор и слободни медиуми во Македонија?

    - Погледнете ги сите портали, потоа нивото на дебатирање и конфронтирање на политичката сцена и како тоа е обработено од медиумите и тогаш ќе видите дека македонските медиуми, ако ја дефинирате слобода како анархија и безодговорност во која била смисла, веројатно се едни од најслободните на планетава. Но тоа не е вистинската слобода. На телевизиите нема вистински дебати, а во вестите вистински информации. Тоа е резултат на тоа што уредништвата дејствуваат уште пред некој центар на моќ да побара од нив известување во нивна корист, мислејќи дека на тој начин му прават некаква услуга за подоцна да бидат погалени, пофалени и слично. Тврдам дека ваквата состојба во медиумите е повеќе слабост на самата професија отколку на нешто друго. Прво, ние се раѓаме како слободни и таа слобода не може да му се предаде на некој друг, таа е во нас и зависи од нас. Второ, мора да се знае дека со слободата на изразување паралелно доаѓа и личната одговорност за кажаното.

     

    Она што постојано се прави во македонското новинарство, а особено тоа го нагласуваат и еснафските здруженија, е новинарите да се изземат од лична одговорност и да се стават над сите правни акти, дури и над Уставот. При тоа повикувајќи се на ваквата слобода да кажуваат с`што ќе им падне на памет без ограничување, а при тоа не сакаат да преземат никаква одговорност за последиците. Ако јас со моето влијание напишам текст што ќе се насочи кон меѓуетнички конфликт во Македонија, и тој конфликт набрзо се случи и последиците бидат стравотни, не може да биде одговорна само политиката, полицијата, војската, одговорноста делумно ќе биде и моја.

    Kога, како новинар, Ви се случиле најголемите притисоци од политиката и од кого?

    - Од она што можам да го издвојам се три судири со ВМРО-ДПМНЕ од кога постојат како партија. По изборите во 1991 година ми ја каменуваа куќата. Во 2000 година ми ја искршија оградата на куќата. Двата случаја се пријавени во полиција, против непознат сторител и никогаш не беа расчистени. Никола Груевски го имам жестоко напаѓано и двапати портретирано доста непријатно, но ниту еднаш се нема јавено за да ми направи притисок. Сигурно не сум им омилен лик на вмровците, но притисок не сум имала. Љубчо Георгиевски, кој сум го напаѓала стра,отно жестоко за неговите два антимакедонски става, ме тужеше како приватно лице, но си ги повлече тужбите. Најнепријатните искуства ги имам со тие со кои по дефиниција треба да сум идеолошки блиска. Јас сум левичар, а СДСМ е опција што се профилира за лева, како социјалдемократска, а не е. Тој конфликт за моите критики за нив и нивната политика, тие го сведуваат на лично ниво со дисквалификации и притисоци. И нив ги набројав при неодамнешната надзорна расправа на оваа тема во Собранието и одвај ми дозволија тоа да ги кажам.

    Зошто во петокот не сакаа да чујат кој с` Ви вршел притисок?

    - Зашто говорам со конкретни имиња и датуми за настаните што ми се случиле, а некои од тие лица беа и во салата.

    Дали тоа што опозициските пратеници ве спречија да ги кажете сите притисоци што ви се правени од СДСМ и заканите дека ќе завршите во затвор го доживеавте како притисок?

    - Го доживеав. И тоа е притисок. Но јас не се плашам од тоа, цел мој живот играм симултанки со моќници. Тоа е една битка на Давид против Голијат, влегувам во неа наоружана и затоа уште траам.

    Примерите што ги набројавте во Собранието даваат слика дека СДСМ креирала и контролирала медиуми и новинари повеќе од една деценија?

    -Да, тоа се случуваше и најодговорно тврдам дека сега најгласни во битката за слобода на медиуми се истите тие новинарски кадри што ~ служеа на таквата политика, а кои како што се изјасни Љубомир Фрчкоски во една пригода, се одгледани како печурки во подрум, на темно, и хранети со измет. Всушност, ја имам и напишано случката со Фрчкоски и за тоа како настана „Дневник" на чело со Бранко Героски. Додека беше министер за внатрешни работи, неколкумина од нас, кои важевме за влијателни новинари во „Нова Македонија" и во други медиуми, н` повика во својот кабинет. Беа присутни Елеонора Kаранфиловска, Сашо Орданоски, Александар Чомовски, Милан Банов, Александар Шолјаковски. Фрчкоски побара од нас да сме го рушеле Панде Kолемишевски. Да, ние сме имале конфликт со Kолемишевски во одредени моменти, па дури и меѓу себе, но не ни се веруваше што слушаме и сите исто изреагиравме, дека нема да дозволиме владејачката партија да ни го менува уредникот од надвор. Му рековме: „Ова не е Македонска телевизија, каде што менувате уредници", а знаевме како во МТВ се менуваа уредници - во кафеана. Јас сум сведок на еден од ручеците на Бранко Црвенковски како премиер со новинари во „Уранија", кога тој го смени Сашо Ордановски со зборовите: „ни правиш штета". Но тоа ваквите уредници сами си го дозволуваа. Kога Kолемишевски се обиде поголема група уредници од „Пулс" да н` разреши зашто објавуваме имиња што треба да се лустрираат, упаднавме на новогодишната прослава на целиот политички врв во Kлубот на пратениците. Отидовме директно кај Kиро Глигоров и кај Црвенковски и ги направивме „салата".Разрешувањата беа веднаш повлечени. Е Фрчковски бараше да бидеме послушници и тогаш ги најави „Дневник" и Героски за да ја урнат „Нова Македонија".

    Можеби идејата била да се направи плурализам и во медиумите во услови кога „Нова Македонија" беше монопол?

    - Ние не бевме против формирање нов медиум, туку против тоа Фрчкоски да одлучува кого и како да рушиме во „Нова Македонија". Откако тоа не му успеа, реши да направи весник што ќе ја спроведува неговата политика. За слободата во својот медиум треба да се изборите, а не да зборувате.

    Kолегите денеска со сите протести и критики за слободата на медиумите велат дека токму тоа го прават: дека се борат за слободата...

    - Kои протести? Па сме виделе такви сценарија и порано. Kој притисок им се прави? Нека излезе Героски и сите други и нека кажат со имиња, датуми и настани како што јас тоа го правам. Kој ги притиска, за што и како. Никој не излегува со конкретни факти, само со жалби. Героски еднаш беше на сослушување од Едвард Џозеф затоа што не „играл" по желбите на американската амбасада. Се собравме повеќе новинари во „Пивница" да го браниме. Сите го браниме, само тој молчи. Подоцна му викам: „Зошто не се бранеше, што молчеше?". Тој ми призна самиот: „Мало ми е бабулето".

    Rating: 0.0/0
    Views: 265 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024