Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 7:33 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Како до почист воздух во Скопје!? (2дел)

    Како до почист воздух во Скопје!?
    Токму ова се возилата за кои власта треба да даде субвенции. На пример, единствена категорија која во моментов е субвенционирана од страна на Владата се хибридните возила, за кои не се плаќа акциза, но реално, овој потег апсолутно не придонесува за намалување на загадувањето, пред се поради високата цена на овие возила, непогодна за македонскиот купувач и утлимативно, нивната многу мала, незначителна продажба.
     
    Затоа, треба уште веднаш се дадат субвенции за купување на градско возило со мал и економичен бензински мотор, независно дали пред продажбата (намалување на даноците, поволности при старо за ново) или пак после тоа (бесплатна регистрација и технички преглед во првите неколку години). Вака, ем ќе профитираат нашите бели дробови (разликата ќе може да се забележи уште првите неколку години), ем ќе профитира автомобилскиот бизнис, кој е во константен пад последниве неколку години!
     
    Субвенции за ТНГ или Природен Гас (Метан)
    Овие два вида на гориво се моментално најмали загадувачи на околината, од оние достапни кај нас. Досега, не е ништо преземено за зголемување на нивното користење, па товарот за инсталација паѓа само на сопственикот на возилото. Тука пред се мислиме на природниот гас, кој има дупло пониска цена од ТНГ (плинот), а исто така и загадува помалку. Прво, мора да се вложат напори за раширување на мрежата на природниот гас по бензинските пумпи, а потоа и да се дадат евентуални субвенции за вградување на уредот во возилото (моментално цената е над 1.000 евра!). Исто така, вакво, фабрички вградено решение можат да понудат и увозниците на возила во земјава!
     
    Да се забрани возење на тешки товарни возила во критичните периоди!
    Брз начин за чистење на смогот во Скопје е забраната за возење на тешките товарни возила во критичните периоди (како оваа Зима), од кои сите, без исклучок, имаат дизел мотор. Ова значи дека Терминалите треба уште веднаш да се префрлат надвор од градот и дистрибуцијата на стока во внатрешноста да се врши само со помали возила. Вака е во многу светски метрополи! Кај нас и натаму сме сведоци на премногу „шлепери" во централното градско подрачје, кои згора на тоа и прават многу врева и гужва.
     
    Возете велосипед, поодете пеш или пак, користете јавен превоз!
    Не треба да чекаме само од некој друг да  ни ги подобри условите за живеење. За животната средина и нејзиниот квалитет сме заслужни и ние! Затоа, купете си велосипед и користете го. Добивките се пред се економски, но истото тоа ќе придонесе за драстично намалување на емисијата на гасови. Во превод, ќе ги нема. Исто така, за кратки релации до 2 километри, не го палете автомобилот доколку навистина не морате. Прошетајте се, ќе трае најмногу 25 минути, некогаш можеби и пократко отколку со автомобил (10 минутно вртење по пребукираните паркинзи во Центар?)!!! А за подолги релации, качете се во автобус. Многу е поевтино отколку со автомобил, а на крајот на краиштата и посоцијално!
     
    Да се забрани увозот на половни автомобили од странство без Euro 5 норми
    Наместо големите лимузини кои се внесуваат од странство, да гледаме повеќе нови, мали, градски автомобили, кои се многу поевтини за одржување и многу помалку ја загадуваат околината. Ако веќе се внесува од странство, нека бидат тоа возила со Euro 5 норми! Еве, годинава, како и неколку години претходно, ќе се увезат преку 30.000 возила од странство (во 2010 беа увезени 51.399!), сите со загадување далеку над дозволеното во Европа. Ова е многу голема бројка!
     
    Неколку кратки совети доколку веќе морате со автомобил
    Ако нема друго решение и ако мора да се запали автомобилот, еве и неколку предлози (заповеди!) за во зима:
     
    - Нема потреба од загревање во место, само си го загадувате дворот. Неколку секунди се доволно и може да се тргне. Моторот ќе се загрее во возење (без премногу стискање, сепак). Ако има снег, исчитете го автомобилот па после стартувајте го;
    - Редовно менувајте го маслото и филтерот за масло - придонесува за намалување на честичките при горење на горивото;
    - Редовно менувајте ги филтрите за воздух и грижете се за нивната исправност;
    - Забрзувајте полека и мазно и не возете пребрзо, барем во градски услови (издувување надвор од град!);
    - Не оставајте автомобилот предолго да работи во место. Всушност, на семафори кои траат преку 60 секунди, изгасете го моторот;
    - Редовно проверувајте го притисокот во пневматиците и уверете се дека е на препорачаното ниво;
     
    Нека ви бидат овие совети заповед, бидејќи и Вие самите го дишете истиот воздух!
    (koli.mk)
    19 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 184 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024