Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 7:01 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Како до почист воздух во Скопје!? (1дел)

      
    Како до почист воздух во Скопје!?


    Нема потреба од бројки и дополнителни информации. Видливо е и со голи очи, пече и на бели дробови - Скопје е многу загадено, проблем со кој се соочуваме особено во зимските денови. Како до почисто Скопје? Има начини, но треба да се делува уште сега!...
    Нема потреба од бројки и дополнителни информации. Видливо е и со голи очи, пече и на бели дробови - Скопје е многу загадено, проблем со кој се соочуваме особено во зимските денови. Како до почисто Скопје? Има начини, но треба да се делува уште сега!...

    Всушност, Скопје со 80 микрони честички на метар кубен има полош квалитет на воздухот дури и од Њу Јорк (21 микрони на метар кубен), Берлин (26), Москва (33), Париз (38) и Рим (44), кои се мултимилионски градови, населени со повеќе жители на метар квадратен! И соседите се подобри, иако Софија, каде до пред неколку години исто така во мода беше увозот на постари возила, загадувањето е 68 микрони на метар кубен, скоро како кај нас.

    Како автомобилите влијаат на загаденоста?

    Има многу фактори кои влијаат на загаденоста, но, ќе се задржиме на автомобилите и како тие влијаат на околината... Моментално, во Македонија се користат три видови на гориво: Бензин, Дизел и ТНГ (Течен Нафтен Гас, или популарно, Плин). Јасно, возењето со ТНГ и Дизел гориво е поевтино отколку на Бензин, но, дали е така и со загадувањето?
     
    Доколку ги погледнеме бројките за емисијата на CO2 од производителите, дизелите се убедливо најмалите загадувачи. Емисијата на овој гас, кој предизвикува ефект на стаклена градина на глобално ниво, е (речиси секогаш) право-пропорционална со потрошувачката кај моторите. Затоа, помалите потрошувачи на гориво (дизелите), секогаш ќе имаат помала емисија на CO2, освен ако тука не ги исклучиме бензинските хибриди, кои имаат најмала емисија на овој гас во атмосферата.
     
    Но, проблемот со загаденоста во Скопје не е CO2. Локалната загаденост во руралните подрачја ја предизвикуваат партикуларните честички, односно оние кои се причината за смогот и кои предизвикуваат серија проблеми со дишните патишта и ултимативно, се екстремно канцерогени. Замислете ги како многу фина и отровна прашина која е распространета низ воздухот.
     
    Сите мотори со внатрешно согорување, без исклучок, испуштаат партикуларни честички во атмосферата, но токму дизелите се најголемите загадувачи во овој поглед. Всушност и покрај вградувањето на филтрите за партикуларни честички кај поновите дизели (кај нас и натаму не се вградуваат во сите модели, поради полошиот квалитет на горивото), дизелите испуштаат неколку пати (!) повеќе честички во атмосферата, отколку бензинците. Од друга страна, со вградувањето на ТНГ уред кај бензинските мотори, испуштањето на овие честички дополнително се намалува или во превод, возилата кои возат на ТНГ се најеколошки прифатливи (од пред неколку месеци, кај нас е достапен и природниот гас (Метан), кој е пак почист и од ТНГ, односно е еден од најчистите горива и веројатно енергенсот за наредните неколку децении).
     
    Згора на тоа, дизелите испуштаат и драстично повеќе азотни оксиди (NOx), гасови кои се отровни и имаат инстантно влијание на здравјето на луѓето (за разлика од CO2, кој има влијание на климата). Овие тешки гасови се задржуваат во руралните подрачја и придонесуваат за серија тешки заболувања на дишните патишта, но и други видови на труења на организмот.
     
    Значи, да сумираме, најголеми „кривци" за загаденоста и смогот во Скопје се токму дизелите. Навистина, можеби трошат помалку гориво и на глобално ниво, придонесуваат за помал ефект на стаклена градина, но локално, предизвикуваат за драстично влошување на квалитетот на воздухот. Поради овие причини, во центрите на многу главни градови се и забранети, или пак се плаќаат големи давачки за нив. Кај нас, пак, најмногу од возилата кои се увезоа од странство се токму дизели и тоа оние постарите, кои, секако, немаат филтер за партикуларни честички (DPF).

     Субвенции за малите градски автомобили!
    Краткорочно решение за намалување на загадувањето, може да бидат олеснувања за купувањето на помали возила со помали бензинци, од 0,8 до 1,2 литри зафатнина, односно сила до околу 80 КС. Овие мотори не само што се (скоро) економични колку дизелите, но испуштаат и најмалку честички во атмосферата! А со нашето досегашно искуство, можеме да потврдиме дека со нивната агилност и леснотија со која ги развиваат вртежите, одлично прилегаат и на возењето тргни – застани во градски услови.
     

     



    Rating: 0.0/0
    Views: 178 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024