Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-05-07, 11:19 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ СЕ ХРАНАТ ВО НАРОДНИТЕ KУЈНИ СЕ МОЛАТ, ПЛАЧАТ И СРКААТ ОД ЦРКОВНОТО ГРАВЧЕ

    ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ ЛУЃЕ СЕ ХРАНАТ ВО НАРОДНИТЕ KУЈНИ

    СЕ МОЛАТ, ПЛАЧАТ И СРКААТ ОД ЦРКОВНОТО ГРАВЧЕ

    Што е тоа празник? Не знам ни за делник ни за празник, кога сите се радуваат, јас плачам. Ова не е живот. Веќе три години сум жива оти еднаш во денот јадам во црковна кујна. Не прашувам што има, дали е вкусно или само вода. Животот ми се сврти наопаку, а само пред неколку години работев, бев облечена, со мене се однесуваа како со човек. Сега живеам во напуштена куќа заедно со сестра ми. Собата е црна како од земја, неваросана, без вода и струја. И сестра ми гладува и страда. Ако лажам, Господ ќе ме казни. Сакам само малку помош. По комшии молам за шише вода. Валкана сум, осамена и очајна - вели педесетгодишната В.С , која ја затекнавме пред вратата на црковната кујна зад црквата „Св. Петар и Павле" во скопската населба Ѓорче Петров.

    Ги оставив децата во дом за да не гладуваат

    Додека оваа напатена жена си ги собираше солзите од збрчканите образи, се собраа околу неа дваесетина други лица, кои на студот чекаа чинија топло, посно гравче. 

    Но, никој не се обиде да ја утеши, туку нејзините солзи само ги поттикнаа сите да ја почнат својата тажна и сиромашна приказна. 

    - Имам две деца, ги родив вонбрачно. Немав како да ги чувам, ги дадов во дом. Kога го дадов синчето во дом, полудев, ги изгубив нервите. Се обидов во болницата во Бардовци да си најдам спас, се лекував од депресија. Никогаш не се откажав од нив и во домот ги посетував секој ден. Ги гледав преку ограда како растат, плачев, ама си заминував кога ќе сфатев дека немам ни леб да им дадам. Мајка сум, но подобро што ги дадов, барем станаа луѓе. Еден ден ќе си најдат свој поубав пат. Не сакам да знаат како сум и колку страдам за да не ги задеваат пријателите. Една чинија денес ќе каснам, толку ми треба за да живеам - вели жената која со своите распукани раце ја тргаше старата волнена капа од главата на која речиси немаше коса.

    Секој човек што стои пред вратата на народната кујна е тажен. Со замрзнати раце држеа најлон кеси и празни канчиња од кисело млеко. Чекаат ред да земат ручек за децата дома. Многу лесно се расплакаа оние што сакаа да споделат мака. Не бараа помош, само посакаа здравјето да ги служи барем уште една година. 

    Секој ден стотици чекаат пред вратата на кујната 

    Секој ден, освен во викенд, црковната кујна во црквата „Св. Петар и Павле" собира стотина лица на топла манџа. 

    Во малата куќичка, која се наоѓа зад црквата, во една соба се готви, а во другата е трпезарија. 

    Трпезаријата собира околу педесетина лица, останатите чекаат втора тура. Триесетина лица земаат храна за дома. 

    Додека во малата соба одекнуваше молитвата „Оче наш", очите на луѓето околу масата беа вперени во чиниите. Чадеше од топлото гравче. 

    - Сега е време на пост, затоа и се служи посен грав. Во кујната доаѓаат и луѓе што ништо не избираат ниту зборуваат, но и луѓе на кои ништо не им е погодено. Многу се сиромашни, чекаат на кујнава за да јадат. Попадика сум, цел живот го минав по манастири и цркви и сега кога мажот ми почина, мојот живот е да помагам во црква. Секој ден доаѓам заедно со уште 5 жени. И готвиме јадење за стотина луѓе. Секако, ова е доброволно, но меѓу нас има и жени што немаат ни денар и тие работат за чинија манџа. Имаме среќа што има добри луѓе, па донираат храна, досега не недостигало нешто за да зготвиме ручек - вели Љубинка Митовска, една од одговорните во народната кујна. 

    За божикните празници кујната нема да работи, па стотината што деновиве чекаа пред кујната велат дека јадат двојно за да ги држи неколку дена. 

    - С` што е одбележано со црвени букви во православното календарче е наработен ден за кујната. И ние сме жени во години, имаме потреба од малку одмор, па празниците ни се добредојдени. И ние си носиме товар од луѓево што доаѓаат тука да се хранат. Не може човек лесно да ги заборави - додава попадиката Митовска.

    ВО МАКЕДОНИЈА РАБОТАТ 42 ДРЖАВНИ НАРОДНИ КУЈНИ

    Во државните народни кујни секојдневно се хранат околу 4.000 лица. Отворени се речиси во сите делови од земјава. Најмногу корисници има во Скопје, околу 1.200, а најмалку во Гевгелија, само 27 лица. 

    Храната за државните народни кујни ја обезбедува Министерството за труд и социјална политика, а од кабинетот на министерот Диме Спасов велат дека кујните ќе работат во сите работни денови. Во Македонија работат 42 државни народни кујни.

    Министерот Спасов изјави дека храна за народните кујни има доволно, но дека секоја донација од хуманите граѓани е добредојдена. 

    - Претстојните празници, секако, се добра можност да се направи добро дело. Секој што чувствува дека е во можност може да подари храна во народните кујни, подадената рака е доблест на големите луѓе. За жал, има луѓе на кои им треба помош, и тоа во храна. На божикните празници во нашата традиција секогаш им се помагало на оние што немаат или не можат - вели Спасов.

     

    МариЈа Тасев

       (Дневник)

        4 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 272 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024